Па јас го користам секој втор ден, наизменично со ниацинамидот, сега за сега рано е да кажам. Барем месец дена треба за видливи резултати. Инаку не го измивам, не пишува дека треба.
Го има во подобро снабдените аптеки инаку предобар е, ама соленка цена, околу 2300 мислам е Инаку, од витамин ц серумите на The ordinary кој би ми го препорачале како за почетник, а и за летниот период да одговара?
Препорака за добар витамин Ц серум, со попристапна цена? На Revox витамин Ц го нема во дм а не ми се нарачува преку интернет, Dr Viton го имам пробано ама не бев баш задоволна. Некој да сподели искуство со серумот на Балеа? Читав поназад дека има доста незадоволни, ама да прашам да не има некое ново искуство во меѓувреме.
Братучедка ми го користи моментално и не е задоволна,пипетата била лоша и плус не приметувала никаков ефект
И јас се сложувам, пипетата е ужасна. На почетокот беше океј, но откако потрошив половина серум, започна многу тешко да се вади. Сега за да го дотрошам, буквално го трескам во дланка за да излезе. Иначе, не е нешто лош, хидратира океј. Туку, што всушност треба да се очекува од серумот? Јас лично втор вид на серум тек користам и освен добра хидратација и никаква лоша реакција на кожата, не гледам разлика од стандардна крема. Дали треба да се осети некаква посебна разлика веднаш или сепак сите типови на козметика и нивното редовно користење прават разлика во рок од 5 и 10 години? As in, за помалку брчки и малку одложување на стареење, ако така можам да се изразам.
Ефектите на сегашна нега ќе се одразат во подоцнежни години,а некои серуми за први видливи ефекти им се потребни барем 3 месеци редовна употреба
Можеш да го пробаш Eucerin hyaluron filler Vitamin C, го има во зегин, незнам која е цената..јас го имам обичниот серум и сум многу задоволна, супер го хидрира лицето а исто така и овој серум со витамин Ц го фалат.
Дали ставате крема откако серумот ќе упие или не чекате и ставате директно после нанесување на серумот?
Можеш да почекаш 1мин пред да ставиш крема, секако и одма да ставиш не е проблем состојките секако се впиваат
Дали некоја го има користено серумот за хиперпигментација на Olival со масло од шафран, малина и лимон? Се' уште сум во потрага по серум кој ќе ми помогне и за флеките од акни, па барајќи наидов на овој Цената е околу 1500 денари.
Да ми дадете препорака за серум за лице со витамин ц? Има многу на пазаров, ама како што читам не сте задоволни... нешто со нормална цена, а сепак да има резултат.
Денес ми пристигнаа. Мислев нема да пристигнат се додека не ги пуштат границите, оти на веб-страната на поштата пишува дека пратки пристигаат само од земји со сувоземен пат и имаше список кои се тие земји меѓу кои не беше Англија. Ама, ете, утрово поштарот ме изненади како да ми е роденден Ќе пишам за некое време како ми делуваат на кожата