1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Што всушност претставува серумот?

    Серумот е високо концентриран козметички производ што кожата многу брзо го впива. Сличен е посоставот на кремата за лице,ама има поголем број на активни состојки и со тоа побрзи и повпечатливи резултати.
    Нивната употреба се препорачува кога кожата ќе стане сува,дегидрирана,груба,иритирана,со симптоми на умор или во некои случаи стареење.

    Најраспространето мислење околу нив е дека серумите треба да ги користат жени со зрела кожа. Серумот служи за хидратација на кожата и пожелно е да го користат жени од различни возрасти што имаат потреба од него. Додека постојат посебни серуми со состојки против стареесе на кожата.

    Како се користат?

    На добро исчистена кожа.Се става капка-две помеѓу прстите и се масира лицето и вратот.

    Серуми кои се достапни на нашиот пазар се серумот на Nature`s, L`occttane,Garnier,Oriflame и за оние со подлабок џеб Lancome i Estee Lauder.

    Што мислите за серумите? Употребувате некој од нив? Колку реално ја подобруваат состојбата на кожата? Дали сметате дека има старосна граница за нивната употреба?
     
  2. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Единствено го имам користено овој estee lauder advanced night repair
    [​IMG]
    сеуште имам и искрено сакав после да го земам и тој зелениот idealist ама се разочарав од овој и не го купив... на мене немаше никаков видлив ефект а го користев некаде 5 месеца. Не вреди за тие пари воопшто и не верувам на естее лаудер од тогаш, само името им вреди |(
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Advance Night Reapir на Есте Лаудер е прогласен за најдобар серум некогаш направен во сметот и незнам таму колку патенти има, не е битно баш читав една статија. Битно е какви резултати си очекувала ти TheIdealMe, затоа што како што сум запознаена не прави некакви чудесни промени во однос на изгледот на кожата освен што се бори против стареењето на кожата и го забавува тој процес. Значи ако имаш брчки тој нема да ги сокрие, ама може да спречи да ти се појават нови, и секако тоа дека давал многу длабиснка хидратација. Значи сепак видливи резултати неможе да имаш, може само со текот на времето да видиш колку навистина дејствувал.

    Серум за лице досега немам користено нешто континуирано, имам малечко тестерче од серум за хидратација на Биотерм со термална вода и некои алги, добро е, веднаш осеќам ефект на влажна кожа, ама не сакам да го користам преку ден, особено па ако треба да ставам шминка врз него затоа што имам некаков чуден сјај на кожата после тоа, а ми е доста сува. Имам и серум за околу очи баш од оваа линија на Есте Лаудер Адванс Најт Риеир ама сеуште не сум почнала да го користам...
    Во план сум да го купам гореспоменатиот на Есте Лаудер ама ќе видиме... :)
     
    На LunaGrey и livert им се допаѓа ова.
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Одамна се токмам да земам некој серум, деновиве и прочитав малку повеќе за тоа што конкретно прават и како се користат, ама нема некое конкретно правило.
    Она што ми звучеше на најлогично е дека на исчистена кожа се поминува со тоник, па се нанесува серумот и од кога добро ќе упие се нанесува крем или навлажнувач, за да на некој начин серумот се „заклучи“ во подлабоките слоеви на кожата.

    Супер задоволна сум од состојбата на мојата кожа, не е дека имам некои видливи проблеми, но при поголем стрес или студ одма му се одразува тоа на лицето и кожата ми изгледа некако уморно и сиво, а на моменти и го осеќам како недоволно хидрирано и освежено.

    Моментално на нашиов пазар имам приметено разни серуми за сечиј џеб и различна возраст, па ме интересира дали некој од тука користи ваков препарат, од кога сте почнале и од кој производител користите и сте биле најзадоволни?
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Сега ја најдов темава , пишав еден пост на темата `крема за лице` и никој не ми одговори
    Сакам д почнам да користам некој серум , само да врши работа да го забави стареењето на кожата,да не ми се појават брчки. Може е рано но еве ако постои зам ојата возраст (25 години) баш кажете
    Читам позитивни коментари за овие серуми ама ако знаете нешто и вие баш пишете

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Кортисаки Кога веќе си спремна да дадеш повеќе пари за серум тогаш од ова што сум читала би ти препорачала да го пробаш Advanced Night Repair од Есте.
    [​IMG]

