Супер се. Ќе продолжам да ги користам. Купив и ретинол крема за околи очи. Ама ја користам само навечер. Од Германија ги купувам. Од една продавница Росман. А ги има и во ДМ. Така да... Би требало и во Мк да ги има. Цена 13.95e Цена 12.95e
И јас сум многу задоволна од тој со ретинол, а имам осетлива кожа со розацеа, немам никакви реакции. Другиот не сум го пробала ама планирам. Кај нас најефтин е во ДМ, 1000-1200 беше а во Зегин од кај што го земав е околу 1400. Има на Неутрогена често попусти, веројатно тогаш е најефтин.
Не знам навистина. Другиот серум што го постирала членката е за хидратација на сува до нормална кожа.
Ти одговорила членката над мене. Посвежа ми е кожата откако го користам серумот. Од оваа марка нема витамин ц серум.
Здраво драга, за ретинол не ти препорачувам затоа што генерално сум против. Кога станува збор за витамин Ц ако имаш финансии земи го овој Ако сакаш поевтин а сепак ефикасен овој 100 мл. Јас бев презадоволна
Zdravo devojki nz dali sum za ovaa tema. Ako ne, premestete. Mi treba serum koj ke mi pomogne da kozata izgleda pomazno, osvezeno, da ki ja podobri tekstrurata. Momentalno dojam, nesto sto ke bide bezbedno. Znaci nemam akni, imam normalna, na moments dehidrirana koza I sitni pori. Predlog, kakov serum krema I slicno? Dali hijaluronska, dali vit c. Mislam retinol za doilki ne e bezbeden ili?
Од некаде март месец користам Ноќна серум крема на Балеа Бјути експерт, не е да речеш којзнае колку време отворено а има и рок, ама кремава ужасно мириса, на зејтин престојан. Не ја користам веќе, ја баталив. Не е крема како кутија туку е шишенце со пумпица, да речеш да се изветреала. Имате искуство? Од истата колекција имам и витЦ тој е ок, ама како да осеќам почнува и кај него некој мирис. Многу ми се погодени, ептен, ама криво ми е ако вака брзо се расипуваат. Многу добра ми е кожата од нив.
Може да земеш хијалуронски креми (дневна и ноќна) и хијалуронски серум. Јас такви користам. А ретинол серум за навечер.
Ретинол за бремени и доилки никако! Можеш од серум- витамин ц и хијалуронска да земеш. Хијалуронска навечер да користиш а витамин ц наутро, па спф крема
Go poracav sluzot od polzav od eloxy. So sto bi mozela da go kombiniram? Vit c ili hijaluron? Patem, preporacaj mi dovar vit c I hij.kiselina)))
@Bellaa1234 тој слуз од полжав го немам користено. Јас моментално овој серум со х.киселина го користам https://www.zegin.com.mk/mk/embryolisse-khidratanten-serum-30-ml И овој вит.ц серум ми бил најдобар https://www.zegin.com.mk/mk/vichy-liftactiv-supreme-15-chist-vitamin-c-serum-20-ml
Ne mi odgovaraat cenite. Da mi ponudis serum do 1200-1500 max? A sepak dobar. Te imam citano I znam deka se razbiras I se sto imam zemeno po tvoja preporaka mi bilo top.