Го имам на True Alchemy клинсерот со протеини за чистење на лицето. Од денес почнав со негово користење, па сакав да те прашам дали може да се користат и серумите како вообичаено?
Не знам на кој точно мислиш, но не гледам причина зошто не би можела после него нормално да ги користиш останатите серуми.
Го нема на Bellina, само AHA/BHA Cleanser Fluid го има; го најдов на друга страна. Протеините не верувам да реагираат со други состојки. Содржи и lactic acid, но не знам во која количина; lactic acid во некои производи се користи во помала количина, односно нема намена да врши ексфолијација, туку мислам дека служи или за уредување на pH вредноста на производот или дури и како конзерванс. За точната причина за што служи во толку мала количина не ме фаќај за збор, но знам дека кога е во мала количина не е ставена за ексфолијација. Другото мислам дека сè е нормално.
Го нема, го барав таму да прочитам баш. Супер тогаш, зашто јас сега користам и серум за под очи, па сакав да знам како да го вметнам. Сепак ти благодарам уште еднаш на одговорите и помошта.
Девојки,дали може да користам иако немам флеки дамки итн освен што имам малку мозолче и на една страна малку капилари и кога ставам пудра ми се лупи кожата..Имам 23 год Дали е проблем да користам серум за лице од др Витон?
Еве му го составот: Aqua, Pentylene Glycol, Glycerin, Heptyl Glucoside, Dehydroxanthan Gum, Sodium Benzoate, Cocoyl Proline, Retinol, Parfum, Potassium Sorbate, Caprylic/Capric Triglyceride, Vigna Aconitifolia Seed Extract, Citric Acid, Panthenol, Maltodextrin, Malic Acid, Sodium Hyaluronate, Cyclodextrin, Sucrose Laurate, Heptanol, Citronellol, Hexyl Cinnamal, Linalool, Alpha-Isomethyl Ionone, Geraniol Ако мене ме прашувате, прилично агресивна формула.
Од Натура Сиберика, има три типа серуми со витамин Ц, антиоксидантен, хидратантен или енергетски, одбери го она што мислиш дека би ти одговарало. Јас се двоумам меѓу енергетскиот и антиоксидантниот. Или може од True Alchemy, имаат серуми со различна концентрација на витамин Ц, јас го имам тој со 13% витамин Ц, мислев дека ќе ми биде јак оти немав дотогаш користено никаков серум со витамин Ц, ама ми легна убаво. Ако не сакаш со толку висока концентрација, има и со 5% и 3% витамин Ц. Новексперт го фалат доста, тој е серум бустер со 25% витамин Ц, ама и најскап. Сите овие ги има во Белина, иако ги имам пробано само на True Alchemy, мислам дека сите се ок, Натура Сиберика имаат и попристапни цени, околу 360 денари е еден серум од 30мл, за разлика од другите кои се поскапи.