Дечки имам 22 години, и досега не сум користела серуми. Дали е доволна возраста да почнам со користење на витамин ц, хијалуронска киселина и ниацинамид? Имам нормална кожа Ако може и некои предлози за продукти, кои се подобри? И дали треба наеднаш да почнам да ги користам сите 3, или постепено? исто ме интересира дали случајно има некои контраиндикации од истовремено користење? мислев денски да користам вит ц и ниацинамид, а навечер хијалурон и ниацинамид? Или не бива вака
Хијалурон не, после 25-26 или 30, зависи од генетиката. Уште си млада. Навечер можеш да користиш витамин Ц, а наутро ниацинамид. Ако не си користела серуми витамин Ц можеш да го користиш 1-2 пати неделно само навечер (иако јас сметам дека рано ти е за витамин Ц). Обавезно да почнеш да користиш крем со заштитен фактор.
Хијалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата и ја хидрира, нема некои посебни анти ејџ својства (иако кај нас ја прават wow) така што можеш да ја користиш слободно. Наутро користи вит Ц па крема со спф, а навечер ниацинамид, па хијалуронска, па кремата што си ја користиш.
Ќе ти ги препорачав на Ординери ама ми пишаа дека ќе ми ги рефундираат средствата бидејќи не можеле да стигнат. Би ти ги препорачала на Revox тие што ги донесоа во ДМ. Земав Aha, планирам и да земам хијалуронска киселина и Ниацинамид и тие да ги комбинирам. По 325 ден се. Ниацинамидот наутро, другиве две навечер.
Мислам дека за хијалуронот нема ништо штетно , сепак го има природно во нашиот организам и нема штета освен хидратација
И јас го гледав конкретно ова на Revox, гледам во него има и хијалуронска и ниацинамид, па мислам добро е да се користи, имаш 2 во 1
Посебно се мислам, не пишува на ова дека има, само хијалуронска е. Али кога ќе одам убаво ќе разгледам
Да, ама во дваесеттите кога кожата “работи” во полн потенцијал не би требало да ја оптеретуваме со непотребни состојки бидејќи ќе стане мрзлива и кога ќе дојде време да се користат препарати за одредена намена (брчки, пигментација) ќе нема да делуваат. Исто така ќе нема ефект на кожата што значи џабе ќе се трошат пари. Тука убаво е објаснето.
И во 20тите луѓето имаат проблем со неизедначен тен, флеки, дехидрирана кожа и сл. Згора на тоа воздухот е загаден, носиме шминка, постојано сме под некаков стрес, храната... сето тоа влијае на изгледот на кожата. Доколку не се грижиме за неа уште тогаш, не можеме да очекуваме чуда на 30+ и да се надомести сето тоа.
Дали смее да се користи во комбинација со други серуми? Сакам да земам niacinamide, витамин Ц и хијалуронска и малку сум збунета дали смеам одеднаш да ги користам и кој серум е за преку ден а кој за навечер
Хијалуронската можеш со било кој, а другиве два најубаво да ги распоредиш, вит ц преку ден и ниацинамид навечер.
Ако мислиш на вит Ц од др Витон да, искрено не би го купила пак, џабе фрлени пари. Воопшто не забележав разлика. И јас го купив за флеки.