Го користам периодично овој витамин Ц-серум, последно ставив синоќа, се денес чувствувам благо чешање и пецкање само околy носот (обележав на сликата подолу конкретно). Се има случено и претходно поодамна, но не на секое користење. Нема видливи ранички или иритации, сувост во тој предел од лицето така што не ми е јасно зошто ова се случува. Имал ли некој вакво искуство?
@koritsaki мислам има користено затоа ја тагнувам. Прашањето ми е дали се добри серумите со витамин ц на алверде?
Здраво Барам препорака за хиалуронска киселина која има пријатен ефект на лицето, сличен на онаа на Revox и Dr. Viton. Имам користено на Оrdinary и Weleda но не ми се ништо особено.
Geek&Gorgeous, имаат light верзија што е полесна и rich верзија. Втората мене ми е поубава, имам чувство дека подлабински ми ја хидрира кожата. Супер ми е за преку целата година. Пробај ја прво полесната верзија, па види како ќе ти се допадне за понатака.
Мислам дека од пред некое време ги има и низ ДМ маркетите. Инаку, можеш да си нарачаш преку coslovemetics.mk, или ако те носи патот накај некој од нивните дуќани.
Само што видов дека има акција 2+1 гратис, ке им дадам шанса. Можеш да ми кажеш што поточно е разликата меѓу лајт и рич верзијата?
Јас ја имам пробано лајт верзијата и супер беше, мислам ако имаш помрсно лице лајт ќе ти одговара. Другото е погусто, лично го немам користено
Light верзијата е наменета за комбинирана и мрсна кожа, а другата за посува кожа. Во вискозноста мислам дека немаше некоја многу голема разлика, можеби rich-от беше малку погуст, минимално. Јас имам комбинирана кожа, почесто го купував тој серум (rich) и немав чувство дека нешто ми ја гуши кожата и слично. Многу ми пријаше. Ги препорачувам и двете верзии, ама ако се двоумиш, оди со полесната варијанта, па ако ти се допадне, во наредна прилика пробај го и другиот.
Благодарам И јас имам комбинирана и мрсна. Ке ја искористам акцијата за 2 плус 1 гратис, па се мислам дали да земам 2 лајт или 2 рич, а секако ке земам од двете.
Дали некоja од вас ги има користено овие два серуми на Geek & Gorgeous: aPAD 20% Azeclair и Stress Less?
Stress less јас го користам, наводно е за хидратација бидејќи има бета глукан и за смирување на кожата. Не можам да кажам дека нешто премногу хидрира за разлика од други серуми, а и нема некој посебен ефект, црвенило имам уште. Океј е за цената ама не прави никакви чуда.
Има ли некој dupe на Non-acid acid precursor 15% од NIOD? Тоа беше единственото нешто што ми го исчисти лицето пред некои 5-6 години. Ама поскапен е дупло оттогаш, и ДДВ ќе треба да платам ако го нарачам онлајн. Основна состојка е Lactococcus Ferment Lysate. Што да барам на нашиов пазар?
Од Росен го најдов во МК https://rossen.mk/products/serum-za-lice-so-probiotik, а овие од Паула'с најблизу во Сефора Грција, Србија ги има.