Провери дали конечно го донеле вит Ц серумот на La Roche Posay. Последен пат кога бев таму, го немаше. Соодветен е и за екстремно чувствителна кожа. Во него има 10% вит Ц. Малку поквалитетен од него, и со дупло повисока концентрација на вит Ц во него, е серумот на Aspect. Тој дефинитивно го нема во Мк и доколку се решиш за него, ќе мораш да го нарачаш.
Од вчера почнав и јас да користам хијалуронска со витамин Ц, прво хијалуронска па Витамин Ц, ми предложија да ставам по две капки од двете,да ги мешам. Малку бев скептик ама гледам кај тебе има резултати па ќе пробам и јас
Здраво женски, имам сува кожа склона кон брчки и сум 30+. Пред три месеци почнав да ги користам серумите на Revox (користам пептиди, коензим Q10, хијалуронска и ниацинамид), но не забележувам некое подобрување. Исто така, редовно прскам активен кислород. Некој совет што да променам/додадам за побрзи резултати
Би ти препорачала да го баталиш активниот кислород и да воведеш ретинол. Активниот кислород само ќе ти ја исуши кожата. За ретинолот има најмногу докази дека делува против брчки, така што полека вметни го. Можеш прво два пати неделно, па потпа да накачуваш. И не појак од 1% бидејќи ќе ти ја иритира кожата. А резултати за побрзо од месец дена тешко, без разлика што ќе користиш.
Моментално дојам, а знам дека ретинол не смее да се користи за време на доење. Ако може да препорачаш некој што би можела да го користам во иднина
Најпристапна цена имаат на Inkey list (10$ плус шипинг) и Ordinary (8$ плус шипинг). Моментално не знам колку им е шипингот. Кај нас ги нема, но може да се нарачаат од официјалните страни. Има сигурно и наши страни од каде што може, но не сум пребарала.
Дефинитивно се откажувам од серуми со витамин Ц. Нестабилни се, оксидираат и едноставно ми нема поента, затоа што постојат многу поефикасни активни состојки со подобар ефект врз лицето. Од друга страна, пијам липосомален витамин Ц, кој освен на кожата би требало да има бенефит и брз целокупното здравје на телото.
И јас не планирам да користам Витамин Ц серум повторно. Дали добра замена би бил Витамин Е, со оглед на тоа што и тој е ефикасен антиоксиданс? Се заинтересирав за овој производ, дали некој го проба? Го има во Olpeo.
Дали некој има користено Витамин Ц од Белина Имам проблематично лице со акни Користам сапун на уриаж и крема за акни на еуцерин кои добро ми ги прифати кожата сакав да воведам и витамин Ц па се мислев за тој Ми остануваат и флеки од акните дали витаминот Ц може да помогне во тоа или не?
Јас го нарачав, деновиве ќе почнам да го користам. Мислиме на истиот Витамин Ц на True Alchemy, така? Ако некој го користи и мене ме интересира каков ефект има.
@SimplyElegant да да на тој мислам И не само него има доста многу работи уште се мислам што се ми е потребно за лицето па да земам