Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.984
    Допаѓања:
    268.018
    И мене ми е шпанско село, имам запишано кое кога треба да ставам :D

    И пак немам целосна рутина направено, оти ептен ме фаќа збунка :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.984
    Допаѓања:
    268.018
    Ај кажи дали може и за сува кожа, да земам некои капсули и тоа да г'там :D
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    А за мрсна кожа, што да земам?
     
  4. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Мајка ми пие колаген во шишенца течност ЦХ Алфа Колаген,имам видено и на Виталиа во прав во ДМ.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Секој може:)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ако немаш користено серум до сега,за почеток Ниацинамид плус хујалоронска киселина, крема за лице (препорачувам Софора Јапоника дневна и ноќна крема за лице) и клинсер за лице.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.709
    Пол:
    Женски
    @Yowannty веќе ти кажале, дехидрирана ти е кожата. Значи пред се, ти треба хидратација. Ќе пишам од мое искуство, јас имам комбинирана кожа, со масна Т-зона, склона кон пресушување во зима (поради дехидратација, ништо друго не беше причината).
    Прво, ќе земеш пена за миење на сува и осетлива кожа. Да, најубаво таква, иако имаш масна кожа. Пените/геловите за масна кожа го пресушуваат лицето, а пените за сува кожа се таман, го измиваат, ама не го сушат.
    Тоник обавезно. И тоа со раце да го нанесуваш, со тапкање со дланките, да се упива постепено (7skin method - седум пати на раце ставаш тоник и го утапкуваш на лицето). И на крај, кремот за масна кожа. Направи го ова, мислам дека ќе ти се среди лачењето на себум.
    Ако имаш потреба, некој хидратор може да земеш. На база на хијалурон се ок, оти ја задржува влагата во кожата. Мора да се нанесе на влажна/полувлажна кожа и после да се стави крем, во спротивно ќе те дехидрира. Од ниацинамидот на Ревокс не видов некој wow ефект.
    Киселини не ти се потребни ако немаш кожа склона кон акни, иако салицилната киселина може да ти ја измазни кожата, да ги намали порите и да ти даде убав сјај на лицето.
    Серуми со витамин Ц се корисни ако имаш флеки, особено од сонце, ги избледува, го изедначува тенот на кожата и исто дава сјај. Концентрациите се различни, зависно дали се за почетник или не. 13% концентрација не е за почетници. И задолжително мора крем со СПФ барем 30, за да не ти направи дополнителни флеки. И брзо оксидираат, затоа земи некоја постабилна форма (има во форма на гел на Новексперт).
    Јас користам мицеларна вода, пена, тоник, хијалурон, крем или масло навечер. Сабајле кожата не ми е масна, ниту ми свети, туку ми е ок, дури и кога ставам масло.
    А наутро само пена, тоник, крем. Некогаш и спф, ама сега не, оти сонце скоро и да нема.
    Не го отфрлај кремот на Конопка. Ќе ти помогне да го средиш лицето.
     
    На deskarada, koritsaki, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Ова се наоѓа низ Скопје? Или интернет шема?
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Кремите на сајтот на Белина.мк, а серумите ги имаш во Дм на Ревокс, TO на Deciem.
    Клинсер земи спрема тип на кожа, јас го користам Биодерма плавиот и го имаш во Зегин.
    Скапичок е ама 200мл шишенце ќе го користиш пола година.
     
    На poppie и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.974
    Пол:
    Женски
    Ни на крај памет немаше да помислам дека ми е дехидрирана кожата. А и вака кога размислувам можно е и претходно да сум се соочила со состојбава. Лани зимата со мало бебе не знаев глава кај ми е, а прехлани трудна, се занимавав со утрински мачнини кои траеја по цел ден. Ама скоро сум сигурна дека кожава на лицево ми беше чудна и претходните зими. Нејсе.

    Земав тоник пред некое време, за комбинирана и масна кожа и е многу ок, не ми ја пресушува кожата, го баталив кога ја зедов кремата на конопка, не знаев дека можам да комбинирам. Ок. Значи тоник и крема имам. Да земам пена уште. И тоа е тоа за рутинско миење наутро значи. Иначе користам гел за миење за масна кожа со години, од истата фирма како и тоникот што го земав. Баш ќе го сменам со пена периодов да видам дали ќе направи некоја разлика. А тоникот е убав, не би го менувала, само да го користам редовно и да пробам со рака да го нанесувам.

