Што за избледување на пеги, дозволено во бременост/доење? Сега користам навечер витамин ц, денски хијалуронска киселина. Но откако се потстопли, ептен ми е флеки лицето, така да не знам витамин ц дали ми делува воопшто.
На серумот витамин Ц не пишува рок на употреба, а одамна го чувам во фрижидер па не знам дали е добар за употреба. Отприлика колку време откако е отворен можам да го користам?
Ај препорачајте некој серум за лице, за почетни брчки? Почнав да си забележувам кога ќе ставам пудра посебно за делот околу очи. Не знам дали да ставам хијалуронска киселина само или да ставам и витамин ц?
Јас последно го зедов на Vichy хијалуронскиот серум и можам да ти кажам дека е предобар, одлично ја хидрира кожата. И за околу очи ќе си земеш исто така некоја крема, се реди секој ден наутро и навечер. Со серум и дневна крема е веднаш подруго, пудрата одма ќе си легне на лице кога кожата е хидрирана.
Јас од Vichy сакав да го земам ова чудо, затоа што и кожата ми е склона кон акнички Смее да се комбинира ова со тој серум на Vichy?
Антиоксидантниот серум со витамин Ц од Белина мене ми направи бубулици. Особено на челото и образите. Да ми препорачате некој друг докај 1000 денари?
@koritsaki @Mishela може да ми предложите некој серум со витамин ц со појак процент? Само антиоксидантниот на Natura Siberica го користев, ама сега ми треба нешто појако. Цената не е битна.
Не знам колкав процент на витамин Ц е тој од Натура Сиберика, ако бил доста слаб, ѕирни го вит Ц серумот на Пурито. Го имам во моментот и баш ми се допаѓа серумот. Не е многу јак, 5% витамин Ц беше мислам. Види го и овој на cosrx, ама имај предвид дека навистина е јакичок. Има и послаб, пишува C 13 на шишенцето. Можеш и тој да го видиш, па кој то фати око повеќе, тој земи го. Јас го имав С 13 и ми се допаѓаше, не сум наишла на некоја ептен утка досега со cosrx козметика.
Не ми текнува сега колку проценти беше тој ама знам слаб беше, па барам со некој послаб (ама малку појак од него) да почнам. Ќе го погледнам тој со 5% за почеток, фала ти за препораките.
Дали на q+a е добар серумот со пептиди? Го користам на накоми моментално, ама многу лоши оцени има поради некоја состојка, т.е некој тип на пептиди што содржи. @Mishela @koritsaki дали ви е пробан тој од q+a, или препорака за друг што е добар? Прашувам за него поради високите оцени на inci beauty, почнав да ги скенирам производите дома
Тој со пептиди q+a го користев до пред скоро, ми се потроши баш пред некој ден. Мене ми беше супер, хидрирачки серум, класика. Го ставав најчесто веднаш после тонер и наутро и навечер.