Се мислам помеѓу витамин Ц на purito и geek&gorgeous за флеки од акни кој би бил подобар? И доколку имате предлог и за друг серум што би помогнал со флеките (освен ниацинамид).
Види прво на пакувањето колку пишува рок после отварање. И провери дали оксидирал, дали сменил боја Ококу 3-6 месеци имаат рок витамин ц серумите
Здраво девојки. Денес купив Bakuchiol серум на Orjena и бидејќи прв пат користам било каков серум, ме интересира дали истиот треба да се нанесува и во пределот под очи или не. Знам дека обично не се препорачува, ама ај пак да си прашам и дали после тоа веднаш се става ноќна крема за лице?
Не се нанесува под очите, за под очи има специјални серуми. Да по тоа се нанесува ноќна крема. А наутро спф обавезно, иако состојката е бакучиол а не ретинол.
Јас ставам серум и околу очите, па над серумот крема за очи. И на цело лице крема. Во принцип иритирачки состојки не се ставаат околу очи, ама бакучиолот не е една од нив.
Јас го користам исто, навистина се забележува разлика, одличен е серумот. Не ми се допаѓа еден момент е што ми го прави ептен светнато лицето. Во летниот период ми пречеше бидејќи делува како да сум испотена на цело лице.
Од кој ретинол сте задоволни? Сакам да порачам некој од coslove, мада и не мора да биде од таму. Користам вит ц наутро, кој друг серум да го вметнам? Имам масна дехидрирана кожа, отворени пори и митесери. Исто и за спречување брчки.
Зависи од што се флеките и хиперпигментацијата. Ако с еод бубуљици било кој вита Ц ќе ги исчисти, ако се од сонце или мелазма потешко се чистат. Јас имам флеки од сонце на светла кожа (ошшто сум прилично светла) и осветлување тешко оди. Сега имам серум на Novexpert со зелен чај и мислам дека има некоја разлика. Исто малку ми се осветли и од La Roche Мела Б3. Мене лично ниту еден серум на Nacomi не ми е погоден. Како вода да ставам на лицето. Исто ми е Биодерма (а ова е многу фален бренд). На крајот на денот пробај па види дали ќе ти одговара. Или оди во Белина или Елокси да ти направат скрининг на лице па да ти предложат нешто што ќе ти одговара.
На Пурито случајно да не си го користела? Јас имам од сонце флеки сакам тој да го пробам. До сега вит Ц немам користено
Немам ништо на Purito користено. Имам на Nacomi, Anua, кратко Nineless (ама во исто време го купив со Noevexpert) и некои од ДМ серуми со вит Ц.
Што имаш користено од anua? Дали го имаш пробано серумот со ниацинамид? И серумот со вит ц на noevexpert?
Од Anua користев Ниацинамид со Транексамична и не ми помогна за флеките од сонце. Од Novexpert до сега само серумот со зелен чај го користам сега. Тој со Вит Ц го немам пробано.
Мене флеките ми се од бубуљици. Овој од накоми ми е добар ама сакав да сменам да пробам некој друг. Фала ти на одговорот