Да ми препорачате убав серум со витамин Ц и нијацинамид исто. Го имам нијацинамидот на Geek&Gorgeous ама како никаков ефект да нема. Исто би сакала и серум со пептиди да земам или некој добар против брчки. Го имам на Mary&May, но и таа водичк буквално ништо не му прави на лицето, имам чувство како со вода да го мачкам.
Дали некоја користела од toriden производи? Пошо имаат добар маркетинг и нон стоп ги гледам на Инстаграм особено. Да не испадне само маркетинг позади нив уствари. Конкретно за серумов
за нијацинамид би ти препорачала од the ordinary нијацинамид +цинк е супер(јас го користам у комбинација со нивниот хијалуронска + б5 и одлични се заедно). а за пептиди исто од нив мулти пептид + копер пептид(плав серум внатре) одличен е али е поскап
И јас би побарала предлог за серум витамин ц. Го имав на накоми, си ја вршеше работата супер, но некако не е за мојот тип на кожа, премногу ми се лепеше и ми го потеше лицето...
Здраво, прв пат користам серум. Конкретно од ревокс хијалуронската ама имам прашања. Прво колку најдолго можам да користам шишенце? Додека не смени мирис, боја? Или има рок И пошо во соба ми е мн топло 27° знае да стане, дали да ги чувам на друго место? Пример фрижидер ама па таму е ладно. Или тоа нема везе
На козметиката на самото паковање има рок колку може да се користи серумот/кремата од првото отварање. Ќе побараш едно како знакче кругче и во него обично има ознака - 6M, 12M...тоа значи колку месеци од отварање може да се користи. Од серумите витамин ц и ретинол е препорачано да се чуваат во фрижидер, а останатите не. Ама би требало да се на собра температура, што според мене би значело до кај 20тина степени. 27 е премногу топло, најди му друго место. Исто во бања не се препорачуваат да се чуват бидејќи таму нели има влага и топлина. Имаш ако сакаш фрижидерчиња за козметика. Мене ми се малку џабе фрлање пари, ама од друга страна ми се кјут и естетски супер, па би земала
Дали ви се случило од серуми со нијацинамид да ви излезат акни поткожни? Не знам дали е purging ама ова е трет серум со нијацинамид што му давам шанса и вака ми се случува. А штета, кожата ми станува како со поздрав сјај и тенот ми делува поизедначен ама на рандом места ми испоизлегоа акни. Не знам дали да дадам шанса уште некоја недела или сепак не е за мене нијацинамид.
Поткожни не, ама ситни со гној да, ми се појавуваа. Пробав прво на Ординери па еден од coslovemetics и од двата истото ми се случи и баталив , "скарана" засекогаш со нијацинамидот
Да мене ми се има случено, прв пат го пробав на Ординери и од тогаш немам користено нијацинамид, страв ми е да не ми излезат пак.
Не знам дали го има во ДМ, иако би требало. Geek&Gorgeous серумот со 15% витамин Ц. Јас сум презадоволна, сигурно 5-6 пати го купувам веќе. На страната на coslovemetics e 930 денари, доставата им е бесплатна над 300 ден. нарачка, така да каде и да се наоѓаш низ Мк, ќе ти стигне дирек дома.
Сакам да почнам да користам серум и се мислев за овие два. Вит. Ц наутро и другиот навечер. Дали некој ги користи и како сте задоволни? Инаку, моментално за лицето ова користам Да не ми дојде многу или добра е комбинацијата?
Најде ли некои што се добри? Хијалуронскиот си реков ај не пошто има хијалуронска киселина во кремиве