Најмногу ми одговара колекцијата на the ordinary но изгледа ми се презасити лицево. Ја сменив рутината, тоа што ми беше во am го сменив во pm и добитна комбинација имав Го пробав витамин Ц на Новаексперт и се воодушевив. Имав флека од акна и ми ја снемува полека,полека. Многу ми се допаѓа продуктот затоа што го изедначува и тенот на лицето.
Ако барате серум со салицилна киселина, имате моја препорака за серумот на True Alchemy. За многу кратко време ми ја исчисти кожата, порите ми беа видливо проширени околу носот и на брадата, со серумот е намалена нивната видливост за кратко време. Го користам во комбинација со нијацинамид преку ден, навечер после тонер на суво лице ставам серум со салицилна киселина, преку една вечер.
Подобро да го земеш овој, нема подобар верувај ми. Јас имав флека од акна и whiteheads и со овој ми ги снема речиси.
Овој серум треба ли некоја посебна рутина, или како и секој после серумот се нанесува хидратантна крема?
По серумот се нанесува крема, стандардно како и обична рутина. Само внимавај овие серуми имаат внатре и ретинол.
Ретинол за бремени и доилки не се препорачува никако. Многу не знаат за жал , и фирмата не го има објавено некаде , јас бев спремна да го земам ама видов @Biodevojka имаше пишано и секако се откажав. Исто е и со две од маските од оваа линија
Зошто во 2 различни DM - маркети не можев да најдам производи на True Alchemy? Во едниот имаше само 3 некои различни, во другиот немаше ништо. И, знае некој дали ќе има попуст на True Alchemy на Bellina?
Јас драга ретинолот воопшто не го сакам, а во последно време го промовираат како волшебна состојка за решавање на сите проблеми. Се мислам да направам една статија или видео специјално за тоа...
Јас едвај некако најдов тестери од серумот Витамин Ц10 на La roche posay кој го препорача @koritsaki . Го пробав и ми се допадна, одржува целодневна хидратација, не дозволува испливување на себумот на површина на кожата, ми помогна за whiteheads и за флеките од акни. Одлично се поклопи со кремата со спф на Лавера. Едина мана е што оксидира односно некако брзо ја менува бојата иако имам тестерче скоро две недели ( едно тестерче го користам две недели ) се познава дека ја менува бојата и му се губи ефектот малку од малку. Продуктот не е вооопшто ефтин, па ќе размислам дали ќе го купам. Повеќе сум за тој на Novexpert да го земам.
Што е толку лошо кај ретинолот, што не ти се допаѓа? Само што треба внимателно да се користи, и постепено да се вметнува во рутината, другото се само позитивни работи кога гледаме од аспект на брчки, акни и хиперпигментација.
Витамин Ц задолжително во фрижидер се чува. Чиста аскорбинска киселина секако максимум 3 месеци трае и тоа со чување во фрижидер. Ако не се чува во фрижидер, рокот на траење се намалува за половина.
Точно, во право си. Јас скоро месец и пол го имам а потемнето е во шишенцето па баш ќе го ставам во фрижидер и ќе го користам уште месец и пол... на самото шишенце пишува дека се употребува 2 м од отворањето.