    Премногу позитивни коментари има и многу успешно се справувува со сите знаци на стареење. Одлично хидрира, изедначува тен и има безмасна формула, што значи дека на твојата мрсна кожа нема да и прави дополнителни проблеми. Има и многу други бенефити, отвори прочитај рецензии или на главната страна на Есте, ќе си видиш сама. Инаку сум забележала доста комплети на Есте со мини пакувања од различни производи меѓу кои го има и овој серум, па прво пробај го така или побарај им тестер во Сефора, па сама пресуди од кога ќе го пробаш ако не ти се даваат на слепо толку пари.
    Иако е доста скап долго ќе ти трае, само работата е да ти се погоди конкретно на твојата кожа.
    Инаку од истата линија имаш и серум за околу очи наменет, ако имаш на пример проблеми со кожата во тој предел.
     
    Последна измена: 28 јануари 2015
    На koritsaki и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас никако да се одлучам, со месеци се двоумам меѓу тој на Есте Advanced Night Repair или оној новиот на Клиник Smart Custom Repair Serum. Есте го имам пробано од тестер, ама многу кратко го користев, зошто го изгубив тестерот на одмор :lol: (или некоја од собарките си се почастила, се' бидува). Мада, кожата ми изгледаше супер додека го користев, тенот ми беше изедначен и лицето како свила. Клиникот го немам видено кај нас, ама Мимс спомна пред некое време дека го има и дека е околу 100 еур, а тука некаде е и Есте со цена, околу 5000 и нешто. Прескапи се :(
    Некако повеќе ме привлекува овој на Клиник зошто демек има некоја си „паметна“ технологија која го пронаоѓа проблемот т.е. недостатокот на кожата и го поправа, без разлика дали е тоа црвенило, неправилности, проширени пори, нееднаков тен... Точно делува онаму каде што треба. Звучи премногу добро за да биде вистинито, ама добар маркетинг продава се', тоа е вистината :lol: Ако се решам да ги прежалам парите, најверојатно Клиник би го земала, многу сакам да го пробам. Еве за кој зборувам:
    [​IMG]
     
    На koritsaki и Giovanna им се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Баш е премногу добро за да биде вистинито :D Се шалам, каде се не отиде технологијата, па за ова ќе се чудиме. Клиник се исто добра фирма за козметика не би ме изненадило да е толку добар серумот, ама пустото 5000 денари не се даваат како од шала :sweat: Не знам колку се снабдени парфимерииве кај нас со тестери, никогаш не сум прашала, ама би било фино да имаат, многу би им се зголемила продажбата. Не дека треба да си којзнае колкав богаташ за овие работи да си ги дозволиш, треба барем комотно да живееш и да можеш да искешираш малку повеќе пари за нешто што вака вреди. Особено овие серумиве траат со месеци затоа што се користат по неколку капки на ден.
    Кај нас немам видено да го има серумов во такви комплети, можеби и го има, да не ширам дезинформации не сум гледала скоро, ама еве нека провери и Коритаски во Сефора, па на крај краева и доста луѓе од тука одат на шопинг периодов. Ако нешто е сигуно, таму за поефтино ќе може да се земат и големите пакувања.

    Инаку ваквите комплетчиња се сега намалени 50% на strawberrynet ама би се царинеле за малку.
    http://eu.strawberrynet.com/skincar...-makeup-remover-30ml/174073/?CatgId=81#DETAIL
     
    На Sexybaby86 и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Eveti dve mesta kade moze da go naracas ovoj proizvod za poeftino, a plus da bide original.
    http://www.ebay.com/itm/Clinique-smart-custom-repair-serum-/191454514254
    http://www.amazon.com/Clinique-Smart-Custom-repair-Serum-Fl/dp/B00L4HYEQO
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Бaш лaни ми дaдoa тестерчињa и тoa 3 oд oвoј серумoт нa Есте a бaш тaa претстaвникoт нa Есте ми рече декa серумoв е зa пoстaри oд 35 гoдини и јaс и ги дaдoв нa мaјкa ми. :wasntme:
    Амa oнa ми рече декa не е нештo пoсебнo зaдoвoлнa сегa незнaм искренo a имене некaкo ме привлекувa oвoј серумoв нa Клиник. :D
    Зa некoј ден се врaќaм вo Гр бaш ќе прaшaм кoлку е пa ќе ви пишaм. А и кoгa стaвaaт пoпусти нa кремите ,лoсиoните стaвaaт и нa серумите нa Есте, Клиник и др бaш ќе прaшaм aкo не ќе пoчекaм пoпуст и мoже дa гo прoбaм
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Девојки и мене ме загреавте со серумов на клиник. На жалост досега немам воопшто пробано некој тестер од него...дали некоја со многу сува/осетлива кожа има искуство со него?
    Би било одлично да го сподели....
    Иако претпоставувам наредно испаѓање нема да ми треба многу убедување за да го набавам:$
     
