Навечер рутината да ти биде (пошто користиш пудра) прво со чистач/мицеларна вода, после се миеш со гел/пена, после тоник и уште додека не е исушен ставаш хијалуронски серум (секогаш се става на влажна кожа). Над него обавезно крем, во спротивно ќе те дехидрира. Кремот за околу очи го ставаш исто кога и кремот на цело лице, или после тоа, не пред серумот. @koritsaki, не знам дали има на Ревокс со 13% витамин Ц, колку што знам само 20% има. Со 13% има на True Alchemy. За почетници се препорачуваат помали концентрации, ама може да пробаш со повисоки, види дали ќе ти одговара. Иначе на Ревокс многу брзо оксидираат, изгледа не се во стабилна форма. За ниацинамид не знам, јас од тој од Ревокс не сум нешто задоволна, друг немам пробано. За ретинол што да ти кажам, секако нема уште долго да доиш сигурно, може уште малку да почекаш.
@Annath да да, на True alchemy е вит Ц, моја грешка Па да се надевам мерак ми е да почнам нешто ко превентива да користам против први брчки
Не сум го пробала, ама од јутуберки знам дека има на Inkey list нијацинамид. Кај вас сигурно има од каде да се нарача, овде нема. И јас сум мераклика на ретинол, ама знам дека кај трудници и доилки не смее.
За контрола на лачењето на себум треба хидратација. Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, избегнував креми за лице или користев погрешни со изговор дека имам мрсна кожа и не ми треба, ама многу е битно. Според мене хидратацијата е клучна за да се регулира мрсната кожа. Само треба да го најдеш вистинскиот начин и производ. Јас имам мрсна кожа и овие производи ме спасија. Подобро нешто не и се случило на мојава кожа. Сега буквално имам нормална кожа. Многу брзо забележав резултати. Исто многу битно е двојно чистење. И да не носиш шминка. Имаш крем, се надевам и крем со заштитен фактор. Значи мицеларна вода, па гелот за миење. Секогаш. Ексфолијација еднаш неделно, секогаш хемиска. Физичките екфолијанти се абразивни и непожелни. По потреба, стратешки за чистење на порите на критични зони : ... во комбинација со После доло време сфатив колку е битно да се хидрира кожата и дека во најголем број антиејџ креми се неделотворни и дека уствари кожата е дехидрирана. Фините линии околу устата и очите буквално ми исчезнаа откако почнав да ја хидрирам кожата соодветно.
Здраво еве ме: што се однесува до серумите на True Alchemy може да се користат секојдневно со оглед на тоа што витаминот Ц не е концнтриран. Мене лично најмногу ми се допадна оној со 13%. Она што го имам наведено во статијата кај мене е кога самите ние правиме тоник со Ц каде не може точно да ја измериме пХ вредноста. Во таа форма Ц вит. е многу концентриран има многу поголемо влијание од било кој серум во продажба (чистата фома има најголем ефект) ама ќе мора да го правиш на момент на користење со оглед на тоа што во основната форма Ц витаминот не е стабилен. Од она што го прочитав кожата ти е дехидрирана. Цел живот имаш користено комерцијална козметика (нивеа ако не се лажам) која е полна со силикони. Сега кога си престанала проблемот не е природната крема која ја користиш (таа полека ги тргнала силиконите) ти ја гледаш вистинската состојба на кожата. Под силиконите кожата е дехидрирана а ние немаме појма затоа што самиот силикон креира маска и на допир е мека и нежна. Ете ти си чист пример за ефектот на силиконите на кожата (и ја го имав истиов проблем кога се префрлив на органско). Најважно нешто е да одбереш убаво средство за миење од тука потекнува сѐ и убав крем за лице. Доколку сакаш ќе ти препорачам нешто. Кажи ми во која земја си и кои марки на природна козметика ги има. Поздрав.
@Biodevojka мене ме интересира за серумот со хијалуронска на True alchemy тој 3% што е. Читав твоја рецензија, повеќе овој серум го фалиш , па сакам за против брчки нешто да користам, сакав нешто со ретинол ама бидејќи дојам уште, мислам хијалуронска да земам.
Не сум Биодевојка, ама бидејќи немаше од каде да нарачувам ретинол од Ординери заради короната, се обидов да најдам нешто од Белина. Серумите со ектоин се против стареење. Ги има во различни конц. од 0.5 до 4.0%. Јас како почетник во нивното користење зедов 1.0%, ама некако ми е слаб, мислам сум можела да земам со поголема концентрација. За ефекти не можам да зборувам, го користам прилично кратко време.
