Земав од ordinary niacinamid, кожата ми е со мрсна т зона и имам пори изразени и затоа и го купив за тоа. Моето прашање е кога се става и колку пати во неделатами дали само на места кај што ми се порите или цело лице? Обично не користам ништо освен хидратантна крема зошто брзо ми се исфрла лицето, и само со creave го измивам навечер,моментално ми се останати на некое место какп мали пори или дупку од предходно но не сс ни гледаат мали се, и како флеки, дали помага и за тоа?
Можеш на цело лице слободно и двапати на ден, доколку имаш потреба, а можеш и еднаш само, пак би имало ефект.
@Mishela фала за препораката за серум: одличен е! Фатив и добра акција 2+1 гратис. Почнав со лајт верзијата, рич верзијата ке чека зима.
Од се што сум пробала мене најубаво ми легна на Uriage серумот anti-dark sport. Убав ми беше и Vita C squeeze нa Eyenlip.
земав јас лани на гарние со витамин ц салицилна и ниацинамид све во едно ама сега не можам да ја најдам. Можда им е сменето паковањето. фала на препораката,би ги пробала.
Дајте препорака за серум за лице имам мрсна кожа ама на работа од затворен простор што не се луфтира ми излегуваат цело време ситни бубулички.
иста сум со мрсна/комбинирана кожа. Зимно време сите сме во затворени простории зачадени со греење кожата 90% си трпи. Јас би ти препорачала серум со ниацинамид и серум со салицилна киселина
Една од опциите може да биде Geek and Gorgeous серумот со салицилна, на шишето пишува Porefectly clear. Друга опција, Some by mi серумот со AHA, BHA, PHA. Тој е 1200 денари, ама поголемо шишенце е од класичните серуми, има 50мл. Оваа линија ми е откритие за чисти пори, имаше и тоник за лице, одличен беше. Оливал micropeeling серумот е исто така топ, мислам дека на попуст знае да дојде до 600 и нешто со цената. Редовната не се сеќавам колку му беше, но доста често сум го наоѓала намален во Тесори ди маре дуќанот.