Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    @koritsaki, ако ти се пробува нијацинамид пак, убав предлог ти дала @Emy867 - The Inkey List. Не сум го пробала, но општо, иако ги споредуваат со The Ordinary, велат дека разликата е во тоа што не очекуваат само „една" состојка да биде ѕвездата на производот како ТО (иако производите им се наречени по една состојка), туку повеќе ја „збогатуваат" формулацијата со други корисни состојки. Од тоа произлегува дека голем дел од производите им се понежни во однос на TO, што на некој како тебе што се нафрла од некоја состојка може многу да му смени. Revolution за разлика се копии и за некој што нема пристап до ништо друго можеби и би им помогнале, но мислам дека за слична цена подобар производ ќе добиеш од The Inkey List, бидејќи не се копии и повеќе се трудат околу формулацијата. The Inkey List иако не се толку популарни како ТО, полека земаат замав и доста растат во популарност, особено кај луѓе кои не можат да толерираат толку јаки формулации како ТО.

    Ако ни тој не можеш да го толерираш, можеби ти си дел од тој мал процент на луѓе што не го толерираат воопшто или едноставно не можеш да го поднесеш во толкава концентрација (10%). Во тој случај, можеш да бараш тоници/креми и сл., кои содржат нијацинамид, но во помала концентрација - најчесто под 5%. Знам дека Purito и CeraVe сигурно имаат нијацинамид во нивни креми, но ако стигнала Rihanna во Fat Water (тоник/essence) на Fenty Skin да стави нијацинамид, сигурно го има и во многу други производи на брендови што ви се лесно достапни во ЕУ.

    Исто така, ако не ти одговара некој серум, не мора да го фрлаш, слободно можеш да го искористиш за друг дел од телото. Состојките во производите за лице не се исклучиво само за лице, но помалку се користат во делови за тело бидејќи сите се грижиме најмногу за кожата на лицето како највидлива и најпретставителна пред светот, па не се јавил поттик кај производителите за помасовно да ги ставаат во производи за тело. Во суштина, истото што го ставаш на лице, можеш и на тело, дури и телото трпи појаки производи оти кожата е подебела и не е толку чувствителна како на лицето. Така што, можеш неупотребен серум од нијацинамид да го користиш за дланките, подлактици/надлактици, деколте или каде што имаш флеки, барем таму може ќе ти помогне.

    Не знам зошто те одбрав тебе за да го напишам ова, општо се однесува на сите, да не фрламе производи, туку да ги пренаменуваме :D.
     
    Последна измена: 25 ноември 2020
    На koritsaki и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за мислењата. Не ми е толку зорт сега да земам нијацинамид , немам проблем со акни , би го земала само ако помогне нешто со регулацијата на себум. Го користам гелот за лице на Cerave и ноќната крема Toleriane на La roche posay , кои што содржат нијацинамид. :) сега чекам да стигнат буфетот со пептидите и хијалуронската , ќе ги тестирам нив па понатаму ќе видам за нијацинамид ако треба :)
     
    На Ketchup и pdb123 им се допаѓа ова.
  3. FancyGirl*

    FancyGirl* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    3.623
    Пол:
    Женски
    Предлог за витамин Ц серум ??
    Го користам на Оливал и ми е при крај, но би сакала да пробам некој друг за да направам споредба. :)
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Јас го користам тој на Purito: Pure Vitamin C Serum (+ со хијалуронска киселина е), но е послаб, 5%. Читав каде што се жалат од Dr. Viton и REVOX, дека оксидирале брзо, па затоа го купив овој.
    Ама има и од True Alchemy од Белина, и тоа мислам во различни концентрации.
    Други серуми кај нас со витамин Ц не знам.
     
    На poppie и FancyGirl* им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Има на Белина витамин Ц booster но е солен. Како што читав чист витамин Ц е нема додатоци плус но не знам како делува.
     
    На pdb123 и FancyGirl* им се допаѓа ова.
  6. Alishaa

    Alishaa Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали некој има искуство со серум за хиперпигментација од Olival?
     
