Јас го пробав, не можев да набавам Сона зашто се откажа летот за Македонија, па морав да земам нешто дрогериско. Имам толеранција користам Сона со години, а овој ми беше ужас, ненормално ме печеше и иритираше. Сум пробала појаки ретинол серуми, па не било така. Се консултирав со дерматологот тука кој ми кажа дека има премногу алкохол денат, кој ја прави кожата попропуслива и многу брзо го апсорбира во кожата, а со ретинол подобро е постепено. Исто така има и парфеми и мислам дека заради нив имав непотребни иритации. Не беше ефтин, а не вреди за парите од мое искуство. Инаку јас го имав B3 Pure Retinol serum.
@russian.mama благодарам тогаш нема да го земам. Да имаш право,не е баш евтин, околу 27 евра е тука ксј мене во Грција.
Здраво драга нијацинамидот е всушност витамин ПП кој e одличен кога станува збор за нечиста и проблематична кожа склона кон акни. Процентот на употреба е нормално околу 2% иако некаде е и поголема особено во оние креми кои се наменети како козметика против флеки асоциран со уште една состојка арбутинот. Меѓуто проблемот е во тоа што доколку се стави повеќе на пример веќе околу 4% може да предизвика пецкање на кожата кај оние кои имаат чувтвителна кожа. Јас секогаш го користам 2% во кремите кои сама си ги правам. Исто така имам забележано дека оваа состојка има големо ленитивно дејство врз кожата и е особено корисна во производи после сончање. На некој начин ја прави самата кожа поубава и покомпактна. Многу е важно и како е искомбинирана со останатите остојки во еден производ секако. Поздрав.
Фала ти за предлогот, го знам, но има доста лош состав. Веќе земав на Drunk Elephant и сум многу задоволна.
Dali e okej da se stava serum bez pritoa da se nanese hidrantna krema? Masno mi e liceto, i ne mi se dopagja kako izgleda. Edinstveno koristam spf krema koja mi e okej i ne mi go masti do toj stepen.
Драга не знам кој серум го користиш. Доколку е само на водена база во тој случај ти треба и хидратантен крем. Доколку станува збор за серум кој има и водена и маслена фаза понекогаш може да биде и доволно.Како и да е најдобар производ според мене е оној кој е емулзија (ги содржи и двете фази) токму поради фактот што е комплетен како производ дава и хидратација и хранење. Исто така има крем и крем не се сите исти,. Јас сум сигурна дека може да се најде соодветен и за твојот тип на кожа. Поздрав
Јас не користам крема. Отсекогаш сум имал прилично лошо искуство со хидратантни креми. Неодамна се решив да ја пробам дневната хидратантна за ултрасензитивна кожа на Балеа, која има прилично лесен состав и ко што се сеќавам нема некоја состојка која може да ги затне порите. На почеток ја користев наутро и навечер и во рок од два дена ми се нафрли лицето. Направив пауза од неколку дена, почнав само навечер и по неколку дена повторно ми се нафрли лицето. Сега во план ми е да ја пробам на Revox, ама би ја употребувал само навечер. Преку ден не ставам ништо повеќе од spf.
Од кога ТО почнаа да се пробиваат на пазарот со предобрите рецензии, скоро сите фирми почнаа истово да го прават. Само прашањето е дали состојките се исти како на ТО?