Дали го имате користено серумот? Добар ли е? https://mokosh.mk/product/multi-correcting-face-serum-exosomes-peptides-vitamin-c-12ml-2/
Сум приметила дека ниацинамид како состојка во било кој серум не ми одговара ме исфрла и го избегнувам. Сум ги пробала на Гарниер со хијалуронска киселина+алое вера и многу е добар плус on a budget опција. Моментално ставам на Vichy 89 и задоволна сум. Двата се супер за комбинирана/масна кожа.
Жени нарачав следно од серуми(во Хрватска) Geek&Gorgeous: Vitamin C Salycilic acid Liquid Hydrator The Ordinary: Niacinamide 10% + Zink 1% Buffet(Multipeptide+HA) Granative retinoid 2% Кои ги имате користено и како сте задоволни? Истиот проблем го имам и ми помагаше малку маската со витамин Ц од Стокомак, а претходно со поскапи продукти ништо ефект, над усните грозно. Уште ласер не пробав.
Јас имам дехидрирана и масна кожа, мислиш дека нема да ми одговара? Кој би бил најдобар тогаш? Пробај да го ставаш на влажна кожа со тапкање и помалку капки, поефективно се абсорбира.
Дали си пробала со Еуцерин антипигмент линијата? Јас пробав со серумот, гелот за миење и факторот за сонце, ми се чини дека гледам некои резултати но сеуште е рано да се каже.
Од се што сум пробала до сега, на Vichy ми бил одличен Флеки немам, не очекувам резултати некакви ама ме нервира кога ми се масти лицето дополнително од некој серум. Моментално не користам никаков серум наутро, само ретинал.
Јас имам флека над усните затоа барам добар Ц витамин препорака. На крај откажав се и ќе си нарачам од SkinCeuticals серумот C E.
Тему завзема огромен профит продавајќи ја фејк корејската козметика за лице. Од памет, го порачав madagascar centella жолтиот серум не очекувајќи некој резултат со оглед на тоа што содржи можеби хемиски филтри. Сепак, мислењето си го побив сама кога после пола потрошено шишенце од 50 мл лицето ми стана едно од најсвежо и најодржувано до сега. Серумот е пола вода-пола масло некоја таква мешавина, брзо упива, го осветлува лицето слично како улогата на витамин Ц серумот. Одговара за сува кожа, само предупредувам да не го користите ако имате акни зошто сепак е фејк продукт.
Не ми се појави негативен ефект, напротив преубаво ми го негува лицето. Секако си продолжив со оригиналните корејски продукти што ги имам. Не мора да значи дека ако е фејк е неквалитетно, се тоа зависи од типот на кожа, улогата на серумите, исхрана итн. И од прескапи козметички брендови со разни хемиски филтри сум имала реакција на лицето,и биле џабе дадени пари. Сепак секој со својот избор.
Серумот не е спф продукт што значи во никој случај нема хемиски филтри. За оргиналот зборувам, од тему кој знае што се има не може никој да гарантира.
Кој серум да го користам за флека од акна што ми остана пред 2 месеци? Користам секако за хидратација, ми треба конкретно за овој проблем.