Дали имате некоја препорака за серум со витамин Ц? Само да не биде тој на Revox. Првите неколку пати беше океј и бев задоволна, но последните два пати одма по отворањето е веќе делумно оксидиран. Го користам најмногу две недели и потоа го фрлам поради оксидираност.
Како се дозира и колку време трае и што подразбира ова дека го има во различна концентрација? Не сум користела серум до сега па не се разбирам. Иначе проблемов е следен, па кој има совет молам нек дае. Генерално имам масна кожа склона кон акни. Во мк ја користев нивеа матифаинг, и ми беше сосем ок. Овде ја нема и еве 3 и кусур години експериментирам со креми не можам да најдам некоја што ми одговора. Моментално имам на др. Конопка. На почеток како за промена ми беше ок, ама веќе не. Последно време, лицево ми се суши, а над сувата кожа пак испливува себум. Сум била на милион дерматолози во животов па тоа не ми е опција. Сега знае да ми се исфрла во пмс. Некогаш ужас, некогаш лесно поминувам. Наоѓање козметика што ќе ми одговара на лицево ми се чини научна фантастика.
Јас имам нормална до сува кожа, затоа подобро нека те советуваат тие кои имаат искуство со мрсна кожа. Колку што знам Вит Ц не се користи секој ден, а и на почетокот секако помалце се става, да се навикне кожата. 10% мислам е минимум. Мислам дека @Biodevojka имаше и рецепт како сама да си направиш и дозираш
Можам да те советувам, наместо креми, серуми, да почнеш колаген да земаш. Зависи т.е колку години имаш. Ако си над 30, сосема е во ред. Затоа што самиот колаген во телото, не се создава исто, како пред 10 години. Имено, моето лице е масно и склоно на акни исто. Се изнадавав пари на скапа козметика и навистина ми се среди до некој степен. Но, почнав да земам колаген орално. Лицето ми е кристално чисто, со сјаен изглед (не масен), а ни крема, ни серум, ни лосион, ништо му немам ставено цели два месеци. Добро, секако и нормална исхрана, без многу многу благо и брза храна. Мислев дека цел живот, до пензија ќе имам акни, ама лекот бил тука цело време.
Значи таман сум за колаген, ама во вид на што го има? Капки? Таблети? Ај да истражам и за ова малку повеќе. Иначе акните доаѓаат и си одат, ама затоа порите што се цело време тука повеќе ме нервираат.
Прочитај ја и темата за The ordinary. Има доста искуства. Види што ќе ти фати око, па слободно после прашај. Ти треба да си спроведеш рутина, која ќе ти ја доведе кожата во ред. Не ти е масна, дехидрирана е. За себумот на чело ниацинамид и цинк, можеш само таму локално да го користиш, за порите еднаш неделно аха/бха пилинг, хијалуронска киселина за хидратација на лицето и крема да го 'затвори' на крај сето. Можеш да пробаш, сега на Блек фрајдеј имаат ептен многу попусти.
Искрено само експериментирам со колаген. Де овој, де оној. Земав како апчиња на Jamieson, тој е најефтин. После земав, еден грчки од ДМ како сируп. Сега сум на dr Viton collagen+C во ампули, ќе видиме како ќе се покаже. Инаку креми на база на колаген се гола вода. Самиот колаген има голема молекула и не пенетрира низ кожата, така да кремите можат само да ја хидрираат, но не и да ја подмладат кожата. Што значи само чист колаген орално внесен, бенефити ќе има цело тело. Плус влијае на целулит. А и на коските и зглобовите. It's a win win situation. Да знаев од порано, ќе си земав често. Само да знаеш се пие со прекини. Јас уште месецов и ќе паузирам три месеци. Всушност прв пат дознав за колагенот од една пријателка, која ја видов после неколку месеци и лицето и беше како пеглано, мазно, чисто, светеше како лампион. Се чудев што правела. Таа сиротата мака со колената си имала, па земала колаген. Ама навистина се чудев какво и беше лицето.
Прв пат се соочувам со состојбава не знам што да му праам на лицево. Ова се што ми наброја ми е шпанско село ама ќе читам деновиве и баш ради што сакам да ги искористам престојните попусти мисла ми е да најдам неколку работи и да нарачам. Во срце ме гаѓаш со колената. И ја патам од коленото деновиве. Се тешам дека сум го удрила негде ама не ми текнува на такво нешто. Отворив овде на интернет има еден куп различни видови на колаген. Се надевам дека одат со доење само. Деновиве карантински таман да истражам од кај да почнам со третман за улепшавање.
Па почекај тогаш, кога ќе престанеш да доиш, слободно почни. Штета не може сигурно да имаш, само бенефити. Ем брчки ќе се намалат, ем чисто, мазно, сјајно лице, ем помалце целулит, ем здрави колена и коски. Башка и лузните од акни ми се намалија. Не знам што чудо од протеин ќе беше, ама јако е. Пиши collagen before and after на гугл и восхитувај се Гарантирам дека не л'жат.