Q+a серумот со пептиди не ми е пробан , со пептиди го користам на Geek&gorgeous, немам да кажам нешто негативно го користам заедно со ретинолот на Geek&gorgeous навечер, а наутро пред кремата
Само навечер го користев, преку ден не ми одговараше на лицето. Во дневна рутина имам гел за миење лице, тонер, хидратантна крема и спф крема, а во вечерната истите продукти само без спф, и го ставав серумот пред хидратантната крема.
Здраво,дали некој ги има користено серумите на Freezederm? Јас користам крема и гел за миење на лице од таа козметика и сум задоволна ама се двоумам за серумите.
Дечки дали може насабајле да го користам витамин ц серумот на вичи а навечер серум со ниацинамид? Витамин Ц навачер или насабајле се користи? Користев крема со ретинол прекинав некој период ради сонце
Морам да го пофалам серумов. Одлична хидратација и нега на кожа, особено сува и збрчкана кожа. Не го ставам само на лице, го користам и за тело, оти имам сува кожа на телото, а на лице комбинирана. Не ми ја масти кожата што е голем плус, а е составен генерално од масла (јојоба, од морков, и од семе од грозје), плус витамини. Составот му е одличен, а цената пристапна.
И јас сум задоволна од серумот, инаку една Србинка постави видео и критики за тоа што серумот не содржи многу витамини,малку количина на масло од морков и не многу витамини.Јас имам комбинирана кожа кон мрсна ,но многу бев воодушевена од серумот еднаш само го имам користено.
Да, мала количина е, ама па нема големи количини ни во извиканите и поскапи серуми. Според Inci Beauty составот е баш ок, а на мојата кожа и' одговара скроз. А сосема случајно го купив.