@pdb123 ќе може ли совет за серум,т.е препорака некоја за навечер пред ноќната крема? Почнав конечно ретинолот на ЕА да го користам, но со оглед дека имам осетлива кожа, го лимитирам на 2-3 пати неделно, ми е страв малце за повеќе. Е сега меѓувремено, тие денови кога не ставам, ми се создаде навика обавезно серум да нанесувам, ама не знам што да пробам и ми создава чувство како нешто да ми недостасува. Имам масно лице, со акни одамна не сум имала проблем, доста ми е смирено и чисто, што го контролирам со дневните продукти. Сега повеќе инсистирам на анти ајџ програма за навечер. Секој совет е добредојден
Пробај го тој на Ревокс со јапонска цреша, го фалат блогерките бил убав. Јас имав план да го земам но имам многу серуми.
Може ли салицилната на ревокс да ја сменам со азелаичната крема на true alchemy? Салицилната ја ставам само на брадата и носот 2 пати неделно.
Хм, па би ти рекла дека ако не чувствуваш конкретна потреба за нешто, тогаш реално и не мора да користиш. Но, ако сакаш нешто да ставаш денски, тогаш би ти препорачала витамин Ц, затоа што е покажано дека ѝ дава дополнителна заштита на СПФ кремата, т.е. ѝ потпомогнува. За најдобри резултати, барај концентрации меѓу 10 и 20% затоа што за нив е покажано тоа. Од друга страна, во зависност од формулацијата и твојата кожа, може да ти е тебе прејако тоа и можеш да пробаш и понизок процент. Јас сум го пробала витаминот Ц од REVOX (20%) и немам никаков проблем, многу ми се допаѓа и конзистенцијата. Се плашев дека брзо ќе оксидира затоа што така прочитав тука, ама немав таков проблем, добро го затворам и го чувам сосе паковката во фрижидер (се разградува под дејство на воздух, светлина и топлина). Друга опција ти е нијацинамид, кој е добар за обновување на бариерата, има исто антиоксидативно дејство, го контролира лачењето на себум (помага, не го спречува целосно) и има хидрирачко дејство. Исто го користам од REVOX, имаат слична конзистенција со витаминот Ц. Трета опција ти е да бараш серум со антиоксиданси, и тоа колку повеќе, толку подобро затоа што наводно постабилна е формулацијата, т.е. побавно оксидира. Можеш да го користиш на пример наместо витамин Ц или некоја друга варијанта да најдеш (витамин Ц наутро, антиоксидансите навечер кога не користиш ретинол). Во секој случај, добро е да имаш антиоксидант наутро, било дали единечен или микс од повеќе. Сами по себе не можат да ја заменат СПФ кремата, но можат да ѝ помогнат во борбата против слободните радикали. Не е грешка да го користиш и навечер (секогаш има слободни радикали, со самото живеење/функционирање на телото се создаваат слободни радикали), но наутро го имаш бонусот да се бориш против слободните радикали предизвикани од сонцето, кои се најодговорни за стареењето на кожата.
Се разбира дека можеш да ја смениш, но прашањето е што сакаш да постигнеш, т.е. зошто сакаш да ја смениш?
За црнки на носот и брадата и флеки. Имам и акни само пред циклус на брадата, често се поткожни и ми остануваат флеки. Салицилната досега супер се покажа, црнките ми среди одлично, не знам дали кремата би била подобра за акните.
Може ли да ми препорачате серум и крем на revox, имам акни и флеки, сува кожа , и дали се користат за секоја возраст (имам 18 години), прочитав дека го фалат овој на ревокс од цреша , ама незнам може ли препорака до сега не сум користела
Ако се црвени флеки (еритема), тогаш најефективни се ласери (кај дерматолози) или да почекаш да избледат. Јас користам повеќе производи за избелување, ама ниеден од нив не ми помогнал баш за нив, пак само од себе избледуваат. А за акни општо подобра е салицилната киселина. Ама не мора да биде или-или ситуацијата, може и двете да ги користиш наизменично.
да јас ги користам еве вече второ шише земав од салицилна од ниамицин има уште и сум презадоволна добро де покажаа ппонатаму планирам да ја земам хијалуронска киселина и имаше едно друго ама го заборавив како се вика мислеше на ревокс ли? ако да, зимај ги одма
Moze li da.mi.preporacate hidratantna krema.na revox ? Da , na.revox mislev. No dali se preporalicvi za 18 god vozrast I dali.odgovaraat na.sekpj tip.na.koza?
препорачливи се , но бидејќи ти имаш акни и флеки овие ќе ти помогнат но може да ти де јави црвенило од салицилната тоа ти најдобро ќе ди видиш ако ти одговоара коридти ја но ако имаш мрсна кожа со сигурност ќе ти одговара јас навечер ставам салицилна на чисто лице и откако ќе ја ставам салицилната ставам една крема здраве се вика и е со лесна форумула така пишува на кремата а кога ставам ниамицин тој го ставм преку ден и ставам крема на доктор конопка и сум презадоволна од неа
Ќе ти помогнат. Исто, само мал број на состојки се препорачуваат да се избегнуваат кај бебиња или бремени жени/доилки, инаку не се состојките толку ограничени по возраст. Поточно, сѐ можеш да користиш и на 18 и на 50 години, не е како да ќе се случи нешто лошо. На пример еве, салицилната може да ти е попотребна кога си млад, а кога си постар веројатно немаш акни, па немаш потреба да ја користиш. Или на пример ретиноиди, кога си млад (и ако немаш акни) немаш потреба, а кога си повозрасен сакаш да ги користиш заради анти-ејџ ефект. Тоа не значи дека кога би била 23 години и би користела ретиноид ќе ти „падне" лицето, т.е. ќе ти се уништи или ќе ти остари побрзо, туку едноставно имаш младолика кожа, па не ти треба „оживување", иако и ова зависи од личност до личност. Ти го кажувам ова за да не се плашиш да користиш производи, 95% не се ограничени по возраст. Дури и тие креми на кои пишува од која возраст да се користат не значи дека не може да ги користи помлада личност, туку можеби таа личност би немала потреба. На пример, како што старееш кожата најчесто станува посува и соодветно на тоа се користат потешки состојки за да помогнат за тоа, но таа иста крема можеби би била претешка за некој што има 18 години. Тоа е суштината, нема ништо друго посебно.
Fala ti za iscrpniot odgovor, no jas imam.suva koza mozam da gi kpristam? I voedno dali mozes da mi preporacas dobar krem za suva koza.I.hidratacija
Можеш да ги користиш, само салицилната може плус да ти ја суши кожата (сепак зависи од формулација, може и да не се случи тоа). За препораки за креми, најдобро е да видиш во темата за креми за лице.
Мене салицилната не ми ја исуши кожата баш напротив ама јас ја користев во комбинација со хујалуронската киселина и стриктно навечер секој ден. Значи не прескокнував ден и за месец дена ми се среди. Со едно шишенце ги средив акните. Но, тоа не значи ако кај мене толку и кај вас толку,се тоа зависи од проблематиката на кожата. Треба упорност и нега, не е само да шлапнете и толку. И после употребата на салицилната кожата си бара нега.