Не знам за каква кожа станува збор, ако имате акни најдобро е со дерматолог, макар да и тие си ги промовираат производите со кои работат. Може звучи смешно ама проверив на ChatGPT, состав на сите производи, креми, серуми, чистачи што мислев да ги купам и ми даде ранг од 7-10 кои најмногу ми одговараат. Јас имам сува кожа со мрсна Т зона. Да прашате во аптека, имам користено Еуцерин Анти Пигмент за флеки од сонце и целосно ми се повлекоа. Периодов експериментирам со корејска, иначе најзадоволна бев од Еуцерин. Биодерма и Ла Рош имаат убави линии ама најдобро да ви препорача фармацевт или кожен лекар.
од каде го зеде? Витаминот ц оксидира знаеш, на почеток е светло жолта. Мене ова ми изгледа како да не е соодветно чувана во продажниот центар. Јас серум со вит ц чувам во фрижидер. Кога сум тука на темава сакам да прашам предлог серум со нијацинамид.
Да знам, го земав од ДМ во Дајмонд, само што го отворив и го сликав. Знам дека треба да е светла бојата затоа и се зачудив 9ти април прв пат го отворив. Ќе го користам , само проблем да не ми направи се надевам, жал ми е да го фрлам
Овој малку почнал да оксидира. Можеш да го користиш додека ептен не фати портокалова нијанса, ама ти препорачувам да го чуваш во фрижидер затоа што многу брзо оксидира. Мојот имаше некоја млечно-бела нијанса со многу блед жолт подтон, за месец дена отприлика, стана за никаде. Го чував во шкафчето во купатило, за жал заборавив да го тргнам во фрижидер за да потрае малку од малку барем. А убав серум е, мене ми се допадна. Пикни го во фрижидер и додека не потемни накај портокалово - добар е.
Ме заинтересира за серумов претпоставувам е лесен како за периодов,која крема ја нанесуваш после него и дали го користиш наутро или навечер?
Јас овој серум го користам со години, купував измегу поскапи ама секогаш се враќав на овој. Од него чувствувам дека има ефект на кожата. Мене ми е супер, лесен. Јас го користам наутро и навечер. Не легнувам без мојата рутина без оглед дали имам или немам шминка. Веќе два месеци ја користам на Mixa кремата со пантенол а претходно ја користев на Конопка анти ејџ кремата, и двете ми се супер креми. Хидратантни се и ми одговараат на моето лице. Имам нормална до комбинирана кожа.
чувај го во фрижидер. Ќе се потроши не верувам нешто проблем да направи. Може па и поконцентриран е затоа така да изгледа. кремите за лице на балеа не ми одговараат, геловите па ми се супер. За серумове не знам дали да ризикувам и да ги пробам.
Како сакаш. Јас имам проблематично лице, ретко што ми одговара. Го имам на ревокс користено исто, балеа ми е подобар. Откако го користам се средив со акните, се имав направено бумбар од на кослов "рутините", па морав да се оправам сама.
Мене и од кремите со ниацинамид, дневна и ноќна и од серумот ми се појавија брунчиња после одредено време. Сега го користам тој со цинк на q+a и супер ми е. Со крема на Конопка. Имам комбинирана кожа.
Користев хијалурон бустер на балеа, но кожата почна да ми се суши и перути. Сменав на балеа plump and glow со помалку хијалурон, но повторно истиот проблем. Се прашувам дали на балеа не ми се погодија производиве или воопшто хијалурон не ми делува добро. Го користам поради дехидрирана кожа. Некој да не имал слично искуство?
Пробај со друга марка, и на мене Балеа не ми одговараат. Лани бев земала едно за миење лице, цело време бев мрсна и се исфрлив цела. Уште неможам да се опраам. Балеа никад више.
Јас го имам истиот серум и кожата ми е супер. Секако дека има шанси серумот да не ти одговара, но во доста голема мера има влијание и начинот на кој го користиш. Хијалуронот бара нанесување на малку влажна кожа. Претходно можеш да нанесеш некој тонер, а штом имаш сува кожа, можеш да одиш и со млечен тонер, затоа што тие даваат подлабинска хидратација. После тонерот серум и на крај крем за лице по избор.
Го нанесувам на влажна кожа, и редам сосем малку. Потоа ставам крема со нијацинамид на балеа, и таа ми е некако ок. Инаку кожата ми е комбинирана, имам масна т-зона и баш на чело и кај веѓите ми се лупи од серумот. Имам комбинирана кожа, но дехидрирана, затоа наводно хијалурон требало да користам, поради хидратација. Дехидрираноста ја чувствувам така што наутро кожата ми е како затегната, но од помасни креми, пудри светам, не се впиваат поради масна кожа. Се мислам дали да дадам шанса на друга марка хијалуронска киселина, или да исфрлам хијарурон целосно, веќе два серуми ми се џабе купени.