Овој го користам колку толку ми ги избели темните кругови. Треба повеќе време и го користам четири пати неделно. Е сега користам и креми за очи на pulpe de vie ( сите ги има на сајтот на Белина ) за хидратација и брчки. Задоволна сум. @Pretty Woman
@GrimTheReaper за серум ќе продолжам тука. Од Estee Lauder Advance night repair го имам моментално и од него ставам, ма да немам некое посебно очекување , ептен нешто да помогне против први знаци на стареење
@pdb123 Го купив иначе серумот со ретинол. Сакав да те прашам дали смеам околу очи да го аплицирам, т.е само под очи, таму имам почетни брчки. Всушност се исплати вака, јас мислев секој ден дека треба да го ставаш, продавачката ме погледна чудно, не не не, два пати неделно максимум. Значи ќе ми трае со месеци. Веројатно доста е концентриран.
Смее да се користи околу очи, само треба да внимаваш, т.е. да следиш дали ти се воспалува кожата или не. Лошото кај таквите серуми е што не ја истакнуваат јачината на ретинолот експлицитно, па не знаеш колку користиш и како би напредувала, т.е. зголемувала концентрација. Што се однесува до тоа колку често да ја користиш, тоа никој не може да ти каже, сѐ зависи од толеранцијата на твојата кожа. Некој може секој ден би ја толерирал, а некој едвај еднаш седмично. Х пати седмично е скроз произволно, како некоја претпоставка дека толку е доста. Најдобро ќе ти каже реакцијата на твојата кожа.
Јас од мое искуство ќе ти кажам, немој на очите. И јас пробав, со истата намера за брчките околу очите, ама очите мислам ќе ми излезеа утрето. Башка крвави. Одвај ги оправив.
Од кој серум конкретно? Мислам кој бренд. Бидејќи сега читав дека го нанесувале и околу очи конкретно овој што го имам земено, дури имаше рецензии дека воопшто не иритирал. Не знам што да мислам. Немам на друго место, највеќе за тоа ми беше
Девојки, ве молам предлог за ноќен серум/крема за лице на исклучиво органска основа. Веќе извесен период го користам ноќниот серум на Dr. Hauschka, ама искрено многу е скап и веќе ми станува преголема инвестиција, иако како и целата нивна козметика е феноменален. Имам проблематична, чувствителна кожа, склона кон црвенило, мали акни и бубуљички (имам ПЦОС). Од брендови размислував нешто во насока на True Alchemy или Lavera. Ќе ја тагнам @Biodevojka како најупатена.
http://biodevojka.blogspot.com/2021/02/natura-siberica.html Тука има пишувано Биодевојка на нејзиниот блог за серумот
Здраво. Веќе неколку месеци користам серуми Вит.Ц и Хијалурон но сакам да ги сменам. Од нешта кои сакам да ги корегирам со серумот е секако да се намалат брчките, да се намалат порите кои мн ме нервираат и да се избелат флеките ( може чуда барам ама тоа е ). Да ми препорачате некој , без оглед на цената, ако се исплати спремна сум да инвестирам во некој добар. Пс. Гледам Еуцерин има некој хијалурон филер. Што е разлка меѓу серум и филер?