Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Ти благодарам на одговорот. И јас ги гледав на Белина, ми фаќаат око ма Натура Сиберика, меѓутоа сите содржат Витамина А, а бремена сум и е забранет во бременост. Едино True Alchemy ми останува да ги видам.
    А исто гледам на Натура Сиберика од новава линија има лесен крем флуид со Витамин Ц, хијалуронска и нијацинамид. Ако ставам од флуидов наутро, би можела навечер пак да користам хијалуронска и нијацинамид? Тие се серумите што ги користам во бременост. Не знам како да ги распределам ако би го земала флуидот, а во него се содржани веќе тие. Или најубаво да не го земам него? :?:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.720
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека си бремена, тогаш почекај до породување за овие серуми.
    За флуидот, мислам дека нема да имаш проблем што се содржани во кремот, количината е помала отколку во серумите.
    Верувам дека нема ограничување за користење на серуми што содржат состојки кои природно ги има во кожата, а такви се овие кои ги содржи кремот и серумите.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Само уште ова да те прашам :) после крем флуидов се става дневна хидратантна крема така? Ме бунат имињава на препаративе, на толку читање се испомешав кое што е :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.720
    Пол:
    Женски
    Не, само спф крем преку ден, навечер не.
     
    На K.e.ll.y му/ѝ се допаѓа ова.
  5. betiignatova

    betiignatova Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, денес првпат видов производи на Q+A во ДМ. Дали некој има користено?
    https://www.qandaskin.com/
     
  6. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Јас го земав гелот за чистење со хијалуронска киселина и сум многу задоволна, после миењето кожата ми станува мека, како свиленкаста без чувство на сувост. Во план сум да пробам и некои други нивни производи.
     
    На betiignatova и beautys20 им се допаѓа ова.
  7. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.081
    Пол:
    Женски
    Јас купив серум со цинк и гел со јаболка и АХА за ексфолијација.
    Задоволна сум и од двете, цинкот супер смирува и црвенила, воден е не е леплив. Гелот ја прави кожата премека и мазна.
     
    На betiignatova и 123baby им се допаѓа ова.
  8. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Која е цената на серумот со цинк? Баш сакам да го пробам. Исто така, во кој ДМ ги купи производите? Пред некој ден бев во оној во Капитол ама не ги приметив.
     
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.034
    Допаѓања:
    40.371
    Пол:
    Женски
    Имаше во капитол, ама не на главните штандови, туку на малите промотивни, конкретно карши прашоците и омекнувачите стоеа.
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.081
    Пол:
    Женски
    Серумите им се движат од 400-600 ден прилично тука некаде, конкретно тој со цинк околу 500 или 500+ Инаку од Штип
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    2.598
    [​IMG]
    Го има некој користено серумов?
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас ама на Ревокс,ми помогна за акните и веќе не го користам. Од ко престанав не ми се појавуваат.
     
    На Gi.ir.ll192 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    214
    На темата нијацин и други состојки, фармацевткава на тикток вели не се користи заедно со Аха, Бха, и вит. Ц, ама е одличен со ретинол. Линков е од пинтерест, не сум сигурна дали ќе го отвори за тие што немаат акаунт.
    П. С. не користам ништо од овие, само споделувам, и немам искуство да го побијам или потврдам нејзиното тврдење :)
    https://pin.it/2dJ9Wk6
     
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Првпат слушам вакво нешто, а и не објаснува зошто го тврди тоа :|. Комбинирањето на нијацинамид со салицилната киселина баш покажало добри резултати за третирање на акни. Комбинирањето на нијацинамид со витамин Ц е исто покажано дека е во ред затоа што со обична употреба не се создаваат такви услови за да реагираат негативно меѓусебно. Не знам зошто не би можело ниту AHA со нијацинамид...
     
  15. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    6.321
    Пол:
    Женски
    Зашто имаат различна пх и нијацинамидот може да го направи ацидот помалку ефективен.
     
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    По таа логика и обичната крема што ја ставаме после киселината може да го направи истото.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Aha самостојно се користи. Со ниацинамид мислам не може.
     
  18. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    6.321
    Пол:
    Женски
    Јас после аха/бха чекам некои 30 мин. па ставам крема.
     
    На Romantic му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Океј, тоа го кажува и погоре, ама прашував за објаснување зошто :D.

    Е па значи може и нијацинамид да се стави пред кремата :D.
     
    На Romantic му/ѝ се допаѓа ова.
  20. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    6.321
    Пол:
    Женски
    Па за 30 мин. аха има доволно време да делува.
    Кога велат “заедно” да не се користат ваљда мислат баш едно по друго да ги стаиш. Мислам нема некоја негативна последица и така, освен што не и даваш време на ахата да делува потполно во својата пх.

    Едит: Морам да ја тагнам и поздравам тука @Doozy која имаше многу живци со мене кога прв пат чув за аха,бха и тн.
    Ако ме памтиш учителке, само да ти кажам фала:) Многу научив од тогаш :):*
     
    На pdb123 и Romantic им се допаѓа ова.