    Последно време, кожава ми е повеќе склона кон акни. Баш приметив последниве 2 пати во пмс ептен се нафрлав. Ама ради порите највеќе би зела киселина, тие ме фрустрираат ептен.
    Иначе, киселина и серум е исто? :wasntme:
    И ја ко Каме @CameliaMiller ќе треба да обележам со стикери што е што и што кога оди. :D
    Крем со спф користам скоро преку цела година. Има овде сонце уште. И ќе има, освен периодите на дожд.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.709
    Пол:
    Женски

    Киселини користат козметичарите, за нас за лична употреба има серуми со киселини со помала концентрација. Јас лично немам искуство со такви, колекција со салицилна порано како тинејџерка користев, ама тоа беше стварно многу одамна, сега е многу поинаку. Некој што се разбира повеќе може да ти каже, можеби со салицилна киселина може да го средиш проблемот со акните. Тука не можам точно да кажам, оти акните може да се појават од различни причини. Само, ако купуваш серум, немој од Ревокс. Секако таму би требало да имаш повеќе избор на поквалитетна козметика, не дека тука нема, ама не е секој производ добар, јас лично пазам што купувам, козметиката ми е најчесто од Белина. Натура Сиберика, Конопка и Оливал се брендовите што ги користам за лицето. Мицеларен чистач, и кремите за лице ми се од Натура Сиберика, тоник за лице и крем имам од Конопка, пена за лице и масло од смиљ имам од Оливал. Жими ниацинамидот од Ревокс, ама и толку е од нив.
    Реално, може и да немаш потреба од ништо дополнително за лицето, ако ти се среди лачењето на себумот, би требало и акните да се средат. Ама како што реков, зависи од причината за нивното појавување.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.926
    Хормонални акни штом се, нема потреба да се третираат со некој посебен продукт.

    Како што ти реков, можеш да земеш нијацинамид + цинк на ТО, само за челото да се регулира себумот. Преку една вечер на почеток, после можеш и секоја вечер. Кога ќе се регулира, можеш да престанеш да го користиш.

    Аха/бха пилингот исто на ТО за порите, па и за убав, здрав сјај на лицето е одличен. Можеш за почеток еднаш на 10 дена, 5 мин на чисто лице, после некое време, еднаш неделно, 10 мин. на лице. Пред да почнеш со употреба, тестирај на кожата кај виличната коска, ако нема реакција 48ч, немаш гајле да ставаш на цело лице.

    СПФ обавезно се мие навечер, и тој ги затнува порите.

    Значи која би ти била рутината...

    Наутро - миење лице со соодветен гел/пена, тоник, хијалуронска киселина ( се нанесува на влажна кожа, веднаш после тоник и истата е за хидратација, не е агресивна, значи зборот киселина да не те плаши:) , исто е како грст вода на лицето да му плиснеш и цела да ја впие ) и крема. Кога си дома не мораш СПФ.

    Навечер - миење на лицето, нијацинамид (ќе си одлучиш дали сакаш секоја вечер или преку вечер), крема.

    Тоникот обавезно да е без алкохол.
     
    На Yowannty и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Zdravo, do sega nemam koristeo nikakov serum. Nemam nekoi posebni problemi so liceto. Osven suva koza, cesto si go osekam liceto izmoreno, dehidrirano umorno. Ovoj period imam nekoi brukicki od maskata so ia nosam na rabota. Citav za serumite na Revox i zemav hijaluronska kiselina. Se nadevam nema da zgresam. Kako da ja upotrebuvam spored vas. Ednas na den i koj period od deot? Ili dva pati?
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Под кремата, само што ќе го измиеш лицето. Можеш и наутро и навечер, иако мислам подобро ти е само навечер поради маската. А за брунките можеш да нанесуваш тоник пред кремата, како тој на Афродита со ниацинамид.
     