    На Sexybaby86 и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Сaкaв и нештo другo дa прaшaм,дaли мoрa дa имaш сувa кoжa зa дa кoристиш серум ? Зaштo јaс имaм мрснa кoжa :)
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Конкретно за овој на клинк читам и јас сега многу добри критики и стои за секоја кожа и возраст. Така да би рекла не.
     
    На Sexybaby86 и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Jaс периодов го тестирам серумот на Виши
    [​IMG]

    освен што многу брзо се впива и убаво мириса некој посебен ефект немам почувствувано. Ќе му дадам малку време.
     
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Имам пишувано и во друга тема за ова прашање и апсолутно нема врска тоа каков тип на кожа имаш вака површински да речеме. Секој тип на кожа треба да се потхранува и хидрира, а серумите најдобро го прават тоа поради високата концентрација на активни состојки кои продираат длабоко поради помалите молекули. Плус серумите најчесто се безмасни, така што одговараат на секаков тип кожа.
     
    На Sexybaby86, mims-89, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас го имам на Есте и почнав да го користам од Декември, значи скоро два месеци.
    Се каам што не направив слика како ми изгледаше лицето без шминка пред да почнам да го користам и сега одкако веќе го користам два месеци.
    Ако почнам да раскажувам ќе личи ко научна фантастика ама ајде еве за тие што се двоумат и за оние што мислат дека го плаќаат само името на брендот.
    [​IMG]

    Јас си патам од црвенило, јако во ладно време. Сува, дехидрирана кожа која се доведува и до лупење. Поради сувоста склона ми е и кон брчки многу нормално. Челото ако се намрштам ми стојат подолго време така ко линии и една наследна меѓу очите. Покрај другото тенот ми маваше и на сивкасто, тотално безживотно. Како капак на се и ситни мозолчиња на лицето. Воспалени пори на пределот од страните на носот до обравчињата, велам воспалени незнам како друго да ги објаснам кога ми изгледаат ко вжештени и ме чешкаа онака иритирачки кога како ќе им текне. Дерматолог немам посетено ептен ми е страв од нивните чудни препарати. Океј кога ќе ставам пудра лицето ми изгледа перфектно ама не е тоа лекот нели.
    Серумов го имав од поодамна ама несакав да го користам сметав да не ми е рано, не ми ни беше отворен воопшто, а рокот на траење му е уште некоја година ако не е воопшто отворен.

    После толку време редовно користење, наутро и навечер на чиста кожа лицето ко да ми се прероди. Црвенилото ми е многу намалено, порите се некако смирени и не ми се црвени, тенот ми е живнат ептен, кожата ми е мека и хидратирана, некогаш дури и немам потреба да нанесам слој крема врз серумот и си останувам така. Дури и да не нанесам серум (секако го истерсирав) пак ми е во одлична состојба. Бубуличките на челото незнам зошто и како ми изчезнаа, дури ни пред циклус не ми се појавија, појма немам дали е од серумот. Челото ми е супер, кога ќе се намрштам после тоа не ми остануваат лините, веднаш се губат. Кожата ми е одморена, свежа, нахранета и блескава. Сега неморам да нанесувам слоеви пудра си поминувам и со ББ крема, најслабата ББ крема ми покрива се т.е. ми го изедначува тенот што не ми се случило тоа во зима. Обично кожата ми е катастрофа во зима, сега ми е во одлична состојба.
    Серумот ни четвртина не ми е потрошен досега. Многу е убаво и практично што си има пипета и така ептен леснос е нанесува, можеш да си ја одредиш количината точно. Доволни се 5 капки за едно нанесување и тоа се аплицира на следниот начин. Се капе по една капка на секој прст, потоа ги спојуваш прстите и ги триеш меѓу себе за да се загрее серумот и аплицираш на лице во вид на срце. Почнуваш од челото и завршуваш кај брадата, потоа едно помало срце почнуваш од носот и завршуваш под брадата. Толку е, не треба да се мачка и да се тапка и да се нанесуваат огромни количини.
    На почетокот ми изгледаше дека не е доволна таа количина за цело лице и дека така нанесувајќи нема да може убаво да се намачкам по цело лице ама не е така, си има причина зошто така се нанесува. Сепак насекаде делува.

