Внимавај и на тоа да не употребуваш некои оклузивни креми, затоа што тие само прават слој на кожата кој ја гуши и континуираната употреба на таков крем се манифестира со лупење, перутење на кожата и слични симптоми. Јас би тргнала од кремата, затоа што масна или тешка крема мислам дека воопшто не е добар избор за овој тип на кожа. Па по одреден тест период со некоја друга полесна крема би одлучила дали дефинитивно е до серумот или не.
Најпрво го тргнав хијалурон бустер, кожата ми се смири, а мачкав нијацинамид во меѓувреме. Како што читав таа крема се препорачува за пори, и јас мислев тешка е, но некако убаво ми делува на дехидрираноста иако не доволно, не е многу сува крема, не е многу масна. Штом го воведов новиот серум со хијалурон, повторно почна да ми се суши кожата, па најверојатно е од серумите.
и јас имам комбинирана кожа плус пори. Вероватно кремите на балеа ми ги затнуваат порите па имам некое чудно чуство кога ги имам на лице. Како нешто да ме жежи. Затоа се мислам дали на серумите од балеа да им дадам шанса.
Дали имате искуство со серумот? Имам претерано црнки на носот,брада,некоја по лице. Моментално користам на Revox niacinamid, и Garnier витамин Ц. Меѓутоа од витаминот Ц не сум задоволна, премногу ми ја масти кожата,и така имам масна... Па ако може предлог и за витамин Ц?
Дали сте задоволни од овој серум за околу очи, пишува има и кофеин, за помалку видливи темни кругови па се мислам дали да го пробам. На сите пробани креми за темни кругови ништо не ми помогна досега. Лореал гледам многу нови продукти имаат или јас досега не сум приметила дека не одам често во ДМ, не ми е близу.
Јас сум скарана со витамин Ц веќе Го земав овој и од едно ставање ренде лицето. Црвенило, болка , осип. Единствено на Лореал не ми направи проблем, ама веќе почнав да се плашам искрено. И тој го фрлив оксидиран беше уште кога прв пат го отворив. Ќе си користам други basic серуми што не содржат разни киселини.
Јакичок овој, можеби затоа си имала реакција. Ако имаш желба да користиш серум со витамин Ц, барај некој понежен, со нешто помала концентрација. Мислам дека така ќе ти биде поокеј. Или, некој со кремаста формула како Накоми, или пак можеби геласт како Goodal.
Ако мислиш на овој го имам само не дошол моментот да го отворам. Викаш нема да ми прави проблем? Само сега не ставам ништо недела дена од серуми креми само Бепантен крема.
Не верувам да ти направи некаква реакција, многу е нежен. Ама сепак биди внимателна со овие појаките. И не ги нанесувај на чисто лице, практикувај сендвич-метод. Јас ставам млечен тонер како основа, па потоа нанесувам каков било серум. Така ми е побезбедно за кожата. А штом вака често ти се прави, можеби е нарушена кожната бариера, па реагира на активни состојки. Не употребувај активни состојки извесно време. Удри на centella, пантенол и слични состојки со смирувачко дејство, па дури откако ќе се среди тоа пробај со некој друг послаб и понежен витамин Ц.