Прво зависи од тоа какви проблеми имаш со кожата, дали ти е потребна хидратација итн... Гледам прашуваш за флеки од акни и јас се соочувам со тоа. Како што кажав, витамин Ц немам користено до сега и не знам дали ќе помогне околу избелување на флеките, меѓутоа последниве 2 месеца користам Млечна киселина од The Ordinary. Има две варијанти, со 5% и 10% концентрација. Препорачано е да се почне со 5%, иако го знам тоа јас почнав одма со 10%. Немав несакани ефекти но не препорачувам да се следи мојот пример. Во врска со ефектот, после 2 месеца јас гледам избелување на најголем дел од флеките кои што ги имав по образите е сега за тие флеки што се подлабоко во дермисот или ќе треба повеќе време или ќе морам ласерски да ги средам. Белина имаат на True Alchemy пилинг-серум со млечна киселина со тоа што овој се измива по одредено време, не се остава на лицето како тој на The Ordinary.
@SimplyElegant ке земам јас од таму Има блог на инстаграм магнолиа таа ми ги препорача некој работи па ги порачав ке видиме Сепак ти благодарам @SimplyElegant дали ти стигна од Белина?
Да, производите ми стигнаа наредниот ден откако ја направив нарачката. Почнав да го користам Витамин Ц 5% серумот. Порачав и салицилна киселина ама ќе почекам некоја недела да не внесувам повеќе нови производи одеднаш.
@SimplyElegant јас порачав во Четврток попладне очекував денес ама ништо, затоа ти пишав Ке почекам сигурно Понеделник Имаат нивна достава или преку некое карго носат?
Не ми текнува воопшто дали ми се јавија од некоја карго компанија или нивна достава беше затоа што работев од дома во тој момент и бев во гужва. А хартијата во која што беа спакувани производите ја фрлив.
Dali e vo red nautro nanesuvam hijaluronska kiselina + vitamin c a navecer serum so peptidi na revox. Dobra e kombinacijava , da ne napravam.belja so liceto @blessed.an preku total post logistik nosat jas ja cekav 4 dena. :/
Оливал мене ми се допадна многу , Revox многу оксидира како портокал бев а последниот незнам како е но би сакала да пробам нешто
Дали ниацинамидот помага за акни и за црвенило од нив? Колку време го користиш дали ефектите му се позитивни?
Јас бидејќи немав салицилна од каде да порачам го користев ниацинамидот,имав акни и црвенило. Го користам уште, значи некаде месец и пол.
Помага, но треба повеќе време. Но ако се посериозни акни треба појака терапија од дерматолог, само од ова нема да се исчисти лицето.