Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга погледни го видеото кое го имам направено на оваа тема ќе ти помогне. За било каква препорака или производ слободно пиши.



    Драга јас воопшто не верувам во вакви производи каде нема убава декларација не е назначено каков Ц витамин е користен во која форма итн Има само активни состојки и неактивни, а никаде нема комплетна декларација...Мене како производ не ми се сигурни.Не сум го пробала ниту пак препорачала на некого Знам дека сите мислите дека поголем процент н Ц витамин подобро делува ама има разни форми на Ц витамин и секои од нив имаат различен процент на употреба. На пример Содиум аскорбил фосфат се користи од 0,5 до максимум 4% иако повеќе од 2 ретко го користат затоа што има висока пХ вредност. Аскорбил глукозид може до 13% итн.

    Ревокс со ниацинамид ми го има покажано една девојка која побара совет и мене лично не ми се допаѓа не е убаво избалансиран. Има премногу пропилен гликол кој го разредува природниот заштитен филм на кожата. За жал друг со ниацинамид немам видено. За Ц витамин пробај ги серумите на True Alchemy.
    Ќе ти ставам линк од видеото кое го имам направено пред два месеци за овие серуми како третман за целиот летен период.

     
    Последна измена: 9 септември 2020
    На Ева33, koritsaki, eva993 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Со исти состојки 2ца ќе направат различни торти. Исто и за skincare производи. Некои состојки не сакам да ги имам во производ, ама многу осудувате и критикувате базирано на некои skincare ентузијасти чие знаење е превземено од yt и google. Да не именувам. Имате свој став истражувајте и вие, пробувајте, консултирајте се со дерматолог. На крај на денот некој серум може на сите да им одговара а само на тебе не.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Предлог каков серум да купам, лицето ми е чисто немам флеки и акни , но имам премногу црнки на т зоната. Кожата на образите ми е нормална а на т зоната претерано мрсна. Исто така порите ми се многу проширени и лицето ми е безживотно без сјај и свежина, и не ми е рамна кожата. Ако може како за почетник да ми кажете кои серуми да ги купам, у која комбинација да ги користам, колку пати и во која доба од денот, оти навистина не се разбирам. Благодарам :*
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, доколку лицето ти е без сјај во тој случај земи серум со Ц витамин. Според мене најдобар е на True Alchemy 13%. За црнките купи зелена глина или глина расул и двапати неделно прави маска само на местата каде имаш црнки. Помешај глина со малку вода за да добиеш убава смеса и намачкај само на местата каде има црнки. Кога глината ќе почне да затега одма миј. Не треба да ја оставиш да се исуши комплетно затоа што премногу ќе ја дехидрира и исуши кожата. Првите две недели прави го двапати неделно потоа само еднаш неделно. Ова многу помага. Обавезно нанесувај убав хидратантен крем за твојот тип на кожа. ПОздрав.
     
  5. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Мислење за овој серум со вит ц, сакам да го користам за флеки од акни?
     

    Прикачени фајлови:

  6. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Душо веќе 3 год постојано користам глина, ефект има од сабајлето до вечерта и толку. Нанесувам 3 пати неделно и пак нема ефект. Чаре ми е само уште серумиве на ревокс да ги пробам.
     
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.114
    Допаѓања:
    40.317
    Салицилна киселина за црнките, витамин ц и хијалурон за сјајот на кожата
     
    На Kjara15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    А ниацинамид за што е уствари :) може да ми кажеш по кој редослед, и колку пати?
     
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.114
    Допаѓања:
    40.317
    Првично за хидратација
    Наутро по миење тонер за хидратација, хијалуронска киселина па витамин ц (јас ставам плус ниацинамид), крема и крема со фактор.
    Навечер миење, тонирање, салицил па крема
    (Јас имам три рутини и ротирам секоја вечер. Првата гликолна, салицилна, втората азалеинска (исто добра за црнки), и третата витамин а на тру алкеми)
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    За што е гликолната киселина?
     
  11. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.114
    Допаѓања:
    40.317
    За благ пилинг. Ако една работа треба да препорачам од тристате ствари што ги ставам на лице е тој тонер. (ТО)Буквално и дава живот на кожата. Помека, сјајна. Предобар е. Со рака го ставам не со памукче
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга изборот е твој не ти се мешам, јас само се обидувам да помогнам.
     
    На Kjara15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. PoisonIvyFatale

    PoisonIvyFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Дали може да се става крем или серум после салицилната?
     
  14. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Користев витамин ц од dr.viton сега користам витамин ц и ниацинамид од ревокс и не гледам резултати. Како треба да ми изгледа лицево за да знам дека има резултат? Јас мислам дека ми е исто со црвенило, со дупки, нерамнини.
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    За да има некој видлив ефект во однос на флеки и изедначен тен треба барем месец за некој минимален ефект. За црвенило би требало веднаш да се забележат резултати, а доколку имаш розецеа освен ниацинамид треба и креми кои се баш за таа намена. А за дупки треба и третмани со киселини кои ќе направат некоја мала разлика. За тоа најефикасни се ласери.
     
  16. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Немам розоцеа, туку црвенила кај што сум имал акна. Инаку користам повремено млечна киселина како пилинг, а го имам и маслото со киселини од тру алхеми, но не можам да го користам дека сега ставам од серумиве.
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да паузираш со вит ц и други јаки киселини и да користиш само ниацинамид и крема, за да може да се регенерира кожата. Пробај така некое време.
     
    На Besmrten му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.284
    Допаѓања:
    12.359
    Пол:
    Машки
    Мене серумот витамин Ц, ми правеше црвенило и ситни акни. Ниацинамидот ми е погоден и го користам сабајле, а навечер користам азелеична киселина.
     
    На Besmrten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    можеби и јас треба да се откажам од витамин ц
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    14.412
    Пол:
    Женски
    А дали користиш крема со заштитен фактор?