Да мислам дека се од сонце затоа што летно време ги имам по изразени и кога се повлекувам од сонце подолг период се избледуваат, магичен продукт што ми помогнал најмногу до сега е Bielenda тонерот со гликолна киселина и вит Ц, штета што ги нема повеќе во мк, во стокомак ги има ама се поретко, маската вит Ц чудо од едно користење све ми избледе по лицето, исто на Bielenda. Во Хр нарачав нешто чекам да ми стигнат, јас покрај толку фрлени пари по скапи скинкер продукти се колнам во Bielenda. Исто така Granative Retinoid Emulsion 2% на The Ordinary доста ми ги избледува флеките од сонце со редовно користење, деновите кога не одам на плажа го користам(во ноќна рутина). Спф ставам ама ете доказ сум дека не штити од флеки, ем добар квалитетен спф воопшто не горам од него. Флекатa кај мене се појавува над усните и маалку по носот и образите. Оваа над усните тешко бледее. Би рекла скроз ако се повлечам од сонце ќе ја снема, ама не се живее цел живот под сенка. Novexpert витамин Ц користев до крај никаков резултат не видов @JoyJoy
Кој серум помага за проширени пори? Визуелно да ми ги намали пошто како со дупки на лицето сум, летово од сонцето ми се проширија премногу и многу лошо изгледа. Нарачав ниацинамид од medicube од coslovemetics, прочитав дека ниацинамид помагал, но ако имате препораки од прва рака што ви помогнале, би ви била доста благодарна.
Нијацинамид серумите навистина помагаат, но исто така за подобра текстура на лицето одлична е и азелаичната киселина. Го измазнува лицето, дава некој таков ефект, а со тоа и порите не се толку воочливи. Пробај ја азелаичната на Geek&Gorgeous, одличен е серумов.
Ти благодарам. За овај ли станува збор? Исто така одамна го меркам серумот со азелаична киселина на Ануа, пишуваат дека е одличен за црвенило, јас си имам доста мака со црвенилото, но не знаев дека и за проширени пори помагало. Случајно да не знаете кој е подобар, на geek and gorgeous или anua? Сакам вистинскиот избор да го направам кога веќе купувам.
Овој од сликата е, да. Ануа серумот го немам користено, па не би можела да дадам коментар. Но, за Geek&Gorgeous тврдам дека е одличен. Општа карактеристика на азелаичната киселина е дека смирува црвенила (мислам дека и за розацеа е добар избор), па нема да згрешиш ако се одлучиш за ваков серум.
Ануа е исто така одличен, јас го користам. Многу убав сјај и дава на кожата, хидратација а и го смирува црвенилото.
Кога сме кај G&G јас веќе 2 месеци ја користам салицилната киселина 2%(серум), наменета е за длабоко чистење на порите(себацеозните филаменти), нема никаков резултат кај мене. Ставам и масирам на претходно двојно чистење на лицето, оставам 20мин да се абсорбира добро и да делува, проследувам со хидратантна крема. Ни малку не ги чисти порите. Дали кај сите што ја користите е вака? Не знам зошто но од ниедна салицилна немам осетено промена. Пишав во темите за професионален третман на лице, никој не одговара.
И јас барам добра салицилна. Користев на Ревокс и Ординери, немаше кој знае што ефект, а мислам Ревокс ми беше и многу јака. Ако има некој предлог...
јас летово овој го користев. Ниацинамид витамин Ц и салицилна киселина. Претходно имам користено тоник со салицилна од авон е сега во моментов ништо ама треба да си најдам некој серум со таа состојка
мене ми беше така-така. Повеќе видов резултат од витаминот ц и вистина ми ги исчисти флеките. И на раце го ставав од истата причина. А од салицилната киселина не видов нешто голем ефект. Ќе барам друг во секој случај
Дали некој има користено Витамин Ц серум 12% од L' Oreal Revitalif? Денес го добив препорака од Chat Gpt и баш бев во дрогерија се мислев да го земам, ама викам ајде да изгуглам прво и да се распрашам по форуми шо и како пошо и не е баш ефтин 17 евра беше на попуст. Од истата линија видов чистач за 6 евра. До сега немам користено вакви drugstore брендови, имам пробано само серум од Garnier со витамин Ц и го фрлив поради што ме исфрли.
Дали некоја ги пробала новите Биотен серуми? Гледам има некој ретинол серум, некој со активни состојки, не се сеќавам какви точно беа серумиве, ги видов на некој од профилите на Космо ако не се лажам. И баш ме интересираат впечатоци, Биотен знаат да изненадат со солидна козметика.
Дали некој го има пробано овој серум, дали вреди за парите? 15 мл 1160 ден е. Се мислам некое време дали да го земам, некако многу малку мл, тоа мене за 2 недели ќе ми е како што ставам наутро и навечер, а демек бил многу добар. Ако некој го има пробано споделете искуство или да си останам верна на Конопка. Пробам и пак се враќам на тој серум а за цената е 10 ка. Имам пробувано поскапи кои ми беа обична вода на лице.
Го имам користено пред некоја година кога беше многу поефтин. Многу е добар навистина, премеко ми го правеше лицето. Всушност предвидено е да се користи неколку дена како интензивен третман па после еднаш неделно за оддржување на ефектот и затоа е толку мала милитража. Макар што и за така е мал. Дали би дала сега за серумчево скоро 1200 денари, па не би искрено.
Така ли пишува во упатството? Прамало е, за мекост постигнувам и со серумот на Конопка и Натура Сиберика, нека си го чуваат Ти благодарам
Да, така некако беше. Прво 10 дена па после еднаш неделно или 2-3 пати не се сеќавам баш. Структурата му е како крем, така погуста.
Препорака за серум со хијалуронска киселина? Кожата ми е малку оштетена и пресушена од ретинол, а хијалурон ептен ми одговара. Ама од толкав избор не знам кој. Само на Geek & Gorgeous производите не ми одговараат