Ги има ли некој пробано од новата марка REVOX JUST, достапна во ДМ. Се мислам за ниацинамид и хијалуронската киселина... Има некој искуство/совет?
Само што го купив денес, да го пробам деновиве па ќе пишам @Butterfly.girl5 инаку помеѓу овие два што си ги пишала за ниацинамид ми посочија дека не прави ништо посебно
Не мислам дека има разлика, али и јас ќе се придржувам на тоа. Земав Ниацинамид и Аха. Ќе кажам резултати за некоја недела. Еве можеби некому ќе помогне.
Ова може да се користат сите серуми истовремено? Или сепак е многу Јас користам вит.Ц наутро, сега плус хијалуронска, ама за навечер немам серум. Некоја препорака за многу сува кожа 29 години
Па еве јас пошто се водам по таа за акни пишува за навечер едно од тие, а јас бидејќи на сабајле ставам ниацинамид, аха ставам навечер и врз двете ставам крема. Можеш хијалуронската и навечер бидејќи гледам во првата тебела и наутро и навечер ја ставиле. И вез неа нормално крема. Немам некоја препорака за крема за жал.
Јас почнав да го користам овој серум, само што многу е рано да имам било каков резултат. Изначитав дека е прилично добар, а Olival секако произведуваат природна козметика. Го ставам наутро заедно со кремот од истата линија пошто го земав во сет со ролер од жад. Инаку, после серумот и кремот обавезно ставам и крема со заштитен фактор.
Некоја од вас дали го има пробано серумот на Натура сиберика. Го порачав, па чекам да го испробам https://www.bellina.mk/p/490/pore-m...je-na-pori-za-mrsna-i-kombinirana-kozha-15-ml
@senza.parole да , почнав од четвртокот да го користам само 15 мл е ама прочитав дека е концентриран за разлика од др серуми. Јас го земав тој за масна кожа, матирачки серум плус ги затегнува порите. Сега за сега приметувам дека скоро воопшто и да не ми се мрси лицето, а за порите ќе видиме понатаму дали нешто ќе направи
Полош серум немам користено, уште кога искочи пред некои две години со @savana го купивме и двете ептен незадоволни бевме.