  7. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    премногу го фалат новиот во дм на Неоген само не ја знам цената
     
  8. Kејти

    Kејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Го користам веке 2 недели Витамин Ц од Белина- за почеток можам да кажам дека убаво и брзо се впива, и дава убава хидратација и сјај, дамките ми се малку намалени (Имам мелзама, пеги од бременост, точки од бременост, флеки од акни), да му дадам уште 2 недели време па ќе пишам упдејт како делува (инаку до сега имам користе и ДР Витон, Натурал Велт витЦ, Ревокс, ТО 23% кремата и последно го користев Алфа абутионот+ аласкорбик асид) од сите надевдени само алфа абутин + аласкорбик сацид делуваше мегутоа има некаков масен финиш и не се впива убаво, треба да почекапш 20-30 мин пред да ставиш креме врз него. И да се согласувам дека е солен- мегутоа многу скам да се спасам од флекиве- ги имам по цело лице ;(
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Дали некој има користено вит Ц од ТО со 23%?
     
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Јас, ама пред 1 година. Не ми се допадна воопшто, имаше чудна текстура која се ронеше кога го триеш, па требаше ееееептен полека и со помалку триење некако да го размачкам и пак не беше скроз ок. Можеби оттогаш ја смениле текстурата.
     
    На Kејти и redhead им се допаѓа ова.
  11. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Јас го имам хидратантниот, одличен ми е
     
  12. Freyja

    Freyja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Јас го користам две недели, засега ми е ок. По маслен е некако, не е како хидрирачкиот серум, но ептен ми одговара за овој период од годинава.
     
  13. Kејти

    Kејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам и хидратантниот и тој нурсеринг- Хидратантниот е со многу убава текстура, лесно се впива и го прави лицето прекрасно. Тој што е нурсеринг е повеќе како масло и ако имаш масна кожа не би ти го препорачала.
     
    На Angy.S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Веќе некое време (читај две недели) го користам серумот со 13% витамин Ц на True Alchemy. Кожата ми добива убав сјај кога ќе го нанесам, некои помали и побледи флекички ми се малку избледени, за поголемите и поизразени флеки ќе треба повеќе време најверојатно. Малку чудно мириса, ама човек се навикнува. Тука доста често читам дека серумите со витамин Ц оксидираат, па следам и дали менува боја, досега е истиот, светложолт (лимон) боја.
    Е сега, го користам претежно навечер, можеби понатака ќе почнам да го користам и преку ден. Го користам и на рацете - од горната страна на дланките имам флеки, дали од сонце, дали од нешто друго - не знам... помага и за нив, особено забележав на левата рака, каде што флеките не се толку видливи. Имам принцип, тоа што ставам на лице, да ставам и на раце. Оти нели и рацете стареат, не само лицето и вратот, па негата важи и за нив.
     
    На poppie, Касија и FancyGirl* им се допаѓа ова.
  15. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Јас во Јули го купив 2% и сеуште не е оксидиран. Морав да надополнам доколку некој сака да купи од тој бренд.
     
    На poppie и Annath им се допаѓа ова.
  16. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    8.135
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот и го користам речиси две недели, а ми беше купен пред неколку месеци, исто има светло жолта боја, бев загрижена да не е оксисдиран, мислев можеби треба да е посветол, но ок бил.
    Инаку јас засега сум задоволна, нема премногу видливи промени, но лицето ми е освежено и флеките избледени малку, а и убаво се впива во кожата, исто го користам само навечер за почеток.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.459
    Јас овој го користам, за првпат , задоволна сум многу. Никогаш не ми била кожата толку мека и за разлика од порано кога поинаква текстура си осеќав под прсти( козметичарките велеа масна но исушена кожа на која и треба влага) сега некако по "сочно" дури и на допит делува
     

    Прикачени фајлови:

    На FancyGirl* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. day

    day Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Тие што имате користено нијацинамид од The ordinary и Revox, од кој сте повеќе задоволни?
     
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.284
    Допаѓања:
    12.360
    Пол:
    Машки
    Прво го користев од the ordinary и бидејќи ми беше прво шишенце, се уште промените не беа толку видливи на почеток, па потоа поради достапноста, продолжив со тој од Revox и некако текстурата на овој од Revox повеќе ми се допадна, плус ефектот од нијацинамидот веќе дојде до израз.
     
    На day му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Од Ординери, но и на Ревокс е ок, забележав разлика од двата Тој на ТО ја држи повеќе кожата мат поради цинкот, но ако немаш проблем со тоа можеш да го земеш на Ревокс.
     
    На day му/ѝ се допаѓа ова.