Дали некоја би сакала да ми го пише редоследот на користење на АХА или Салицилна к-на, вит. Ц, ниацинамид, и хидратантната крема. Во план сум да купам па како се комбинираат? Знам дека сега му е периодот на користење на хемиските пилинзи.
Витамин Ц наутро, нијацинамид навечер. Може и обратно, ама витаминот Ц дава дополнителна заштита од сонцето, па затоа е добро наутро. Хијалуронска може наутро и/или навечер, во зависност од потребата за хидратација. Заради практични причини (се става на влажно лице), после миење лице можеш да ставиш хијалуронска киселина, а потоа витамин Ц или нијацинамид. Погоре напишав за витамин Ц и нијацинамид. Дали и која киселина (AHA/BHA) ти треба зависи од тоа што сакаш да „поправиш". Може да ги користиш наутро или навечер, иако „посигурно" ти е навечер, кога нема сонце. Почни со ниска концентрација и со ставање еднаш седмично, па зачести ако имаш потреба и кога ќе развиеш толеранција. За најдобар ефект се ставаат први после миење лице, ама има и најголем ризик за иритација, па ако сакаш послаб ефект стави ги подоцна, после друг серум. Хидратантна крема доаѓа на крај.
Тешко е да се каже. Некаде се вели дека за секоја мрсна кожа е неопходна хидратантна крема и дека тоа помага во намалување на производството на себум, бидејќи без неа кожата произведува плус себум за да надополни хидратација. Од друга страна, сум слушнала дерматолози дека не му е потребна хидратантна крема секому, а тоа „кому" се однесува на луѓето (најчесто со мрсна кожа) кои самите сметаат дека не им е неопходна бидејќи произведуваат доволно себум.
Си пробала со гел креми? Исто така, се вели дека силиконските креми го матираат лицето (слично како прајмерите за шминка - и тие се на база на силикон), а се многу лесни, баш како што сакаат луѓето со мрсна кожа.
Ако користиш агресивни чистачи за лице, може од нив ти се мрси, не од кремите. А може и ти е дехидрирана кожата, па лачи повеќе себум.
Користам гел крема на Clinique но не гледам некоја разлика. Препорака за некоја др гел крема што можам да ја најдам кај нас мкд? Зедов сега it's skin banana, прв пат користам. Како пена е за чистење на шминка минус е тоа што многу печат очите доколку дојде до контакт. Предходен на Clinique користев и на Балеа една пена
Иако имам мрсно лице мене гел кремите ми го мрсат лицето. Може чудно е , ама погустите повеќе ми одговараат. Од Клиник таа moisture surge ја користев порано ама ми го мастеше лицето. Superdefense е по густа и таа највеќе ми одговараше. Jelly како геласта ми беше ок единствено, ама концетратот мн брзо ми се трошеше и не осетив дека ми дава некоја хидратација. Еве и на Natura siberica иако се погусти ми одговараат многу. Види и чистачите што ги користиш да не се преагресивни и да не ти го сушат лицето, иако го чувствуваш мат по миењето доколку не ја хидратираш кожата потоа лачи повеќе себум.
Немам мрсна кожа, не би можела со сигурност да ти кажам која би ти била океј. Од гел креми сум ги користела: Clinique moisture surge, Neutrogena Hydro Boost и Hada Labo Tokyo moisturizing gel cream. Ако Clinique ти е многу, мислам дека Neutrogena исто ќе ти е многу, а Hada Labo Tokyo можеби ќе ти е океј, за мене лично беше премногу лесен и недоволен (имам нормална кон сува кожа).
Хада Лабо не се добри за масна кожа. Имам комбинирана, кремот цело време го осеќав ко да имам маска на лицето т.е ко да ми е испотено цело време. Многу грдо чувство. Ене го така ми стои, џабе фрлени пари.
Исто и јас мака си мачам со кремите. Пример за некој флуид? Имам забележено дека баш оние гел креми дополнително мастат. Единствено гел од алое вера кога ставам не ми масти лице. Но го имам пробано како подлога и не ми одговара дека користам мат пудри, па нема доволно хидратација и ми се лупи делот кај носот. Онаа на фрезидерм ако ја ставам како подлога тоналната крема уште повеќе ќе ми го измасти. А не користам ништо агресивно за миење.
Zdravo, koj od ovie dva serumi mislite deka e popogoden za prosireni pori, sitni komedoni i fleki od akni? Ke stavam slika i od momentalnata sostojba na kozata.(inaku vo momentot pijam tableti Diane 35 i koristam Sona za liceto)