Во потрага сум по квалитетен серум Витамин Ц. Овој од погоре на Биодерма исто ми рекоа дека не е за почетници, а јас сум тоа го меркам овој на Новеексперт. Некој да го користи да сподели импресии
Одличен, впрочем Новексперт немаат утка. Исто, препорачувам прво од тестер да го пробаш, и обавезно СПФ крем одозгора. Барем со 30ка да е.
@Secret-Angel7 и јас истото го мислам, најдобро земи некој со помала концентрација, баш врати се неколку страни поназад да видиш какво ми беше лицето , реакција од витамин Ц (не од истата фирма)
Фала! Малку сум со недоверба кога е таква цена во прашање, врежано ми е во глава дека се што е под 1000ден е само дериват на витЦ и дека боље да не се фрла пари за џабе...ама еве веќе втора препорака. Претпоставувам дека се во ред овие на Сиберика
Некогаш цената не игра улога за квалитетот на производот, и тоа многу пати ми се докажало барем мене. Не само за серум, туку за многу други продукти. Имам пробано многу скапи и фалени брендови за коса, лице и за тело, па некои ми се покажале катастрофално, а пак некои евтини производи ми се покажале фантастично. До сега се што сум пробала од Natura Siberica ми се покажало одлично, така да пробај и види како ќе ти одговара за почеток. Конректно овој серум го користам моментално, втор пат по ред го купувам и убаво ми делува на лицето.
Баш напротив, јас баш веќе немам верба во големиве фирми, користев со години Клиник и лицево од повеќето работи ми беше дехидрирано, буквално катастрофа, си имав врежано во главата дека се што скапо е и квалитетно. Дефинитивно не е така.
Natura Siberica има одлични продукти за лице со скроз солидни цени, нека не ве двоуми тоа што се нешто поевтини од другиве, си имаат квалитет на ниво на поскапи брендови. Мене па многу ме нервира профитерството во скинкер областа, направија да не остане асален серум под 1000 денари, а не па дека и тоа скапото нуди некаков wow квалитет - често знае да испадне џабе фрлени пари. Ко еве, витамин Ц серумот на Goodal. Баш фрлени пари, 1400 денари ко во канта да сум ги пуштила. Серумов може е добар за почетници само, зашто наводно не прави иритации. Но нема ни ефект, барем за моето лице не направи ништо, не видов ефект. Подобро да си купев Nacomi, далеку поубав ми е нивниот витамин Ц серум.