Ниацинамидот обично трае 6-12 месеци од отварање. Види на паковањето. Не би требало да има некои страшни реакции ако се користи. Ама ќе го користиш бадијала ако е со поминат рок. Ќе нема ефект, а ќе има ризик од иритација на кожата
Од Пурито од истата линија тоник користам и не сум воопшто задоволна не хидрира доволно и не го смирува црвенилото. И од маслениот чистач од истиот бренд очите ме печат. Така да лично јас ни серумот не го препорачувам, од пурито повеќе пати се разочарав.
Јас и двата. Мене лично прополисот мн ми одговара на кожата. Одамна го имам користено и сега планирам пак да го земам. Центелата има нијацимид и повеќе одговара за комбинирана/ мрсна кожа. Ако сакаш хидратација за зимски период не е .
Јас го користев, ама не бев задоволна. Како да не сум ставила серум на лице. Не мора поскап да земеш. Читав некаде по интернет дека Гарниер се добри. А не се нешто скапи.
И двата ги имам користено, првиот на пурито мене ми делуваше смирувачки и ми ја хидрираше добро кожата, го користев заедно со тонерот од истата линија. Серумот со прополис го имам неколку пати купено и сега моментално го имам и тој ми одговара многу на мојата кожа, иначе комбинирана имам. Најмногу ми помогна за избелување на флеки.
Мене исто така на пурито го користам и сум задоволна од серумот. Ми ги смирува акните посебно пред циклус и се тоа… но нема парфем тоа ми е одлично и лесна е текстурата. Јас од истата линија кремата ја пробувам ама можам да кажам дека е мрсна и тешка малце но исто такс смирува и мене не ми смета иако имам комбинирано лице
Дали е нормално да го чувствувам лицето затегнато после нанесување на хијалуронска? Го нанесувам на влажна кожа и после ставам крем. Ама пак затегнато го осеќам.
Да го смениш серумот. Јас користам хијалуронски серум наутро. Исто како тебе практикувам. На влажна кожа. Супер ми е лицето. Навечер каков серум ставаш? Јас ретинол.
Можно е да не ти делува. Јас имав таков проблем со ретинол серумот, ама од друга марка. Па го сменив.
Да. На шишенцето пишува дека може и насабајле и навечер. Јас само навечер си го користам. Еве сеа ме пушти. Сеа ми е ок. Ама баш коа ќе го ставам, тогаш малку ми е затегнато лицето. Да не е па од пред тоа шо го чистам лицето?
Епа од тоа ти е суво и не можеш да го оправиш. Салицилна не се користи секој ден поготово ако немаш мрсно лице . Редуцирај го ставањето од 2/3 пати неделно зависно од потребата, можеш и помалку. Али секоја вечер користење е многу
Имам комбинирана кожа. Иначе мене мрсна ми е таа салицилната. Лицето ми светнува од неа, како зејтин да сум ставила. Ама чим викаш дека суши, ќе престанам. Планирам и некој помрсен крем да си земам, Нивеа мислам најдобар е за таа работа.
Салицилната ти ги отстранува мртвите клетки од кожата, продира длабоко. Сега сконцентрирај се само на хидратација. Освен хилуронската купи си хидрирачки серум и хидрирачки крем. И ќе ти се среди. Остави ја салицилната малку на страна, не ја користи барем 2 недели и ќе имаш подобрување.
Не ја користев 2 месеци и лицето лом ми стана. А пред тоа ја користев неколку недели и лицето стакло ми беше. И не ми беше суво. Суво ми стана откако прекинав да го мачкам со сите работи. Инаку салицилната многу ми го исчисти лицето, имав ситни брунчиња и ми ги снема. Ама ме мрзеше секоја вечер да се мачкам и прекинав. Сега пак се наполнив со брунчињата. Ќе видам како ќе биде.