    Серумот е прогласен за откритие во светот на козметиката и има многу патенти (сега изгуглав 25 точно) , најпродаван во светот е.
    Се бори против сите знаци на стареење, нуди длабинска хидратација, го подобрува тенот, а името Night repair означува дека преку ноќ ја поправа вашата кожа (демек со толкава брзина). Го забрзува процесот на регенерација на кожата, нели и треба минимум 8 саати за да се регенерира (затоа треба да спиеме минимум 8 саати за убава кожа) но серумов го прави тоа дури и да не спиеме 8 саати, туку помалку. Многу е погоден значи за оние кои имаат побрзо темпо на живот и не стасуваат да се наспијат убаво. Го спречува и негативното влијание на слободните радикали.
    Јас сум презадоволна и уште сега се плашам што ќе правам кога ќе ми се потроши, не го купив ми го поклонија. Значи да почнам уште сега да си штедам, инаку е околу 6500 тој од 50мл, има и помал од 30мл, ама не се исплатат помалите милитражи.

    Од друга страна пак од серумот за околу очи:
    [​IMG]
    Не видов никаков ефект. Имам спомнато и претходно дека периодот од Септември до Ноември премногу работев на комјутер по цели денови и како псоледица на тоа (претпоставувам) имам ептен големи подочњаци, темни кругови, страшна сум значи. Го користев два месеца и пак никаков ефект не видов. Врз него нанесував и крема од Клиник за околу очи (на која првичната намена и беше против мимичните бори, а не против темни кругови) ама серумов требаше да си ја врши функцијата, нели подобрува тен она ова.
    Сега ја користам и кремата за околу очи од оваа линија на Есте, ама пред да пишам рецензија сакам да ја користам барем два месеци, не ја користам во комбинација со серумов околу очи туку сама. Ќе видиме...
    [​IMG]

    @koritsaki мислам дека сите серуми имаат безмасна формула и дека не се делат според тип на кожа. Да му ја пробаш структурата на овој ќе се изнанадиш колку е лесен, колку брзо се впива и како веднаш дава некое разладувачко чувство на кожата.
    Незнам зашто ти кажале дека е за над 35 години кога се против знаци на стареење, а не лечи веќе настанати брчки ама ај, инаку е за над 18 години.

    За подетални информации:
    http://www.esteelauder.com/product/...Night-Repair/Synchronized-Recovery-Complex-II
    Може да четувате и со нивни Бјути Адвајсер :)
     
    На Panda girl, LunaGrey, Antebellum и 9 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    @mims-89 ме ставаш во недоумица со вака исцрпна и позитивна критика:lol:.

    Имаме сличен тип на кожа па ми е од голема важност твоето искуство.
    За клиник ми беше првичната идеја поради фактот што ја имам 1-2-3 колекцијата за темелно чистење, кремата за околу очи и почетни брчки и хидратантната крема за почетни брчки па сакав да го комплетирам сетот од препаративна козметика од една иста линија, а и декоративната козметика ми е од нив...демек би имало поголем ефект(ова моја логика :rofl:).
    А за есте лудер имав некаде прочитано дека е најдобар серум кој е произведен но ме збуни возраста. Јас сум 3-5 плус од тебе, па штом за тебе е одличен, би требало и за мене :?:.

    Не можам да се решам сега. толку малку ми требаше:D.
     
    На senza.parole, mims-89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Мимс мнoгу убaвo oбјaсни aмa сегa ме стaви вo мислa и зa oвoј серум :D мислaм декa кoј и дa земaм немa дa згрешaм сигурнo и двaтa серумa се дoбри :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Читам рецензии за на Есте серумов. Од крајно позитивни до негативни...што значи е индивидуелно до типот на кожата и како ќе реагира истата на него(facepalm).
    а големо паковање сакам да зедам и јас, ќе се залетам ќе лупнам пари. Туку ај ќе видам да не имаат мини сетчиња/ паковања:$
     
    На mims-89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @danichap Есте и Клиник се всушност една компанија, мајка и ќерка да кажам, така да незнам што да ти кажам. Ај да го имав пробано серумов на Клиник ама вака стварно од страна е за двоумење работава, среќа јас не се најдов пред ваква дилема :lol:
     
    На koritsaki и danichap им се допаѓа ова.