Ако имаш комбинирана кожа ставај само на т зоната, не на цело лице. Барем јас така ставав салицилна. Ама ако велиш дека ти светнува кожата, да не ти ја суши многу, па кожата се "брани" со лачење екстра себум?
Не, не, сакав да кажам откако ќе ја нанесам ми свети лицето. Како павличева маст да сум ставила. И насабајле кога станувам лицето ми е меко и мазно, не мрсно. Затоа ја практикувам секоја вечер.
Внимавај со салицилната. Не е баш добро да се става секој ден. Не сум користела, ама имам читано дека не е препорачливо секој ден да се користи. За лице оваа крема е добра
Јас ја користев во Мк. Се разликува од класичната. Лицето ми беше меко. Гледав во ДМ дека има и розево пакување. Од серуми ги користам тие на Балеа. При крај се па мислам да ги сменам. Да пробам нешто друго.
Се мислам помеѓу Гарниер и Нивеа. Виши ми се скапи. Не ми се даваат толку пари. Еден период ги имаше на акција и се зафркнав што не ги купив. Откако почнав да ставам серуми и креми почесто, лицево ми е бонбона
Хијалуронска на влажна кожа се користи, е сега не знам зависи и од хијалуронската зошто нели има разни, јас два месеца ја користам на Geek&gorgeous light верзијата, задоволна сум
Јас ја користам на The Ordinary. Ќе видам како ќе биде, ако не ќе го сменам, можеби ова ти шо велиш ќе го земам. A од кај го купуваш?
Од coslovemetics.mk https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-ha-5-light-hyaluronic-acid-serum-30ml/ Ова е таа што ја користам јас. Има и rich верзија од истово
Масноста/мрсноста нема веза со хидратација. Имаш масла и за мрсна кожа. Плус, сува кожа и дехидрирана кожа е различно. Салицилната како серум да се користи макисимум еднаш на ден. Ама ова од детматолог ако е препорачно. Вака во пракса 2-3 пати неделно е повеќе од доволно. Максимум 2% серумот да биде. 2-3 капки се доволни за цело лице. Повеќе од тоа е премногу. И се користи навечер а наутро обавезно спф. Салицилната ексфолира, и на “новата” чиста кожа ќе и треба убава хидратацина. Па после салицилната убаво е хијалуронска. Или убава хидратантна крема. Ама хидратантна крема или серум, не мрсна.
Баш така правам. Салицилна па крема. Насабајле хијалуронска па крема. Кремата е хидратантна. Проблемот е шо мојата кожа е дехидрирана. Трет ден како ги користам производите откако правев пауза 2 месеци. Не бива, дојдов во тие години кога мора да користам тракатанци за кожата . А до пред 3г, само со вода се миев, ни крем ни ништо и ми сјаеше кожата. Сега незнам шо бидна .
Не, користев едно кремче ама тоа одамна, сега сакам да земам ретинол крема за околу очи, Oley или Olay се викаше. Немам проблем јас кај очите освен шо ми се малку темни, јас иам брчки кај устата и на челото и ситни бубулици и пори насекаде.
И за уста користам серум. Не ми текнало да побарам ретинол серум за околу очи. И тој треба да се става навечер исто како серумот за лице? Јас имам брчки околу очите. Стареам
Па мислам да . И ти мислам беше во странство, јас го најдов тој крем во Muller, па ако сакаш оди види го.
Фала ти. Викендов ќе отидам. Јас имам пори на носот. Хијалуронскиот серум ми го освежува лицето. И такви креми купив. Спојлер Пробај го овој пилинг за лице. Јас 3 години го користам. Го средив лицето.