Девојки дали го пробала некоја новиов серум на Биодерма? Во описот пиши дека е наменет за флеки и пигментација, го осветлува и изедначува тенот и ја хидрира кожата и спречува стареење Цената му е 1700 денари но колку е ефикасен? Од истата линија имаат и ноќен крем..
Девојки, го користи ли некоја серумов? Како сте задоволни? Поклон ми е, немам досега користено ништо од Vichy.
Не сум го користела, ама прогласен е за еден од најдобрите серуми до пристапна цена за минатата година. Во Америка многу го рекламираа. Би требало да е добар, пиши искуство кога ќе го пробаш
The Ordinary Hyaluronic Acid ја користам веќе нееколку месеци и навистина ми се допаѓа, за др.Витон имам само витамин ц оддамна користено, ама сега бидејки користам неколку производи од ординари и многу ми се допаѓаат и ми одговараат на кожата, би ти препорачала да си земеш Ординари. Но сепак се работи за кожа и зависно од продуктот, состојките и како ќе го комбинираш ке имаш таков ефект. Доколку сакаш да навлегуваш во the sciency things провери ја странава. Направена е споредба според состојки на двата производи. Се надевам дека помогнав.
Почнав да го користам скоро една недела и презадоволна сум засега многу ми е погоден. Лицето го прави многу меко и мазно, нема никаков мирис, буквално како вода е и одма се впива во кожата. По 3 капки ставам и таман се за на лицето и вратот, насабајле и навечер. Другарка ми што ми го подари рече дека многу и помогнал за флеките од акни. Дефинитивно ке продолжам да го користам.
А дали е за сите возрасти ? И цена знаеш колку е отприлика? Фала *воедно да прашам препорака за серум за лице за комбинирана кожа со мрсна Т зона . За под 30 год
Здраво,дали некој го има користено серумот од Dr. Viton Swiss apple stem cell ако може да сподели искуство и од колку години е препорачлива негова употреба
Не го фалат дека е добар, плус пипетата била ужасна. Некој добар серум за хидратација за 27 години да ми препорачате?
Јас го пробав, мене ми е океј. Језда претходно имам само еден користено (тој на Алверде со маслинка) и можам да го споредам само со тој. Хидрира, а не мрси. Пипетата е океј, ќе видиме дали ќе биде подеднакво функционална кога ќе има малку серум. Преубо мириса на портокал. Го користам веќе 10 дена сигурно, немам негативни последици од него. Така да, ми се допаѓа.
Јас го пробав ! Пипетата УЖАС никако да остави барем една капка производ , не ми прави ништо посебно и никакви промени на лицето , не би го купила пак Сега го ставам секоја вечер на врат и деколте да го потрошам..
Да се самоцитирам, го земав овој серум, имам флеки од акни и малку хиперпигментација целта му е да даде изедначен тен и избелување на флеките. Таман ми се погоди периодов да го користам додека сме во карантин неморам да се кријам од сонцето и да ставам спф креми, ќе се покаже во вистинско светло како делува. Се користи 1 месец па ќе пишам дали има резултати.
Девојки како правилно се нанесува Estee Lauder Advanced Night Repair серумот, на влажна или на сува кожа? Во план сум да го земам деновиве, читав многу пофалби.