Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Да де и јас така знам дека Аха се става самостојно и дека после неа се става крема.
    А дека се ставало и нијацинамид прв пат слушам.
     
  2. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    2.598
    И јас моментално го користам на Ревокс ама при крај ми е и мислев да го пробам овој па затоа ме интересираше дали некоја има позитивно искуство со него
     
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Гледам на белина има серум хијалуронска киселина со 1,3 % и 5 % мислам.
    Кој да одберам,со оглед дека за првпат ќе користам?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.620
    Допаѓања:
    106.572
    Пол:
    Женски

    Јас овој го користам и многу сум задоволна. Го има исто во Белина , ама на странава моментално не го наоѓам.. можеби го има во нивната продавница во Капиштец. Мислам нема да имаш проблем со кој процент и да почнеш
    [​IMG]
     
    На MayDiamonds и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Нема да имаш никаков проблем, а искрено мислам ни бенефит ако почнеш со поголем процент. Во скоро сите креми има веќе хијалуронска киселина и ако баш сакаш додатна хидратација доволно ти е и мал процент. Од друга страна пак ако користиш повеќе проиводи во кои ја има, има шанси да ти се исфрли кожата.
     
    На MayDiamonds и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Препорака за серум/масло за лице за ноќна рутина? Пожелно би било да е достапно кај нас и цената да му е до 500 денари. Инаку имам сува до нормална кожа, имав нарачано Borage seed oil од TO, ама ептен малце го користев и веќе датата му е помината. Би сакала нешто слично на тоа.
     
  7. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    2.598
    Не знам какво е тоа што си го користела од ТО ама би ти го препорачала од Ревокс-Squalane, цената му е околу 320-330 денари, убаво ја омекнува и хидрира кожата
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  8. M_a_Y_a

    M_a_Y_a Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво.сакам да прашам како и колку често ја користите млечната киселина (true alchemu)?и со кои серуми за хидратација може да се комбинира?
     
    Последна измена: 8 март 2021
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Не ја користам, ама општо таа киселина океј е да ја користиш до кај 2-3 пати седмично, но ако ти е многу, може и поретко. Со било кој серум за хидратација можеш да ја комбинираш.
     
    На M_a_Y_a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Јас на почетокот ја користев еднаш на 10 дена, па еднаш седмично и сега по два пати. После пилингот ставам флуид со хијалуронска киселина и на крај хидратантна крема. После користење кога ќе се разбудам следниот ден лицето ми има некако убав сјај, како мат сјај, а не сјај како што се добива од себум и затоа ми се допаѓа.
     
    На M_a_Y_a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Aquanalia

    Aquanalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Здраво:) Дали некој го имате користено серумов и како сте задоволни? Мислев да нарачувам нешто од ТО, но го забележав овој,па сега се двоумам..
     

    Прикачени фајлови:

  12. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Дали некој ги користел серумите на Iunik. Поточно ме интрересираат Rose Galactomyces Sinergy Serum и Tea Tree Relief Serum? Сакам да земам некој, не знам кој :?:
     
  13. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Јас имам прочитано повеќе рецензии за серумот со чајно дрво и сите беа позитивни, велеа дека го прочистува лицето и дава убав сјај. Планирам да го купам во иднина.
     
    На K.e.ll.y му/ѝ се допаѓа ова.
  14. valentina89

    valentina89 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба ваше мислење.
    Слушнав дека серум против стареење е убаво да се користи уште од 20тите години. Дали може да ми препорачате нешто што вие користите?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.719
    Пол:
    Женски
    Може да се користи серум, да, некој за навлажнување, освежување и заштита на кожата од предвремено стареење.
    Конкретно за што ти треба, тоа ќе земеш. Хијалурон за хидратација, витамин Ц за освежување на кожата и заштита од пигментации, ниацинамид за контрола на себум и намалување на пори.

    ----–--------------

    Долго време користам хијалурон - од различни фирми, последно зедов тестер од True Alchemy. Морам да кажам дека сум многу задоволна од него, за нијанса повеќе отколку од Хада Лабо или од Ревокс. Ако мора да ги редам по ред - прво True Alchemy, па Хада Лабо, па Ревокс.
    Серумов стварно ми ја освежи кожата. Како досега да не сум користела хијалурон, ама па од друга страна периодов ми е кожата секогаш подехидрирана, и што и да ставам, помага да биде посвежа, поубава. Хијалуронскиот серум на True Alchemy плус кремот со витамин А од истата козметика, прави чуда, бар кај мене. Кремот со витамин А не го користам секој ден, туку повремено. Ќе продолжам со ова комбо и понатака, па ќе видиме дали е до периодот или е до серумот.
     
