Денеска случајно налетав на една рецензија на серуми/крем витамин Ц. Во видеото таа бојаснива дека за да има подобра абсорпција на витамин Ц, ПХ вредноста треба да е помеѓу 2,5-3,5 и дополнително за подобар ефект пожелно е да содржи Витамин Е и ферулик ацид (незнам како да го преведам ова). Дали некој има слична информација и како би можеле да ја утврдиме ПХ вредноста (таа во видеото користеше лентички за мерење на ПХ вредноста на серумите/кремите кои ги рецензираше). @Biodevojka дали имаш сознанија за ова и што би посоветувала.
Здраво од 2,5 до 3,5 е многу ниска за домашна употреба на кожата. Во продажба обично одат од пХ 4 па нагоре. Ова е делумно точно затоа што зависи од типот на Ц вит. кој се користи. Ниската пХ вредност е добра за Ц вит. во чиста форма кој знаеме дека лесно оксидира и скоро никој не го користи. Стабилните форми имаат различна пХ вредност на пример содиум аскорбил фосфат има многу висока пХ вредност така да производите кои го содржат имаат некаде околу пХ6 (пред да се внесе Ц витаминот се спушта пХ вредноста затоа што растворен во вода пред да се внесе во кремот има пХ8. Пред да се внесе во формулата со помош на лактинска киселина се доведува на пХ6 и затоа и финалниот производ има пХ6). затоа велам дека зависи од форма до форма. Инаку вистина е дека кожата најголеми бенефиции има од чистата форма аскорбил фосфат којдоколку не ве мрзи да го подготвувате секоја вечер е бомба за нашата кожа. Кај мене на блог има и статија за домашен тоник со Ц витамин а имам направено и видео. Поздрав. п.с. витаминот Е го подобрува дејството на вит Ц односно подобро кажано е комплементираат. По употребата на Ц вит. најдобро е доколку користите крем или друг производ богат со вит. Е. на тој начин кожата извлекува максимум од антиоксидантното дејство на двата овие витамини кои се вистински антиоксиданси за нашата кожа.
Да тоа беа и нејзините коментари. Дека во воден раствор тешко се постигнува ниска пх. Рецензираше неколку производи, кои ге нема кај нас. Од она што нас би ни било достапно со ниска пх е The Ordinary vitanin C Suspension 23% + HA Spheres 2 и евентуално на неутрогена едни како ампули, ама и во нив не е воден раствор витамин Ц. Благодарам во секој случај, ме интересираше зошто не го знаев ова. Ќе го погледнам и тоникот со витамин Ц дали може би можела да го правам. Малку со време сум во трка па незнам колку би ми било изводливо.
Внимавај само на комплетната формула на овие серуми кои ми ги кажа. пХ вредноста не е најважна работа, многу е поважна меѓусебната комбинација со останатите состојки и присуство на додатни состојки кои не се добри за кожата. Инаку вит. Ц растворен во вода во основната форма дава многу ниска пХ вредност така да наместо да плаќаш многу пари за производ кој во никој случај не ја содржи основната форма (инаку би оксидирал веднаш) направи си сама. Се што е во продажба мора да биде на база на стабилна форма. Затоа ти велам најнапред види за која форма станува збор, кои други состојки ги содржи производот па сама реши што е правилно. Не е само да се задоволи еден аспек при одреден производ, треба да бидат задоволени повеќе фактори со цел истиот да функционира правилно и да биде компатибилен со кожата. Поздрав.
Декларацијата е одлична. Има доста хидратантно дејство. Saccharide Isomerate е всушност еден вид на дериват на шеќери и делува на тој начин што се “прикачува или спојува“ со одредени аминокиселини во кожата, и на тој начин помага во оддржувањето на правилната хидратација, односно го спречува прекумерното сушење на кожата. Потоа содржи хијалуронска киселина со дбе молекуларни вредности висока и ниска што е одлично за кожата и го подобрува хидратантниот ефект, содржи кавијар и мног убави екстракти. За возраст би рекла од 30 или 35 па нагоре.
Girls!!! Имам прашање дали ги имате пробано новите серуми од REVOX? Btw, имам 18 години и се прашувам дали е препорачливо нешто такво за мојата возраст?
Немам никаков пробел. Имам буквално многу чисто лице без митесери, пори или акни. Само за нега ми треба. До душа некогаш знае да ми биде сува на одредени делови 9или дехидрирано), не правам разлика помеѓу ови две хаха. Ама како што кажав тоа многу ретко.
Јас веќе 7,8 дена го користам серумот на Натура Сиберика, најмногу ми беше за хидратација на кожата и заштита од брчки. Кога го ставам на лице се затегнува малце кожата, веднаш потоа ставам крем на Натура Сиберика и овака супер лежи на кожата. Имам нормална до комбинирана кожа, ама нешто промени дека гледам на лицево искрено за овие дена не. Немам проблематично лице ама мислев ќе има некаква промена барем минимално нешто а може и рано е . Прв пат користам серум па искрено и не знам што би имало видлива промена
Зависи какви се твоите очекувања , овој серум е за превенција од брчки , ако веќе ги имаш не може да ги измазни а ако кожата е проблематична во однос на акни и сл , друг серум од НС има за таа намена
Немам брчки, а и не верувам да постои серум кој може да ги измазни. Ќе видиме после месец користење што ефект ќе има
Здраво @Biodevojka како да си го направиме сами серумот од Vit.C, и дали би можеле да ми предложите некој крем за прееемногу дехидрирана кожа , комбинирана кон мрсна , склона на акни (но не премногу) 28 год сум, моментално користам само пена на Афродита за чистење..Цената не ми е важна ..
Здраво драга за подготовка на Ц вит. повели статија и видео https://biodevojka.blogspot.com/2016/03/blog-post_4.html Како крем за лице еден од најдефикасните е на Др. Конопка за комбинирана до масна кожа, затоа што има најдобро хидратантно дејство. Кошта 370 мкд, а верувај вреди многу повеќе. Јас би ти препорачала да ја смениш пената со нешто поприродно и органско како на пример пената на Натура Сиберика за комбинирана до масна кожа која е фантастична и ќе се надополнува со кремот кој ти го препорачав. За било што слободно пиши. Поздрав.