А кој го зема? Па и понудава со кремата уште попривлечна ми изгледа. Мајка ми не користи ништо за лице ама затоа на тетка ми секогаш и земам по некоја крема, греота би било да се испушти акцијата Моментално ставам масло од роза она на Алверде, многу е убаво ама сакам и серумов да го пробам.
Го земав тој со А+Е+Ф витамини, тој најмногу ми фати око уште кога ги видов. Можеш да бираш меѓу него, тој со матични клетки од растенија и тој со арганово масло. Тие се за 25+. Еве ја понудата со крема, ама сега кога читам ми изгледа како да станува збор за две креми + серумот.
@sesilija благодарам одма отворив и јас на странава, ја најдов понудата и да не бев вратена пред малку од Центар мислам дека одма ќе отидев И мене ми изгледа ко да се две креми ама ќе те известам деновиве кога ќе го земам сетот, најдоцна понеделник.
Дечки бе тоа маслото како го нанесувате . Марама ај земи ти па после да семам и јас ако викате оти е добро.
Вo врскa сo серумите , јaс мoментaлнo гo кoристaм нa Estee Lauder Night repair, гo имaм некaде oд февруaри нo немaм ни негaтивен ни некoј пoзитивен кoментaр дa нaпишaм зa негo , дaли декa сум уште млaдa пa не гледaм некoјa прoменa нa лицевo, незнaм Истo не гo кoристaм честo сетумoв декa пoнекoгaш зaбoрaвaм
Девојки, го има ли некоја од вас користено серумот на Биодерма? Јас сум прилично задоволна од нивната линија па го меркам одамна
@MayDiamonds овој продукт на Биодерма е од линијата за adult acne. Содржи 15% гликолна киселина (АХА киселина) што значи дека има дермоабразивен ефект. Не се препорачува негова употреба во лето, поради (општо) поголемата изложеност на сонце со што се зголемува и веројатноста за создавање флеки на лицето. Ако имаш потреба од ваков продукт во овој период, користи крема за лице со висок заштитен фактор и избегнувај долготрајно изложување на сонце (на лицето). Но, ако бараш стандарден серум, ова не е тоа.
Коритсаки, со редовна употреба видлива промена можеш да забележиш во тенот, исчезнувањето на трагите од умор или недостаток на сон, еластичноста на кожата... Она што јас го забележав е тоа, мене ми исчезнаа темните кругови околу очите, серумот за околу очи од истата линија го користам веќе месец ипол, а серумов за лице го користев пред неколку месеци поинтензивно (наутро и навечер), а сега престанав да го ставам преку ден зошто од топлото време некако не си ја чувствувам удобно кожата со серум+крема+пудра и некако ко да ме гуши и да ми избива... Кожата ми е некако похидратирана, веќе не ставам керма за сува кожа, ставам за нормална. Немам суви делови, тенот ми е многу убав, нормален, црвенилата ми се минимизирани, а и сувите делови ми се исчезнати. Подочњаците минијатурни. Се чувствувам свежо едноставно, свежа ми е кожата, влажна, жива... До пред 2 месеци ја користев кремата на Есте Лаудер Значи позитивните ефекти може да се и од неа затоа што нуди неверојатна хидратација и ко некое разладувачко чувство ко да ти е навлажнета кожата цел ден, мириса убаво на краставичка. Меѓутоа последниве два месеци па користам од Биотен (од која не сум воопшто задоволна, инстант се упива и ко да не си ставил ништо, никаква хидратација). Што сепак мислам дека е до серумот, јас сум доста задоволна... Дали ти објаснија како треба да се нанесува? Јас го имам од 50мл и ни до пола не ми е потрошен.
Јас и онака мака мачам со акните, моментално лицето ми е смирено и имам само лузни.. Го користев кремот Себиум Глобал за акните ама веќе не ми е потребен и затоа помислив да се префрлам на серумот за да го одржам лицето во моменталната состојба затоа што ми е страв да не избијат повторно.. Но штом не е препорачлив за летен период, ако си поупатена за продуктите од оваа линија кој сериум би ми го препорачала?
