Витамин Ц како состојкс посебно кога е серум се користи тонер или есенцијс пред него бидејки он не е за хидратација туку он си е за други намени и затоа суши. Има некои исклучоци на витамин ц што се со хидратантни состојки и внатре составот е повнимателно направен . Повеќето сушат затоа и на мрсна до комбинирана кожа им е одличен избор но не значи дека некој што имс сува или нормална кожс дека не може. Баш спротивно може но пред тоа да се стави нешто хидрататно пак ќе кажам тонер или есенција за да се има тој бенефит од серумот , а притоа да не јс исуши и иритира кожата.
Фала на објаснување, а ја никогаш не разбрав како има волкава наука позади skin care, алал да ви е на сите што се разбирате. Ја имам пофалба само за производите на Водовод Скопје (читај вода и сапун).
Ми го напраи денот поубав хахаха, И ти си знаеш за сама себе најдобро гледам дека споделуваш и се. Секогаш може да се научи нешто ако се сака јас со козметикава сум 4та година и се прашувам како не завршам нешто за тоа . Можеш и ти да си научиш за себе тоа што те интересира било каде посебно дека сега се има сегде запишано и докажано
Го купив серумов луѓе- ист есте лаудер night repair! Состав ист, чувство исто, хидратација иста, не знам што сум си ги давала парите на есте за џабе! Кошта 2390 ден на coslovemetics и не се каам. Никакво перутење сабајле, пудрата се нанесува најпрекрасно на цел свет и придобивките од него се гледаат веднаш
Ова ли е чарето за да не ти се праи такво прашкасто лицето од пудра/бб крем ко што рече перутење? Никад не сум користела вакви чуда и неам поим.
Да и јас си патам од тоа. Ама кога користев ноќта есте не ми се случува. Овој го тестирам пет дена, се покажа 10ка
Прво е тој бидејки е хидратантен па витамин ц бидејки мора да повлече од негде а дс не те пресуши. Само дај си време после секој продукт и серум 2-3 минути да се упие па потоа да ставаш и друго. За хијалурон гледам дека е тоа на uriage мора да го ставаш на влажно лице поради состојката бидејќи е чист хијалурон. Може да е на вода после чистење лице / тонер / есенција
Како се користи овој серум? Навечер или наутро? Дали е ок само тој за почетни брчки, или сепак треба ретинол? Исто имам проширени пори и црнки, што да користам за тоа? Преку ден користам спф50 тонирана на uriage, но ми треба препорака за добра ноќна крема?
И наутро и навечер. Јас користам хијалуронска па пептидниов серум. Да, за почетни брчки е наменет, ама ако си околу 30 можеш да започнеш со низок процент на ретинол. Има серуми за пори проширени , ама факт е дека ништо не помага за нив, важно е да ги одржуваш чисти. За креми, јас лично ја користам оваа од септември , тука во Грција ја земав Gold elegance се вика , содржи нијацинамид, кофеин, пептиди, алантоин и др и многу сум задоволна , веќе и при крај ми е
Јас овој го користам https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-a-game-5-0-05-retinal-serum-28ml/ А на Ревокс и таа крема погоре ги немам користено
@Chimera прво правам двојно чистење со масло, па гел за лице, на суво лице ретинал па крема. Ако се јави иритација се нанесува крема, ретинал па пак крема. Јас немав проблем па еднаш ставам крема. Инаку 4 пати неделно ми рекоа да ставам ретинал