  15. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    znaci go cistam liceto so tonik, stavam odma od serumot i tolku? Iliposle serumot mozam da staam i krema?
    Navecer Ne mi e problem mozam bez nisto. No preku denot, t.e sabajle obavezno moram pudra za na rabota.
    Drugo nesto.. koristak i edna krema za okolu oci, taa mozam normalno da ja staam i pos serumot?
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.974
    Пол:
    Женски
    Хормонални, ама како ќе се појават во пмс, до следен пмс дур се средат, па таман ете ги пак. (facepalm)

    Чекај сеа дел по дел, оти стварно поима немам од препаративе. Ниацинамид е серум така?
    Не може на цело лице? Себум имам на цело лице периодов, над сувата кожа. (facepalm) Секогаш имав помасна т зона, ама ова сега е секаде. (facepalm)
    Пилингот се применува како маска? Се измива по некое време така? А за да го тестирам 48 часа не треба да го измивам воопшто?
    Прашањава сигурно се ултра глупи, али сериозно не се разбирам. :tmi:
    Лице мијам наутро и навечер пред спиење обавезно. И ако сум била излезена, доаѓам дома и обавезно измивам прво раце и лице. Тоа не е проблем.

    Уште едно ултра глупо прашање, лосион и тоник е исто? Изгледа не а? :tmi: Ова што мислев дека е тоник сега го проверив пишува лосион за масна и комбинирана кожа, а од истиов бренд ми наоѓа на нет и тоници ама не стои нигде за каква кожа се. И стои дека има алкохол во лосионов. Ама од друга страна, воопшто не ми го сушеше лицето кога го користев.


    Ако сака @Biodevojka да го ѕирне составот
    IMG_20201116_135331.jpg IMG_20201116_135326.jpg
    Иначе ради описов највеќе го земав. И навистина го чисти себумот, не суши и остава убаво чувство. Ама пак се масти кожата по некое време.
    IMG_20201116_135516.jpg
     
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.926
    Серум е, да, со пипетка. Можеш на цело лице секако, оти рече ти прво само челото ти е масно, затоа реков не мора на цело лице:). Една пипетка ти е доста за цело лице.
    Мене многу ми го смири лицето пролетва, јас немав мака со себум, ама чешање и црвенила од стрес. Страв ме имаше фатено дали воопшто ќе си го доведам лицето во ред...

    Пилингот се применува како маска, да. Кога ќе ставиш за проба, ќе го измиеш, секако:). Само ќе следиш два дена дали има некои иритации во тој дел. Ќе те пецка, нормално е, немој да креваш паника:).

    Ќе си земеш да пишува тоник. И нема да го чистиш лицето со памук со тоникот, туку на миено лице ќе нанесеш со рака директно и само ќе тапкаш нежно со дланките кога нанесуваш. Практично сите продукти во течна состојба, така ќе ги нанесуваш на лицето. Земи од Апивита тоник, знам дека се убави производи. Исто го фалат тоникот и на Конопка по форумот гледам.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    После серумот обавезно крема, ама ако видиш дека многу ти се поти лицето од маската тогаш само тоник и крема (на крај пудрата нели), а навечер тоник, серум, крема. Навечер се регенерира кожата најмногу затоа е важно и навечер да ги користиш. Таа околу очи оди исто после серумот, не е важно дали навечер или наутро.
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.974
    Пол:
    Женски
    @Emy867 тенкју вери мач. :f:
    Ај да купам периодов нешто нешто, па ќе наминам пак за инструкции. :D
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.620
    Допаѓања:
    106.572
    Пол:
    Женски
    Освен нијацинамидот на The ordinary и Ревокс, сте пробале ли некој од др фирма? Ако постои де :lol:
    Два пати дадов шанса на ТО во рок од една година, акни ми создава такви ситни гнојни. Јас немам проблем со акни, на моменти се масти ептен, ма тоа е најчесто пред добивање. Вака масно нормално е , со ниеден препарат не сум добила до сега нормална кожа, ниту нешто ми влијаело на порите. Витамин Ц не сум пробала уште, мајка ми ми купила некој 13% на Ревокс ако не сум грешка , зш и спомнував дека сакам да пробам :| многу ли е процентот, да го земам прво на La roche posay? :wasntme:
    Многуу сакам да воведам ретинол , ама малово уште цица :@, викате не е штетно ако почнам да користам, сепак не цица толку често :?:
    Совет?