Го потрошив веќе тој, сега сум на Еуцерин Би го користела пак, ама ми здосадува и интересно ми е да менувам. Убав серум, во комбинација со кремот од истата линија е супер. Само ме нервираше пипетата, тече доста течност. И нема дно, таман си мислиш се потрошил, тоа уште има внатре. Со месеци ми траеше.
Ме интересира конкретно за кожата дали има видно подобрување и освежување на тенот и брчките. Сепак важат за едни од поскапите серуми да не давам пари за џабе ако е како вода да ставам на лице
Во однос на самиот серум, ми се допадна што многу брзо се впива во лицето. Не мора да чекаш долго за крема да ставиш. Јас не сум релевантен кандидат за да говори, затоа што користам еден тон продукти. Дека лицето во однос на брчки, чистота, текстура, свежина, изглед е подобрено, тоа ДА, во огромна мера. Но, не значи дека тоа само поради серумот е. Може само дополнително да допринесува за целта која ја имаш замислено. И точно скап е, но навистина трае и трае и трае, се става многу малце. На крај го купив Еуцеринот, па го подарив, којзнае, може уште го користат. Него за тие пари очекував барем да имаше квалитетна пипета, а не цевка. Во глобала, лицето кога ќе станеш од спиење е перфектно. Само не знам дали се должи на серумот или кремот, или комбинацијата на двете.
Да Ана, го имам 1.0% ектоин. Биодевојка ми рече тој бил со најголема јачина, иако јас мислев обратно . Убав е, немам несакани ефекти, водеста структура има, дава убава хидратација на кожата. @Emotional123, освен ретинол, другите серум се безбедни во бременост.
Ај ти додека си тука, кажи што мислиш за ензимските ексфолијатори на лице што се како пудра и со вода се прават сапуница? Грешна е темава, ама успат дојде ова.
Искрено, немам истражено за нив; чат-пат ако потслушнам за некој производ, но не сум слушнала ништо негативно, дури и мислам дека повеќе кон позитивно водат мислењата.
Јас имам со 4.0% ектоин, читав дека не е за секој ден и не се става на цело лице, само на проблематични места.Тестер ми дадоа за да го пробам, па реков да прашам за искуства.
Јас од кога го исчистив лицето како што треба, ноќната рутина во која вклучуваше употреба на салицилна киселина ја заменив со Natura Siberica Sophora Japonica face serum за минимализирање на порите и баш убаво се вклопи. После него ставам само од ноќната крема од истата колекција и џек пот. Другиот ден после станување ниту лицето ми е мрсно, ниту пак порите ми се видливи. Јас не ја употребувам салицилната киселина веќе два месеци бидејќи веќе немам потреба од неа.