Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Колку е? И дали го има во космо?
     
  2. Panda girl

    Panda girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Околу 2000 денари. Го има во Космо, Анабела, Еликсир.

    Воглавно витамин Ц се препорачува за свежина на лицето, особено за изедначување на тенот. По лично искуство ги препорачувам производите на Clinique, е сега зависи тебе што ти е потребно..
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.567
    Допаѓања:
    106.300
    Пол:
    Женски

    Тој серум го имам користено и јас и навистина е убав, едно шишенце се користи 7 дена. Ја осветлува кожата , го освежува тенот. Јас од Грција го имам купувано често има 50% попуст , 4 шишенца за 44 евра (од 88 )
    Не знам колку се во Мк
     
    На Panda girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    969
    Пол:
    Женски
    Sakam da prasam za vitC od koja vozrast se koristi? I koja e potocno negovata uloga, vo koj del od denot se nanesuva? Pozdrav devojki
     
  5. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    2.068
    Колку долго ти траеше оваа фаза? Јас го користам ниацинамидот и хијалуронскиот на Revox секоја вечер веќе 1 недела, цела сум со ситни мозолчиња исфрлана вакво не ми било лицето не памтам од кога.. На работ сум да прекинам да ги користам :worried:
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    Па две недели можеби, искрено не гледав, чекав само да се превикне бидејќи знаев дека се случува тоа често. Можеби ставаш многу хујалуронска, гледај да биде само некоја капка и обавезно на крај крема, инаку ќе ја влече влажноста од твојата кожа и може од тоа да си се исфрли.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Почнав од пред неколку дена да го користам анти ејџ серумот на Логона, во комбинација со дневната и ноќната крема, и досега многу тешки се покажаа на лице.
    Споро се упиваат, лепат на лице, имаат некој чуден мирис на алкохол, и лицето "тешко" го осеќам после ставање.

    Засега голема 0 од оваа линија, а доста скапи беа
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Нема одредена возраст од која се користи витамин Ц.
    Улогата му е како антиоксиданс да се бори против слободните радикали од сонцето кои ја стареат кожата. Исто така, помага во изедначување и осветлување на тенот и избледување на флеки (од акни или сонце).
    Може да се нанесува во било кој дел од денот, меѓутоа се препорачува наутро како дополнителна заштита покрај СПФ кремата. Сепак, за некои производи фирмите препорачуваат нанесување навечер, па зависи и од тоа.
     
    На Kimberly11 и Bellaa1234 им се допаѓа ова.
  9. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Која линија точно ја користиш?
    Баш имав некои работи на Логона периодов во план да земам.
     
  10. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Оваа линија ја зедов.

    Имам нормална кожа, без акни, флеки и слично..
    Немам иритации и црвенило, едноставно може јас премногу тешко ја осеќам на лице..

    IMG_20200823_153032.jpg
     
    На eva993 и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Можеби. Јас од оваа линија само дневната крема ја имам пробано и ми беше ок. Серумот и ноќната ги немам пробано, но имам во план. Ќе споделам искуства. :)
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ghinna001

    ghinna001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    134
    predlog za nekoj dobar viatmin c serum?
     
  13. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Јас го користев 3 месеци серумот од dr.Viton на Alfalab и добар беше, но не забележав некоја разлика на лицето, сега го порачав од Revox, па ќе видиме. Инаку кај Магнолија пишуваше дека резултати се забележувале после 2 недели или 6 месеци од користењето.
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга вит. Ц е антиоксиданс и најдобро е доколку истиот се користи за време на целиот летен период наутро и навечер. Наутро се користи под кремот за заштита од сонцето со оглед на тоа што СПФ филтрите штитат претежно од УВБ зраците, а за УВА ( кои продираат подлабоко и предизвикуваат предвремено стареење) потребно е додаток на некој антиоксиданс кој во кремите за сончање честопати го нема. На овој начин на кожата и даваш дополнителна заштита во текот на целиот летен пеиод. За подобар ефект најдобро е доколку вит.Ц е комбинира о вит. Е (дава многу подобри резултати) со оглед на тоа што како антиокидани е надополнуваат. Затоа навечер комбинирај го со некој производ (крем или масло богат со вит. Е).

    Драга многу е важна комбинацијата на состојки и декларацијата. Ако производот содржи многу алкохол или пропилен гликол не е ни чудо што кожата ти реагира на овој начин. Се што прави разградување и ослабнување на заштитниот филм не е добро, бидејќи ја прави самата кожа неотпорна и таа за да се брани мора да активира дополителни механизми. Нијацинамидот е феноменален за масна кожа (знам затоа што јас лично го користам), ама многу е важно како е искомбиниран.

    За мене дефинитивно најдобар е серумот на True Alchemy 13% vit. C
     
    На Bellaa1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    969
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu za informaciite, guski
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    2.068
    Ниацинамидот го користам заедно со Хијалуронската киселина двата на Revox на чисто лице навечер, имам сува кожа иначе.
    Не ми го сушат лицето не осеќам затегање. Имам проблематична кожа склона кон акни едвај успеав да ја доведам во ред после долгогодишна борба со нив.
    Комбинацијава ја прочитав кај Магнолија ја препорачуваше за кожа склона кон акни, пигментација.. Не знам што правам грешно или можеби дека сега почнав со употреба па тоа е нормално..
    Ќе почекам месец да видам ако нема подобрување дефинитвно ќе прекинам..

    Од друга страна знам дека цената не е секогаш гаранција за квалитет ама пак и што да очекуваш од серум за 300 денари во споредба со останатите што се нудат на пазарот и имаат далеку погастрононски цени. Следниот пат можеби би пробала со некоја подобра варијанта од некој проверен бренд.
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Може ли да те замолам за декларација? На двата производи?
    Нијацинамидот е вит. ПП нема шанси да суши. Хијалуронот хидрира, така или е лоша комбинацијата или декларацијата не е како што треба.
     
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    2.068
    received_603566000325430.png

    Ова е од страната, нагласено е дека овие двата се добра комбинација за проблематична кожа склона кон акни :?:

    received_778569782898466.png
     
  19. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Јас до сега немам користено серум за лице. Имам комбинирана кожа и сакам да користам со цел да превенирам стареење и да ја негувам кожата. Имам 23 години.
    Дали можете да ми препорачате серум со убави состојки?

    @Biodevojka @koritsaki ќе ве тагнам вас, знам дека имате големо искуство со козметика.
    Добредојдени се и искуства од други.

    Благодарам :hug:
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.567
    Допаѓања:
    106.300
    Пол:
    Женски

    Кога бев и јас околу твојата возраст , го користев овој серум на Natura siberica - Sophora japonica (заедно со кремите за лице од истата линија ) и бев многу задоволна.
    [​IMG]
    Не го мастеше лицето дополнително (јас имам баш мрсна кожа)
    Тогаш се имав консултирано и со @Biodevojka за составот и ми кажуваше дека има одлични состојки баш за превенција од превремено стареење
     
    На eva993 и Leat им се допаѓа ова.