https://coslovemetics.mk/product/tiam-vita-b3-source-40ml/ Perfekten https://coslovemetics.mk/product/tiam-vita-b3-source-40ml/
https://coslovemetics.mk/product/purito-centella-unscented-serum/ Дали го имате користено серумов, или па да ми препорачате некој за хидратација? Нешто ептен ми се нафрла лицево неделава па сакам да земам нешто за да ја појачам хидратацијата и да ми ја смири иритацијата.
За хидратација и смирување иритација мене ова ми е врв https://coslovemetics.mk/product/skin1004-madagascar-centella-ampoule-30ml/
Баш го гледав сабајлево ама малку ме замисли фактот што е 100% асиатика екстракт. Немам искуство со состојкава, ама може би го пробал. Фала ти. Текстурата каква е?
Мене ми ја препорачаа целата оваа линија за обновување на кожната бариера и иритациите што ги имав од несоодвен козметички третман, но не видов некоја разлика еве после два месеци користење. @CooperD после колку време користење виде резултат и со што го комбинираш?
Јас првично го земав за смирување на кожата, ми беше иритирана и црвенило ми се појави. Уште со првото нанесување иритацијата ми се намали, првата недела ми го смири и црвенилото скроз. А после некое време и во хидратација забележав подобрување. Сега го користам во ноќна рутина после тонер, скоро секој ден. А ако ми се појави црвенило или иритација го чистам лицето и мачкам и одма ми смирува
Ја досега од оваа линија на Лореал сум задоволна, само што има многу остар мирис на хемија. Затоа сакам да ја сменам кремата, многу ми делува вештачки, а не ми прави проблеми на кожата Две пакувања искористив од кремот, и едно пакување од кремот за под очи. Го меркам серумов, вајда ќе го купам неделава, па ќе кажам искуство
Od kade go zemas? I na Olpeo i Eloxy i Coslovemetics go nema Lele koj kreten sum si pisala od Coslovemetics deka e Ke cekam restock togas. @Chimera
Јас ја имам користено не е лоша, но сепак ако одбереш серум наместо крема ќе имаш подобар ефект. Моментално серум на G&G користам многу похидрирно ми е лицето. На оваа фирма користам крем со фактор и ми е најубавиот крем од таков тип што сум го пробала.
Фала ти многу. И јас ја користам кремата за нијансирање со заштитен фактор и сум задоволна. Верувам дека серумот има поголем ефект од крема
I jas go koristev Jas go koristev ovoj serum 6 meseci mi traese i super mi bese .Go koristev navecer a ponekogas i nautro a posle spf obavezno.Sega go zemav vo crnoto shise so 20 % niacinamid i 1% cink..pojak e ama so tek ba vreme ke se navikne kozata . Zavisi od teksturata na serumite.Sekogas se stava prvo poretkiot pa posle pogustiot.
Ве исчитав овие 2 дена колку можев Сакам серум хијалурон, видов добри критики за натура терапи серумот и на I AM со Б3 исто од натура. Ги користел некој скоро да сподоли искуство плус би била благодарна. Незнам зошто ама скептик сум малце околу овој бренд а никогаш немам користено ништо нивно Гуглав и на зегин па ми застана поглед на овие две и за нив ако има некој да пише збор - два би било одлично
Препорачајте ми добра салицилна (BHA). Користев на The Ordinary, задоволна бев ама престанав да ја купувам бидејќи ја нема тука, па треба да ја нарачам, па дури стигне... Пробав на Ревокс ама во споредба со The Ordinary е како ништо да не ставам...