Ме интересира дали серум со витамин ц после отворање треба да се чува во фрижидер? Читам дека тоа има врска со оксидирањето...
Го зедов и јас истиот серум зошто баш како твојот проблем имам исто,се надевам ќе помогне...ме интересира која крема ја нанесуваше после серумот?
И да и не се тоа зависи од колкав процент е. За жал тие што се 15-20 и нагоре % мора во фрижидер бидејки си бараат температура за да не оксидираат. Додека се што е под 10% нема потреба се додека ти е на темно место и ладно .
Здраво Дали хијалуронска или салицилна киселина и нијацинамид можат да се користат заедно и ако да по кој редослед?
Не е никаде наведено дека не смеат, сите три се формулирани за хидратација, проблеми со пори и акни. Нијацинамид наутро со хијалуронска, салицилна навечер со хијалуронска.
Тоа зависи од флексибилноста на твоето време наутро бидејќи хијалуронската се нанесува на влажна кожа која не мора веднаш по неа да чекаш да впие во кожата потоа да нанесеш нијацинамид. Во глобала овој чекор им одговара на некои девојки, додека пак другите нанесуваат нијацимид чекаат 5мин да впие потоа нанесуваат хијалуронска киселина. Сето ова зависи и како твојата кожа ќе реагира. Можеш да го пробаш на пример првиот обид, следи дали ќе ти одговара.
Имам сува кожа и користев серум витамин ц гарниер, но некако веднаш се впиваше и ми ја оставаше така сува, сега сменав со хијалуронска киселина и ок е, хидрира колку толку. Прашањето ми е дали витамин ц мене не ми одговара или така треба да делува?
Не би требало да предизвика сувост. Иако мене сите продукти од Гарние ми правеа таква иритација/сувост порано. Пробај засега со хијалуронска или земи некој друг витамин Ц серум, можеби имаш осетлива кожа. П.С некаде имав прочитано дека витамин Ц е подобар кај оние со нормална и масна кожа ама не се разбирам до толку, тука нека пише некој поинформиран.