Дали во МК има тестери од производи на La Roche, Avene, Vichy? Ми нема смисла да лупам пари на толку скапи производи, ако не ми одговараат.
Го имате ли користено овој серум NIVEA Cellular Expert Lift Серум против брчки, со бакучиол, 30 мл? Резултати, искуства да споделите?
Имам сува кожа, премногу склона на црвенило, и веќе почнаа да ми се прават брчки околу устата и на челото (имам 25 години). За хидратација користам хијалуронска киселина и крем со церамиди, одлично ми помага. Е сега, сакав да воведам и азелаична киселина за да го решам проблемов со црвенилото, и да почнам со ретинол (0.25 или 0.5). Ме интересира дали можат да се користат заедно состојкиве, и по кој редослед?
Дали некоја го има овој серум? Многу грдо ми мириса, а во фрижидер го чувам. Уствари уште ко го купив така мирисаше, не знам дали е расипано?
Го немам користено овој, не знам како мириса, но пребарај коментари на Амазон и слични сајтови за да видиш дали и други луѓе се пожалиле од истово. Според некоја моја логика, не би требало да мириса лошо, ама па има серуми кои имаат грд мирис па не би ме чудело. На пример, едно масло од марула (the ordinary), до ден денес не можам да заборавам колку грдо мирисаше, под нос ми е мирисот на живо месо. Го имам користено, не беше лош ама па и не ми беше нешто посебно во однос на цената. Ѕирни го серумот со пептиди q+a, мислам дека е околу 600 денари, а е нешто сличен, дури би рекла малку подобар од овој на geek&gorgeous. Похидратантен е и поубаво се впива во кожата.
Јас го користам , го користам и заедно со ретинал , мене ми е супер сега во иднина ќе покаже дали нешто помагал
Презадоволна сум, искрено онака го зедов пошто ми се допадна и составот. Ама волку мала концентрација ниацинамид 2% во комбинација со прополис ми даде супер резултати. Подобар ми е од префалениот на The Ordinary, кој заради големата концентрација ми правеше ситни црвени точки.
Од дм го зедов. Ама читав на една страна и други се пишаа за истото, а уствари така мирисал серумот. Додуша ова е меѓу крем и серум нешто, бела боја има. Инаку убав ми е, ми одговара на кожата, за мирисот ќе помине.
Јас дојдов да се пожалам од овој серум со витамин Ц на La vie en Rose. Кога го купив, ми рекоа прво да го пробам навечер , и тоа 2 пати неделно, па доколку не се појави иритација , ќе можам да го користам и наутро. Ама по 2 месеца , јас заборавив на тоа и два дена по ред го нанесував наутро, секако на крај,со спф крема. Луѓе не верував дека до толку ќе ми направи таква иритација, црвенило, рапава, сува кожа ме чешаше плус, еден ужас што да ви кажам. Секако веднаш го прекинав , веќе два дена ништо не ставам само крема Bepanthol. Денес е малку подобро од вчера ама толку се исплашив Значи имам користено ретинали и др сваштарии вакво нешто не ми се случило. Моја кривица е , плус увидов во составот дека ascorbic acid е на второ место по водата што значи дека има висок процент на витамин ц. Одма ќе го фрлам во канта Спојлер: Лице
Ауу страшно. Премногу јака реакција. Сум ставала витамин ц 15 процентен наутро па ништо. Ем зимно време, не сакам да замислам лето да е било.
Дали има некој постабилен серум со витамин Ц, да не оксидира за кратко? И дали само 2-3 месеци ги користите по отварање?
Во фрижидер го чуваш серумот или на полица во тоалет? Во фрижидер знае да издржи скроз до крај, онака на полица тешко. Јас ставам секој ден, па брзо ми се троши, таман ми доаѓа некако.
Здраво. Имам 35 години и имам брчки на челото и околу очите. Многу сум лаик за овие работи па ве сакала да ве прашам за совет и предлог каков серум да користам против брчки. Моментално користам серум на Vichy со ц витамин и ги корстам овие две креми и овој серум но како што читам тој е повеќе за избелување на тенот отколку за брчки. Живеам во странство и овде ми се достапни козметики на Eucerin, La Roche Posay, Loreal, Vichy... ДМ немаме овде. Секој совет е добредојден