Моментално ги користам маслото на HaruHaru Wonder и пената Purito Centella Bubble Foam. Претходно го користев балмовите на Heimish и Beauty of Joseon, со Axis-Y Sunday Morning гелот.. Овој гел е најдоброто нешто што сум го користела на лицето досега. Прекрасно чисти и не ја суши кожата особено дека јас бидејќи сум со комбинирана накај сува кожа ми е голем проблем да си погодам чистачи што нема да ми ја сушат дополнително да ми се дехидрира и перута.. Пак ќе се вратам на него и нема да го менувам Од овие што го наброив од сите сум презадоволна.
Дојдов да го пофалам серумот на Конопка. Скоро за ич пари а некако ми е на врвот на листата од многу поскапи серуми. Кога го земав искрено скептик бев, сепак супер се покажа, лицето е меко и нежно, хидрирано. Кога се става малку е леплив ама за некоја секунда впива. Не дава чувство на затегнатост. Напротив лицето е многу нежно. Исто и на Лавера е добар, тој го потрошив и веднаш преминав на овој, го немам користено цел месец, ама ако остане вака да делува на моето лице би го купила пак. Инаку структурата му е погуста, доста поразлична од другите серуми.
Добар ден жени Дали некој користел серуми од DR.Witon https://alfalab.mk/proizvodi/set-od-serumi-za-podarok/. Сакам да земам а не знам како се?Некој да не има искуство?Се работи за: Dr. Viton – Vitamin C Serum Dr. Viton – Hyaluronic Acid Serum Dr. Viton – Retinox Serum А и за Jade Stone Facial Roller
Ги имам користено хијалуронскиот серум и вит ц. Не забележав никаква разлика, како водичка да ставав, никаква промена. Тој ролер го немам, имам друг од ДМ, ама ролер како ролер нема некоја разлика според мене, а искрено и не му најдов баш примена на ролерот.
Уф, досадна сум веќе ама неколку пати пишав и пак за фирмава сте се фатиле. Гола вода е, не фрлај пари. Побарај ја на нет, освен тука на балкански пазар, не постои на друго место. Неможеш да и најдеш ниту состав ниту ревју за призиводите. Имаш одлични прозводи на наш пазар од секој ценовен ранг. Прегледај ги белина, кослав, јепеуда, елокси… избор имаш преголем стварно за да се забутуваш со нешто како витон што никок нит чул нит видел ефект
Салицилата киселина на Revox e океј, јас ја користев долго време и одлично ја вршеше работата и никогаш не ми направи некоја реакција. Еднаш не ја начекав во моето ДМ, ја земав таа на True Alchemy и можам и за таа да кажам дека беше доста океј. Само што приметив таа повеќе ја суши кожата за разлика од оваа на Revox и бара поголема хидратација. Исто и пилингот на Натура Сиберика, тој и aha и bha има во него и само пофални зборови. А може најдобро е да почнете и со некој клензер кој содржи салицилна, доколку сте сензитивни.
Кој хијалурон серум е најдобар? Имам 28 години, не знам дали е рано или не да го користам ама веќе користам неколку месеци од Revox Знаете за некој подобар? Не е битна цената *Се извинувам можеби некој вече кажал погоре ама не сум прелистала
Хијалурон нема врска со годините. За хидратација е. Може и на 16 да се користи ако кожата има потреба. Еден од подбрите, а со достапна цена на пазарот е тој на Виши. Исто одличен е и тој на ординари. Овие два ми се пробами и се одлични. Исто имам читано дека се добри на corsx и The inkey list ама јас лично не сум ги пробала
Кој е најдобар е релативна работа, зависи од кожата. Имам користено хијалурон на Новексперт, Тру Алхеми, Хада Лабо, Оливал. Од овие најдобар ми се покажа хијалуронот на Новексперт, тука некаде е и серумот на Оливал, кој моментално го користам, веќе месец дена. Другите не се лоши, имаат ефект врз кожата, ама не ист како тие што ги пофалив. Од Новексперт овој Од Оливал овој
Се слагам за другите серуми. Ама мислам од Витон исто така беше серумот со швајцарско јаболко и некој вид на ретинол. Скроз ми го мазнеше лицето, пред многу години го имав, не можам пак истиот да го најдам.
@IvvaNeo И јас ќе имам 28г. во Среда . Инаку нај врв серум со хијалурон до сега ми се покажа на Еликси. Хијалуронска киселина со пантенол и алое вера. Резултати дава за неколку дена, лицето е измазнето, хидрирано, меко и еластично, пополнета е кожата или plumped skin. пс. Најдобро е да се наспиете добро за да има продуктот максимум резултат. Мене кожата ми е никаква кога ја негувам со све ако не спијам. Кога спијам редовно и минимален скин кер прави чуда. Кожата се регенерира преку ноќ додека спиеме, мене ми е ептен убава кога ќе се наспијам доволно. Џабе све ако не спиеме доволно.
Јас имам користено од Revox, Q+A, Hada Labo Tokyo и искрено немам забележано некоја драстична разлика меѓу нив, иако сите се со различна цена. Меѓутоа на пример не сите одговараат со другите продукти кои ги нанесуваш потоа(можно е да дојде до перутење), затоа е битно да најдеш нешто што ти одговара ем тебе на кожата, ем да ти се вклопува убаво во рутината. Можеш ко за промена да го пробаш тој на Q+A, за разлика од тој на Revox, овој има lactic acid во него, што може да помогне во обновување на површината на кожата.
Devojki predlozete mi nekoj krem ili serum koj najbrzo ja smiruva aknata koga e pred izleguvanje bolna tvrda i crvena?
Јас ги користев. Освен од хијалуронскиот серум, од другите не видов разлика. Ролерот е ок. Со него ги нанесувам серумите. А и добар е за масажа на лицето.
Кој витамин ц серум е подобар Накоми или Ревокс? Ми треба за избелување на темни флеки,најмн имам над устата...