Здраво на сите, се мислев меѓу овие два серуми и по препорака на аптекарката го зедов овој првиот од Natural wealth.. Го има некој користено, ваше мислење?
@Biodevojka те молам мислење за серумов {28 години имам},случајно го видов,а со прифатлива цена ми е.Се надевам и составот е ок http://yves-rocher.mk/katalog/1/нег.../proizvod/83661/elixirjeunesseобнзаштита30ml/ или другиов http://yves-rocher.mk/katalog/1/нег...oizvod/82430/serumvegetalбрчкиблесксерум30мл/,еве негов состав AQUA/WATER/EAU WATER METHYLPROPANEDIOL ALCOHOL DIMETHICONE GLYCERIN SESAMUM INDICUM (SESAME) SEED OIL SESAME SEED OIL CENTAUREA CYANUS FLOWER WATER CORNFLOWER FLOWER WATER CETEARYL ALCOHOL ZEA MAYS (CORN) STARCH CORN STARCH INOSITOL APHLOIA THEIFORMIS LEAF EXTRACT APHLOIA LEAF EXTRACT ETHYLHEXYL STEARATE PARFUM/FRAGRANCE FRAGRANCE ETHYL LINOLEATE CETEARETH-33 CAESALPINIA SPINOSA GUM TARA GUM SCLEROTIUM GUM HIPPOPHAE RHAMNOIDES KERNEL EXTRACT SEA BUCKTHORN KERNEL EXTRACT TOCOPHERYL ACETATE XANTHAN GUM RETINYL PALMITATE CARBOMER HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL SUNFLOWER SEED OIL METHYLSILANOL MANNURONATE TETRASODIUM EDTA MESEMBRYANTHEMUM CRYSTALLINUM EXTRACT LIFE PLANT EXTRACT PHENOXYETHANOL SODIUM BENZOATE SORBIC ACID CITRIC ACID SODIUM HYDROXIDE POTASSIUM SORBATE TOCOPHEROL PROPYL GALLATE PROPYL GALLATE 1956V0 Ingredients from natural origin Selected synthetic ingredients https://www.yvesrocher.ca/control/s...adiance-ultra-smoothing-serum/?cmSrc=Category
Никако драга има силикони уште на почетокот. Ако сакаш убав серум земи го овој штотуку го истестирав и завршив и ќе пишувам наскоро рецензија. Цената е 320 мкд еве ти линк https://bellina.mk/mk/smoothing-серум-за-лице-со-органска-љубичица-30-мл
Фала ти,баш мислев дека се добри Овој е само за он лајн нарачка? Едит Кај поточно е продавницава во Капиштец?
Здраво драга мислам дека позади пазарчето за цвеќе кај паркингот. Инаку може да ги најдеш и во сити мол и рамстор. Поздрав
Јас дојдов да го пофалам серумот на Есте Лаудер.. го земав тој од 30мл и ми трае веќе година ипол. После некој 2 месеци почнав да гледам разлики, но вистинската разлика ја приметив после 6 месеци испрекинато користење. Кожата ми изгледа свежа, одморена, помазна и најголемата разлика е дека порите ми се чисти. Немам црнки на носот и околу него Посебно на едната страна значи ништо ништо..сосема чисти пори. Цената му е солена, но дефинитивно вреди.
Убаво се разбираш драга. Првата формула е подобра иако не би знаела дали да ти ја препорачам или не. Ме буни состојката диметил сулфоне кој е еден вид на солубилизатор или разредувач кој има како цел да ги солубилизира екстрактите (да направи истите полесно да навлезат во кожата), меѓутоа на тој начин имаат слободен влез и сите останати состојки кои не би требало да навлезат на пример конзервансите. Убава замисла имале... Навистина не знам што да ти кажам изборот е твој. Вториот серум воопшто не е добар. Има пег, има акрилат како згуснувач кој е хемиски, потоа можеле вит. Е чист да стават наместо токоферол ацетат кој само ја омекнува кожата без никакво антиоксидантно дејство. Вториот воопшто не ми се допаѓа. За првиот ти сама одлучи. Поздрав.
На Оливал се инаку двата нови во ДМ,овој со вит Ц е 1 000,другиов 1 200. Ќе го земам или овој или тој што го препорача минатиот пат Фала многу
Драга најискрено ако треба да дадам 1200 мкд. за серум кој има една сомнителна состојка или 360 мкд. за серум кој е сертифициран органски и составот му е супер лично без размислување би го земала ова второво. Секако изборот е твој не се мешам само мал совет од моја страна да не фрлаш пари кога за многу помалку имаш посигирен производ. Поздрав.
Драга младата кожа нема потреба од серуми само од убав хидратантен крем. Инаку серумот нема некои специфични анти ејџ состојки. Содржи масло од пшенични никлулци, екстракт од виолета и хидролат од жалфија според мене може иако напоменувам младата кожа нема потееба од многу работи само од правилно оддржување на хидратацијата.
Драга ставај прво од серумот на убаво исчистено лице па потоа кремот. Пиши како ти се допаѓа. П. С. Кој серум го зема?
Го користел ли некој овој третман на Хаушка да сподели искуство? @Biodevojka? Ако не си го пробала, можеш да ги ѕирнеш состојките? Спојлер: Состојки Water (Aqua), Rosa Damascena Flower Oil, Fragrance (Parfum)*, Citronellol*, Geraniol*, Althaea Officinalis Leaf Extract1, Aloe Barbadensis Leaf Extract1, Kalanchoe Daigremontiana Leaf Extract1, Anthyllis Vulneraria Extract1, Helianthus Annuus (Sunflower) Extract1, Lilium Candidum Bulb Extract1, Rosa Damascena Flower Extract1, Hamamelis Virginiana (Witch Hazel) Leaf Extract1, Mica1, Royal Jelly1, Honey (Mel)1, Silver1, Sodium Chloride, Glycerin, Lactose. ¹ (in rhythmitised dilution) *component of natural essential oils Имам чувствителна кожа, ама во тој за чувствителна има алкохол па класичниот ми изгледа ко подобра опција... Спојлер: Состојки на тој за чувствителна Water (Aqua), Fragrance (Parfum)*, Borago Officinalis Extract¹, Chamomilla Recutita (Matricaria) Extract¹, Rosa Canina Fruit Extract¹, Artemisia Abrotanum Flower/Leaf/Stem Extract¹, Hamamelis Virginiana (Witch Hazel) Leaf Extract¹, Veronica Officinalis Flower/Leaf/Stem Extract¹, Quercus Robur Bark Extract¹, Pearl Powder¹, Malachite¹, Sodium Chloride, Alcohol, Lactose. ¹ (in rhythmitised dilution) *component of natural essential oils
Драга го имам пробано кремот анти ејџ од конопка (ќе направам статија заедно со серумот и кремот околу очи) тој е убав и мојата кожа убаво го прифати. Има уште два еден за комбинирана кожа и еден кало регенеративен за сува и мислам дека сите се околу 360 мкд. Барем овој мојот беше толку. Поздрав. Драга ги имам пробано и двата и многу се убави. Не грижи се за алкохолот во премногу мала количина е. Се наоѓа на крај што можеби го има околу 0,5 проценти. Поздрав.
Пиши каков е, јас само навечер користам нешто вакво „појако“. При крај ми е маслото од роза на TO па сакам да го пробам и серумов. Цената е навистина одлична.