Ги има некои од нивните производи, не сите, ама чистачот мислам го има и е многу нежен и погоден за секојдневна употреба(утро/вечер). Штом ја чувствуваш така, значи ти ја суши многу и мислам доволно е 2-3х неделно да се користи. Инаку, каква кожа имаш пред да почнеш со користење на овој чистач? Мрсна, комбинирана?
Комбинирана и преосетлива. Што и да ставам одма ми реагира и многу ми е тешко да си ги погодам производите... На препораките од магнолија ми издржа 3 недели и потоа се исфрлив и кожата ме печеше. Само пената продолжив да ја користам од тогаш, но со тек на времето ми остана некое внатрешно црвенило на образите. Кога отидов на козметичар, ми кажаа дека кожата ми е дехидрирана и сега си барам чааре
Моја препорака е да пробаш со Jelly Joker чистачот и Hydration Station кремата од Geek & Gorgeous ги има во Coslovemetics и онлајн на нивната страна. Не се многу скапи, немаат парфеми шо може дополнително да ти ја иритираат кожата или киселини. Пробај, јас ги користам оти имам исто така многу сензитивна комбинирана кожа и севкупно дали 2-3 производи користам поради тоа. А пената од Моса би рекол 1-2х неделно или направи пауза некој период.