Јас лично од тој серум не сум воопшто задоволна. Мислев дека не ми одговара на моето лице и го дадов на другарка, и таа имаше иста реакција, на крај така се фрли. Според мене има доста подобри серуми со витамин ц.
Друг единствено на Dr. Althea го имам користено и мене ми беше одличен. Пробај го, плус и други доста го фалат.
Здраво, од каде го нарачуваш серумов од SkinCeuticals бидејќи не можам да го најдам никаде кај нас а читав по интернет дека го фалат? Исто, доколку го користиш ако сакаш да споделиш искуство.
Јас сум од овој серум презадоволна. За хидратација е, за сува кожа, склона кон црвенила. Општо сум задоволна и од оваа цела серија, ми ја вратија кожата во нормала.
Нешто кога ќе намислам џабе одлагам, подобро купи кога намислеш и готово Со месеци го меркам и не знам што да очекувам ама како за 3 ден што го користам и не гледам нешто промени Лицето и претходно ми беше меко и мазно и со овој серум е. Откако ќе поминат 10 дена ќе пишам искуство затоа што прво 10 дена се користи па после 3 пати неделно. Вртам, вртам со серумите и пак се враќам на Конопка. Ми нема заменлив за џабе пари.
Само ретинал. Ама треба многу долго користење. Јас секој ден скоро особено на челото нанесувам ретинал ама треба да имаш веќе користено некое време прво ретинол па ако ок го поднесува лицето ретинал потоа. Навистина делува, јас пола година веќе го користам, на челото од лева страна над веѓата имав некои фини линии , сега гледам дека веќе не се приметливи ко порано. Јас го имам серум ретиналот на Seoul 1988 но тој од 2% , а го земав и тој што може да се става околу очи и на лице од 4% , но тој сега за сега некоја го користам, здравје овој да го потрошам.
Некоја овде го имаше препорачано Balea нијацинамид серумот, ми се чини како да беше @senza.parole. Значи, wow?! Серумов е на ниво на The Ordinary, навистина сум изненадена и тоа баш пријатно. Му дава свежина на лицето, не изгледам уморно, тенот добива убав и здрав сјај. Ја смирува кожата прилично брзо, особено ако сум пипкала црнки по лице (guilty pleasure ми е, за жал). Не бидете ко мене и не чепкајте лице , a за серумов само пофални зборови. Ќе си го купам пак, презадоволна сум.