Извини што доцнам со одговорот. Штом имаш проблематична кожа, веројатно би ти одговарал овој продукт (добар е за намалување на лузните од акни), но би ти препорачала консултација со дерматолог, затоа што сепак се работи за прилично специфичен производ, поради гликолната киселина што ја содржи. Ако решиш на своја рака да го користиш, нанесувај го само навечер, во рок од 4 седмици и биди внимателна со изложувањето на сонце - избегнувај ги најголемите жештини (кога е и најсилно сонцето), користи дневна крема за лице со висок SPF, а пожелно е носењето на капчиња или шешири (лицето да биде постојано во сенка). Ако се ова ти звучи како too much effort, подобро одложи го корисењето на серумов за есен - зима. Друг серум (што можеби би ти одговарал) на Bioderma e од Hydrabio линијата. Хипоалерген и некомедоген, наменет е за дехидрирана (и мрсната кожа може да биде дехидрирана како последица на агресивни продукти со алкохол) и чувствителна кожа. Разгледај, има доста рецензии на интернет, но пак ќе повторам, за кожа како твојата, консултација со дерматолог е препорачлива. Не го земај здраво за готово ниту мојот пост, ниту информаците на нет.
Еве од мене кратка рецензија за серумов од Oriflame: Прв пат користам серум за лице и да бидам искрена не знаев што да очекувам. На почетокот, првите недела - две не приметив некоја разлика и си викам за што ги дадов парите... и затоа сакав да го испробам подолг период да видам дали ќе приметам некоја промена. И да, слободно можам да кажам дека сум задоволна од серумов пошто откако го користам веќе некое време кожата значително помалку ми се мрси и посвежо изгледа. Пакувањето е со пумпица и тоа ептен ми се свиѓа, доволно е само еднаш да се стисне и излегува доволна количина за целото лице. Rebalancing Face Serum - самото име си кажува за каква намена е и мене лично ми се погоди, ми ја избалансира кожата како никоја крема до сега, а башка и мирисот го обожавам. Го препорачувам на сите што имаат комбинирана/мрсна кожа.
Ти благодарам премногу, инаку немам и баш некое позитивно искуство со дерматолозите.. Многу од продуктите кои тие ми ги препорачале не ми одговарале на мојата кожа и ми направиле контра ефект а многу од продуктите кои ми рекле да ги избегнувам баш позитивно ми се одразиле, затоа додека не пробам неможам да знам.. Секако сум во намера да продолжам со користење на продуктите на Биодерма и ќе ги пробам и двата серуми, еве сега за овој период ќе го пробам Хидрабио а тој на Себиум ќе го оставам за на есен. Фала ти уште еднаш
Девојки, го користам Аква серумот на Балеа може скоро една недела.Го употребувам само навечер, но приметувам дека после саат два, само носот ми светнува и тоа бајаги.Имам во принцип проблем со т зоната,но сеа ептен ми избива мрснотијата и прет поставувам дека е некаква реакција од серумот.Какви искуства имате вие со овој серум?
Избегнувај да го користиш навечер, можеби не ти прија така. Мене овој серум не ми е доволно хранлив и хидратантен за да го нанесувам навечер, па го употребувам единствено како подлога за течна пудра. Ми одговара со сите кои ги имам моментално, подобра подлога да барав немаше да најдам. Не е типичен серум, многу е водест и баш ме потсеќа на Eucerin Aquaporin Light кремата, со таа разлика што, Eucerin-от е малку похидратантен, затоа очигледно и цената му е доста повисока. Јас навечер нанесувам кокосово масло, а на областа околу очите стандард - околуочната крема на Балеа. Лицето не ми изгледало подобро ... не памтам од кога! Муабетот ми беше - пробај да му најдеш друга примена на серумот ако сметаш дека не ти одговара. И јас имам многу мрсна Т-зона и каква крема и да нанесам, наутро пак се будам со мрсно носе. Нормално е кожата да си лачи себум и во текот на ноќта, можеби и ќе се навикнеш со тек на време, ако не ти се јавуваат некои посериозни проблеми од него, мрсната Т-зона е мачкина кашлица. Баш пробај го како подлога за пудра, мислам дека веројатноста да ти се допадне повеќе е доста голема.