Драга земи го тој како инакција што е . Според мене е најдобар и е со висока молекуларна тежина за разлика од другиот со ниска. Малку е поскап ама најмноду ми се допадна лично. Драга ти си го земала со максимум концантрација. Тој со 4% е раствор не е концентриран ектоин. За што ти е потребен серумот. Велиш не си видела резултати па сакам да те прашам какви резултати очекуваше? Можеби за она што ти било потребно поадекватен бил друг серум од истава марка, а не овој. Мене лично 1% најубав ми беше за худратација и како заштита од УВ зраците особено УВА кои не гораттуку продираат подлабоко и предизвикуваат предвремено стареење. За таа цел сермов е совршен затоа што го спречува тој процес. Поздрав. Драга не можам специфично да ти кажам дека ќе помогне кај брчки затоа што зависи од повеќе фактори, масажа, исхрана, животен стил итн. Витаминот Ц е одличен како антиоксиданс и го спречува предвременото стареење што помеге и кај брчки. Ектоинот исто така. Кафеинот прави кожата да биде покомпактна и дава поубав сјај на самата кожа. ГЛукозидот хидрира и ја оддржува правилната хидратација а со самото тоа го подобрува квалитетот на кожата. Хијлуронот идем. Зависи која е твојата цел. Дали имаш кожа која е сива и без сјај тогаш Ц вит. Ако е дехидрирана тогаш најдобро Хијалурон, глукозид или алое вера итн. Зависи од ефектот кој сакаш да го постигнеш. Инаку верувајте ми масажата е клуч за сѐ. Коаметиката ја помага состојбата и доколку е во склад со кожата правилната функција на истата, ама од масажата и вежбањето на мускулите зависи голем дел од излегот на кожата.
Па го зедов против стареење, ама мислев дека како расте бројката, така расте и концентрацијата. Барем јас така разбрав, ама очигледно грешка сум била. Како и да е, задоволна сум од серумот, за ефекти мислев во смисла дека пола шишенце допрва потрошив и не можам да кажам не знам какво искуство, ама дека кожата ми има убав сјај, тоа да. Исто користев и аргинин 2.7% и тој е ок. Еден ден ектоин, еден ден аргинин, кожата дефинитивно е освежена.
Обичо така е ама не кај ите состојки. Има состојки кои максимално сеупотребуваат во една формула како чисти. На пример хијауронската повеќе од 1% чиста како прав дава пудинг состав на производот. Она што го гледаш во производи 25% или 0% хијалурон не е возможно,,,станува збор за 1 процентен раствор од кој ставени се 25 или 50% (еден вид на маркетиншки трик). Значи во производот има 50% хијалуронска ама не е чиста во прав тку станува збор за 5о гр, 1% раствор (или помалку)...Многу фурми ставаат 0,05 или 0,10 гр.затоа што процентот на раствор е помал. За едктоинот повели статија каде имам објаснето што е зошто се користи и во колкав процент. https://biodevojka.blogspot.com/2020/08/true-alchemy.html п.с. Инаку извини заборавив дека има и 2% раствор ектоин, всушност тој е најголемиот. Над 2% е невозможно барем не во чиста форма. Фактички најмногу ми се допаѓдна токму тој 2%. Моја грешка ... Јас мислев дека серумите беа 0,5% 1% и 4% а всушност беа 1%, 2% и 4%. Збунка од моја страна.
Ако прашуваш за the Inkey list јас си порачав од нивната страна и се стигнува кај нас во Македонија. Дури и цената што беше ставена на пакетот беше помала од онаа што ја платив па немаше ни ддв ни царина. Баш сум задоволна од нивните продукти.
Одлични се органските серуми на Revuele. И тој, а и хидратантниот. Само што немаат некаков ефект, освен хранливи состојки за кожата. Кај нас во Скопје има и нијацинамид на Revolution. Би требало и кај тебе да го има. Комбиниран е со цинк и формулата ми делува океј, ама сѐ уште го немам пробано.
Јас , ако имаш сува/нормална кожа ке ти биде океј ама ако имаш комбинирана/масна немој , многу свете некако лицето а и плус не видов никакви промени Ако веќе даваш пари за овој подобро земи си Neogen од ДМ новиот бренд што е донесен предобар е !
@Ketchup овој го најдов кај нас. Да не знаеш дали е добар? Страв ми е пак да не ме исфрла , не знам дали да го земам и него
Лично искуство немам, меѓутоа не ми делуваат ко лоши серуми. Јас го користам тој на Revox и мене ми е одличен, го имаш ли пробано?
Не го немам пробано тој. Ако дојдам здравје наредниов месец во Мк, може да го пробам. Во дм ги има така?