Се става на чиста кожа по една капка на секој прст се масира од ценарот на лицето кон надворешноста.Има доста видеа на youtube.Јас го ставав на сува кожа.Се чека околу минутка да се впие и потоа се става хидратантна крема.
Доцни 20, после 27 треба да се почне со некоја поголема нега на кожата.Се почнува со серуми со вит,Ц и серуми со хијалуронска и дневен и ноќен крем.Според тоа што јас имам читано ако сум грешка слободно корегирајте ме.За помлада кожа само вадење на шминка, крема со спф фактор и хидратантна крема наменета за соодветниот тип на кожа е сосема доволно.
Дали серумот од авон со витамин ц е добар? Имам 22 години и мрсна кожа , но некако ми е дехидрирана , без сјај, безживотна. Или препорака било каква.
Ајде кој е поупатен.. совет каков серум за 30+ години, против брчки особено околуочна регија и за флеки од сонце?
Мајка ми го користи на Balea - vitamin C, поевтин е од тој на авон. Мајка ми има 47год. и задоволна е, а конкретно за тој од авон не знам...
Го имав купено хијарулонскиот серум на Биотен, златно паковање и не ми беше нешто посебно. Потоа го нарачав на The Ordinary и сум презадоволна. Сега сум во план да ги нарачам тој со ниацимид, витамин ц (најнежна верзија) и AHA+BHA. Па ќе видиме дали ќе ги биде, а читам премногу позитивни мислења на интернет за нив
@inception мислам дека за двете работи би послужил серум со вит. Ц. @Nikolinaaa.123 не си пишала колку години си. Vichy mineral 89 е со хијалуронска киселина и е за сите типови на кожа но има antiaging ефект.Моја пријателка го користи подолг период и е презадоволна. Друг серум кој е доста фален во темата e од Есте Лаудер advanced night repair.Тој има повеќе антиејџ состојки и е доста поскап и е за сите типови на кожа. Серум со вит.ц исто можеш да користиш дури и ако си помлада.И тој е добар за мрсна кожа.
Витамин ц серумот од Балеа дали лесно упива, да не е мрсен? И дали може после него да се аплицира крема од краставица или алое.
Јас го користам, скоро при крај ми е. Имам масна кожа и дополнително не ми ја масти кожата. Дава свеж сјај и воопшто не е тежок на лице. Обавезно после серум се става крем за лице.
А дали одговараат креми со краставица или алое вера со витамин ц серумот? Такви гелови и креми ми се најосвежувачки за наредниов период.
Zdravo..imam 24 godini i razmislivav za koristenje na ovie dva serumi vo negata na lice..dali gi imate koristeno ili pak preporacuvate nekoi drugi? Blagodaraam
Вториот го истрошив и воопшто не забележав разлика. Би ти препорачала да ги видиш новите Revox серуми во ДМ, cцената им е 325, имаат хијалутонска киселина. Jас го купив Aha acids бидејќи само тој го начекав и веднаш забележав разлика по неколку користења.
Да, океј се. Само да не биде чист алое вера гел бидејќи серумот е на база на масло, а алоето на база на вода (нема смисла да се користат едно после друго).