Најдобро веднаш по купување стави го во фрижидер, без разлика дали ќе го отвориш тој ден, или за недела-две. Иако, не купувајте залихи, секако не траат многу. Најдобро ако купите, веднаш да почнете со употреба. На темава, на Geek&Gorgeous серумот со Витамин Ц го користам, презадоволна сум. Витамин Ц секогаш ставам после миење лице, на добро исушена кожа. Остатокот од рутината, тоници, останати серуми и сл. го нанесувам после 15-20 мин. од нанесување на Вит. Ц, откако ќе се стабилизира нормалната ПХ на кожата.
Eeeeej, a зошто ја мислев прво тоник па после серумот ВитЦ? Јас така правам, плус на мааааалку влажна кожа го ставам, така имам разбрано
Јас не користам тоник, мијам со гел, ставам витамин ц и после крема за лице. Ова наутро и баш убаво ми е.
Не, после тоник на малку влажна кожа само хијалуронска и нијацинамид се ставаат. Активни состојки како гликолна, млечна, манделична, салицилна, витамин Ц и сл. само на сува се ставаат.
На мојот niacinamide од Revox пишува да се става после миење, на исужена кожа... А, од совети што сум добивал, (веројатно лошо/грешно) имам разбрано дека Ц може да се стави на минимално влажна кожа. Добро тогаш, ајде да те послушам и да не ја правам веќе таа грешка. А, niacinamide може на исушена, не мора да е влажна, нели?
Јас пак секаде читам дека нијацинамид на полувлажна до влажна кожа се става. Јас секогаш веднаш после тоник го ставам и ептен ми е ок. На сува не ми ни иде некако.
Здраво драга, принципот на дејство врз кожата, ама за ова ќе направам поебна статија или видео за убаво да го објаснам.
Зависи од формата на Ц витамин која е употребена. Во козметиката обично е користат стабилни форми на Ц витамин: Sodium Ascorbyl Phosphate, Magnesium Ascorbyl Phosphate, Ascolbyl Palmitate, во чиста форма како L ascorbic acid скоро никогаш затоа што веднаш оксидира (дали еден ден може во фрижидер да издржи). Доколку се користат производи со стабилна форма, истите се трајни и нема потреба да се чуваат во фрижидер. Во случај производот да смени боја или мирис ведаш фрлајте го нема повеќе никакво корисно дејство врз кожата (обично станува жолтеникав производот).
Јас го почнав тој за кој те прашав во друга тема ама не се поднесува со Лавера кремата за лице со СПФ30 одма ја перути. Може треба обична да ставам со помал фактор. Иначе овој по боја е бел,млечно бел ама не е лошо вака ко за прв ден.
За чиста Л-аскорбинска киселина се работи. Останативе не би ги ни пробала пак, не даваат ефект. Инаку на самата веб страница на производителот пишува да се чува во фрижидер, плус рокот на траење му е точно три месеци од датум на производство. Имам и тестирано без да чувам во фрижидер, различни производители на Л-аскобинска во форма на серум и почнуваат да потемнуваат по две-три недели чување на собна температура.
Може ли да ми објасните постапката со нанесување на серум со витамин Ц, на што мислите постепено да се воведува? На пример со една, две капки на ден ли се почнува или? На мајка ми и земав, таа е осетлива на сонце, па да не направеме некоја утка Благодарам
Драга јас не би го користела. Чистата форма не е воопшто стабилна. Најдобро е да земеш чист Ц вит. во прав или како таблетки од 500 мг и сама да го правиш серумот (тоник) сама секојдневно мора да се прави. Инаку на производи од продажба во кои има чиста форма не им верувам. Ова е секако мое лично мислење. Ај постирај декларација да видам да не е случајно обложен Ц вит. со нешто за поголема издржливост на производот?
@Emy867 Прочитав во мислењата дека го користиш аргининиот, го гледав и јас, па сакам да те прашам, каква кожа имаш, за која намена го употребуваш и каков ефект има? Знам, многу прашања
Драга мене воопшто не ми се допаѓа. Вит, Ц не е стабилизиран со ништо. Ова секако е мое мислење, ти имаш право на избор. Поздравче.
Imam suva koza, serumot ja Revox- hijaluronska kiselija tesig da go stavam preku den samo navecer. Posle pocnav dva pati nedelno. Posle den os stavanjeto se na isto mesto mi se pojaviva vnatresna akna . iskustvo nekoj ?
Веројатно не ја користиш правилно. Хујалуронската киселина се нанесува на влажна кожа и е за хидратација, после неа се става крема.