Јас дури и се зачудив колку ми се мрси носот, дури и повеќе ако во случај не се намачкам. Си викам ај додека да се навикне кожата, но си прави некоја реакција изгледа. Во принцип ми се свиѓа серумов, е сеа не чувстувам некое којзнае какво подобрување, но колку пари толку музика. Ќе го пробам и како подлога иако матирачката крема на Алверде одлично си ја врши работата. Ептен сум задоволна од кремава. Како и да е фала ти многу Мишела
Здрaвo. Имaм ,,мимички брчки/линии,, нa челoтo и пoкрaј устaтa нa oбрaзите. Дaли имa шaнси некoј oд серумиве дa пoмoгне зa 20-23гoдишни прoтив oние ,,рaни брчки,,?
@Biodevojka пaк јaс би сaкaлa дa ми кaжеш дaли oвoј серум спoред сoстaвoт мoжaм дa гo кoристaм јaс сo мoиве 25 гoд. Читaм декa пoмaгa при пoчетни брчки инaку зa oвoј серум се рaбoти Aqua**, Glycerin, Olus Oil, Dodecane, Ascorbyl Glucoside, Olea Europaea Fruit Oil*, Cetearyl Alcohol, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Ceteth-20 Phosphate, Solanum Lycopersicum Fruit/Leaf/Stem Extract, Ascorbyl Tetraisopalmitate, Punica Granatum Seed Oil*, Propolis Extract, Vaccinium Myrtillus Fruit/Leaf Extract, Olea Europaea Leaf* Extract, Rosa Moschata Seed Oil, Ubiquinone, Acer Saccharum Extract, Citrus Aurantium Dulcis Fruit Extract, Citrus Medica Limonum Fruit Extract, Sodium Hyaluronate Oligosaccharides, Arachis Hypogaea Oil, Cetyl Palmitate, Camellia Sinensis Leaf*, Saccharum Officinarum Extract, Aqua, Citrus Medica Limonum Peel Oil*, Citrus Aurantium Dulcis Peel Oil*, Citrus Aurantium Amara Flower Oil*, Rosa Damascena Flower Oil*, Potassium Hydroxide, Phenoxyethanol, Panthenol, Dicetyl Phosphate, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Sclerotium Gum, Caprylyl Glycol, Squalane, Sodium Citrate, Ethylhexylglycerin, Sodium Acrylates Copolymer, Alcohol, Bisabolol, Sodium Gluconate, Lecithin, Retinyl Palmitate, Sorbitan Palmitate, Sorbitan Olivate, Caprylic/Capric Triglyceride, Citric Acid, Pyridoxine HCL, Tocopheryl Acetate, Tocopherol, Diisopropyl Adipate, Hydroxypropyl Cyclodextrin, Parfum, Limonene, Geraniol, Citral, Citronellol, Linalool
Здраво драга Кортисаки, еве ти мое мислење за производот според декларацијата која ми ја постираше. Сакале да направат убав производ и во тоа ќе успееле да не го ставеле DODECANE на четврта позиција кој е нафтен дериват и може да предизвика доста проблеми со оглед на тоа што се става на лицето. Можеле слободно да го заменат со DECENE кој претставува замена за нафтените деривати и иако е од синтетичко потекло барем е покомпатибилно со кожата. Други две состојки кои не ми се допаѓаат се: Ceteth-20 Phosphate и PEG-40 кои се на повисоко место. Инаку имаат навистина прекрасни екстракти и масла па дури и Rosa Damascena Flower Oil која е навистина многу ценета како анти ејџ состојка и доста скапа особено ако е од органско потекло. Инаку како производ не би требало да масти со оглед на глицеринот на второ место, и брзо се впива во кожата. Содржи и Q10 во декларацијата ќе го најдеш како Ubiquinone и тоа го има во добар процент на средината на декларацијата, а ти си млада не знам дали уште од сега да го користиш. Ова беше моето мислење, оставам на тебе да одлучиш дали да го земеш. Поздрав
Биодевојка, читав позитивни работи за гелов од полжави. Би ценела доколку ги погледнеш останатите состојки. Зедов 3 паковања, двете планирав да ги поклонам за 40 и 60 год. особи. Се мислам за која кожа би било наједекватно, бидејќи сакав да задржам едно паковање.