Витамин Ц наутро со хијалурон може, Ниацинамидот навечер исто може со хијалурон, ама ако наутро ставиш, не мора и навечер. Него, јас веќе месец сигурно го користам серумот со витамин ц на Оливал, заедно со кремата со витамин ц, ставам и ниацинамид од ревокс, правам хемиски пилинг исто на Оливал и лицето генерално ми е ок, ама едни и исти бубулици цело време си искачаат. Поткожни, црнки исто си се множат. Знам дека е рано, ама кожава ко да не реагира на ништо. Очај ме фаќа, згора на сѐ ми се истури серумот во мијалникот, ќе подумрев, не е баш евтин. На тие пари никаков ефект, ми доаѓа да полудам.
Јас го користам во комбинација со хијалуронската киселина од истиот бренд. Наеднаш ставам по 2-3 капки од двете навечер, после нив хидратантна крема. Можеби грешам што така ги лупам но мене ми дејствуваат прекрасно. Ова се првите серуми кои ги купив, можеби доцнам со нив но навистина ми се погодија. Скапички ми беа ко за прв пат но решив да ризикувам и се исплатеше. Со оглед на тоа што ги мешам, ми дозволува помалку да ставам со што траат подолго од претходно, веќе 3 месеци ги имам. Витамин ц-то само по себе го користев на почеток исто навечер и стварно помага многу. Јас имам чисто лице но по 2-3 недели се виде веќе разлика. Многу помазно, ми се регулираше пигментацијата, кожата сјае а подочњаците доста намалени. Топло ти го препорачувам!
Доколку не бараш конкретно за некој проблем освен тоа, тогаш Balea aqua serum. Доколку сакаш некоја активна состојка, тогаш ниацинамид или витамин ц.
Дали ви се прави бело на лицето ако го нанесувате хијалуронскиот серум на влажна кожа? Да не ја оставам многу влажна? Инаку, да го пофалам овој серум од Балеа за околу очи и усни со хијалуронска киселина. Некое време го користам и има голема разлика, јас и на усни ставам малку под лабело, измазнети ми се линиите, а околу очи немав многу брчки ама многу убав замазнет ефект ми дава. За над 30 години е.
Сакам да земам ниацинамид, се мислев за тој на ревокс, но гледам 10% е, а јас сум почетник. Во ред ќе биде да почнам да го користам или би требало производ со помала концентрација на ниацинамид (ако да, Ве молам предлог за таков) ?
Можеш да го користиш само не секој ден, како за почеток доволно е 3-4 пати неделно додека да ти се привикне кожата
Женски, барам низ темата ама неможам да најдам мислење за серумот со витамин Ц на Anew од Авон, се двоумам
Сега ги гледав состојките, и според тоа не би ти го препорачала. Втора состојка е денатуриран алкохол што може да ти предизвика иритација и да ти ја исуши кожата. Има и доста парфем во него што може да иритира. Го немам користено. Ама ако веќе сакаш да почнеш со витамин Ц ти го препорачувам на REVOX серумот. Го има во DM и е околу 319 денари ако го начекаш на попуст и поефтин. Има добри состојки и супер е. Само биди внимателна со витаминот ц, ако го користис наутро обавезно после тоа стави крема со фактор минимум 30, затоа што витаминот ц ќе ти го направи лицето пофотосензитивно и може полесно да изгориш на сонце и да ти се појави црвенило и иритација.
Нема проблем. Се надевам дека ќе видиш бенефит, пошто витамин ц е состојка која прави чуда на сите типови на кожа. Само треба да се внимава многу каков серум ќе се купи и дали во тој производ витаминот ц односно аскорбинската киселина ќе има ефект или не. Пошто доста често козметичкиве компании си прават маркетиншки трикови и пишуваат серум или крема со витамин ц а витамин ц има на последно место у состојки, што значи во некои траги, шо уствари нема нишо да ти помогне. Ако го пробаш пиши баш дали ќе имаш бенефит. И биди стрплива, за секој нов производ што ќе се внесе у рутината треба барем еден месец некогаш и два за да се видат резултати
@Lotta ако не сум грешка, до крајот на месецов сите серуми на Revox во dm се намалени, околу 270 ден. така нешто. Се надевам ќе успееш да најдеш, јас минатата недела во два дуќани барав и немаше витамин Ц. Инаку од Revox Niacinamide користам, јас сум задоволна. Ем цената, ем квалитетот. П.с. сега го користам на Olival Ц вит. серумот, околу 950 ден. Малку е скапичок, ама ми се допаѓа, резултати после 2-3 месеци очекувам. Инаку и сега после месец дена, кожата има фина реакција и посвеж изглед.
@kostovaivana баш затоа и си прашав, ќе се излажев со рекламата на Авон, со skincare сум слаба, немам проблематично лице, ама време е да му посветам повеќе нега. @DaftyCrafty се надевам ќе имам среќа, тој ни е еден и единствен ДМ во Битола