Драга мене овие со пропилен гликол воопшто не ми се допаѓаат. Башка имаат и ЕДТА и пег ако убаво видов. Ова е мое лично мислење секако имаш право на избор. Драга ако ме слушаш мене на твоја возраст немаш потреба од серум. Доволно е убаво средство за миење кое нема да суши и убав хидратантн крем. Твојата кожа (во таа возраст) има прекрасна способност за регенерација и обнова и нема потреба од многу производи.
Доколку не ти е проблем дали може да ми препорачаш некој друг серум со ниацинамид конкретно за мојов проблем што би ми одговарал? Или евентуално нешто слично?
Може ли уште еднаш да те прашам каков проблем имаш каква кожа и што точно корстиш за миење? Понекогаш средството за миење ако е премногу агресивно додатно ја влошува состојбата.
Имам ептен сува и чувствителна кожа склона кон акни и пигментација со проширени пори на т-зоната. Моментално акни не ми излегуваат но имам пигментирани флеки кои ми останаа од нив. Наутро и навечер го користам гелот на Bioderma Sensibio H20 за миење лице..
Драга според мене имаш потреба од хидратација затоа што мислам дека твојата кожа не е сува туку дехидрирана. Ако ми дозволиш јас би ти препорачала следно: 1. За миење на лице млеко на Оливал кошта околу 450 или 490 мкд не ми текнува точно ама преубаво е. Пишува дека е за сува кожа, ама според мене одговара за сите типови на кожа со оглед на тоа што не суши воопшио, нежно мие без да ја наруши правилната амнотежа на кожата. 2. Крем за лице на Др. Конопка за комбинирана кожа околу 350 кој е длабоко хидратантен. Користи ги само овие во наредните два месеци. Најважно нешто е најнапред да направиш рамнотежа на природниот заштитен филм на кожата. Дури после тоа, ќе ти препорачам нешто за флеки на база на Ц витамин. Мора да и помогнеш на твојата кожа да се нормализира за потоа да може самата да ги регулира неправилностите. Кај мене на јутуб има две многу убави видеа каде го објаснувам ова (едно е за флеки мислам дека се вика мелазма видеото, а другото е за акни во лето). Погледни ги. Еве ти слики од производите за кои ти говорам. Користи ги само овие два наутро и навечер во наредните два месеци.
Драга јас не си дозволувам да ти кажам да ги прекинеш. Јас на твое место не би ги користела а од она што го прочитав резултати немаш. Ова беше само мој совет, ти секако имаш право на избор. Јас пред сѐ на твое место би гледала да ја нормализирам кожата со она што ти го препорачав. Јас имам комбинирана кожа и млекото за миење ми беше перфектно. Кремот има одлична формула така да мислам дека двата заедно ќе ти помогнат. Доколку се решиш да ги пробаш користи ги само тие два (не мешај друго) во рок од два месеци (толку и е потребно на кожата да се нормализира) потоа пиши ми за резултати.
Што мислите за овој сериум? Имам проблем со флеки од акни па сакав да го пробам. Некој да сподели искуство?
Јас не сум многу задоволна од него. Искористив две шишенца и не видов некој голем резултат. Со оглед на цената, не е нешто wow. Моментално го користам Витамин Ц на Revox и можам одма да направам разлика и во цена и во делување.
Дали може серумот салицилна киселина да се комбинира со азелеична киселина? Знам дека азелеичната е доста слаба киселина наспроти салицилната, ама пак да си прашам..
Имам црвени флеки од акни, па би замолила некоја од вас што повеќе се разбира да ме насочи што серум да користам и по можност да не е многу скап.
Овој серум содржи најголем процент на вит. С 20% за разлика од некои други што се наоѓаат на нашиот пазар и не се препорачува баш во летен период поради големиот процент. Јас го користев и не видов некоја разлика. Јас користам серум кој содржи и салицилна и азелаична во составот но не знам колку проценти па ваљда може да се мешаат Ниацинамид и/или вит. С.
Мислам да го земам ниацинамидот на revox, ама не можам да се одлучам за витамин ц.. Може ли препорака за серум со вит ц ?
Јас го имам на dr. viton и не видов никаква разлика и планирам да го земам на true alchemy, го има во белина
Докажано е дека хијалуронската киселина помага во регенерирање на флеките од акни. А во врска со акните важно е кожата да се хидрира после третман за акни (салицилна, гликолна киселина, бензоил пероксид, ретинол и сл) така што добро е да се користи и тогаш.