    На koritsaki и valentina89 им се допаѓа ова.
  16. valentina89

    valentina89 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јас па читав неодамна дека хијалуронската киселина е преголема молекула за да се апсорбира преку кожата, не знам дали е вистина ама некако скептична сум. А витаминот А ноќе ли се користи?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.719
    Пол:
    Женски
    Може и преку ден, ама со крем со спф фактор. Јас навечер го ставам.
    За хијалуронската киселина, веројатно зависи од обликот во кој ја користиш. Колку што може да помогне, толку може и да те дехидрира ако не се користи правилно.
     
    На valentina89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Не се апсорбира до дермисот, туку во погорните слоеви на кожата (епидермисот), иако мислам дека со новите технологии и правењето на помали молекули на хијалуронска киселина, некои можеби и стигнуваат до дермисот. Тоа не мора да е подобро, затоа што тоа може и да ти ја изиритира кожата.

    Во секој случај, со хидрирањето на горните слоеви на кожата се подобрува нејзиниот изглед, а за нешто навистина да влијае против стареењето, треба да може да влијае врз производството на колаген што се одвива во дермисот. Таква функција имаат ретиноидите и некои од AHA, иако акцентот е на ретиноидите.

    Инаку, нема правило кога треба да почне да се користи серум против стареење (конкретно ретиноиди), туку почнуваш кога чувствуваш дека имаш потреба. Во млади години (зависи кои ги сфаќаш како млади години) освен СПФ крема, генерално нема некоја потреба од нешто друго. Состојките не би требало да се делат по возраст, туку по потреба, иако таа потреба СЕ менува по возраст. На пример, кога си млада можеби кожата ти е похидрирана и немаш потреба од тешки креми, но со стареењето може кожата да ти станува сува и тогаш да сакаш да користиш дури и масло врз кремата. Тоа не значи дека млада личност која има сува кожа не може да го користи истото масло само заради тоа што е „наменето" за постара возраст.

    Ако чувствуваш дека ти се јавуваат брчки, тогаш можеш да вметнеш ретиноиди, инаку не мора. Не е штетно, но немаш потреба. А и како што кажав, прв производ против стареење секогаш е СПФ крема, со секојдневно (ре)аплицирање и користење на доволна количина. За да се осигураш дека ставаш доволно, може да ставаш два слоја со помала количина (пример, со количина што ја користиш за ставање хидратантна крема) или да ставиш (побогато, не две тенки линии) крема долж два прсти, и таа е количината што треба да ја искористиш за лице+врат. Поентата е дека треба да ставаш многу, повеќе од што ти изгледа нормално, и затоа важно е да си ја погодиш кремата која ќе ти го овозможи тоа. Ако е многу мрсна, ќе те „тера" да ставаш помалку и нема да го постигнеш СПФ кој е наведен, затоа што тој се постигнува ако ставиш доволна количина. Ова е причина зошто не можеш да се ослониш на пудри со СПФ.

    Излегов надвор од твоето прашање, но сметав дека ако сакаш да се фокусираш да го „подобриш" природното стареење, треба да го знаеш ова, затоа што е клучно. Може веќе и го знаеш, но ете, подобро да е така и да повториш, отколку никогаш да не слушнеш/дознаеш :D.
     
    На WhiteCat33, M.B., inception и 3 други им се допаѓа ова.
  19. valentina89

    valentina89 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Фала за инфромациите, доста работи не знаев се до овој момент! Дали можеби знаеш да ми препорачаш некаква добра СПФ крема за секојдневна употреба? Претпоставувам може да се нанесува под шминка.
     
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Немам толку многу пробано и не знам каков тип на кожа имаш, но мене најмногу ми се допаѓа од Frezyderm (SPF50+, има и со покривност). Има мат финиш и мислам дека им одговара на многу луѓе, иако мислам дека прочитав тука дека не им одговара на луѓе со мрсна кожа (јас имам нормална кон сува). Разгледај во темата Креми со заштитен фактор за лице.
     
    На valentina89 му/ѝ се допаѓа ова.